Даjте сериозно... Ви недостига ли Jугославиjа?

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.857
Поени од реакции
17.588
Да. Е сега не сум живеел во тоа време за да знам како било. Ама моите родители и роднини велат дека било добро и не знам зошто би ме лажеле, еве и @Диле Јоргачев рече нешто на што му верувам. А дека границите и таа дружба ми фали и те како имам пријатели од сите екс ју земји исто така и роднини и единствен начин да се вратиме заедно е само ЕУ, а кога тоа ке се случи е прашање без одговор.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.847
Поени од реакции
50.224
Добро било во споредба со тоа што било претходно. Со малку визионерство и помалку малодушност можело да биде и подобро, ама тоа е сега. Сепак, ние сме се докопале некако до 40тина години раат, не ни се палеле села, не сме селеле во каравани, сме изградиле некакви институции и сме рипнале во писменост што е најважно.
Во Мини-шенгенот очекувам да е подобро.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Во СФРЈ имало некава сигурност.На пример се вработуваш во фабрика и од истата првец во пензија.Сега на пример знам љуѓе кој на свои 60 години остануваат без работа и?кој ќе ги прими кај ќе го бараат чарето?Иначе за пропусти да имало пропусти.ко на приомер преобемна администрација во самите фирми.Плус главната мотивација за да одиш на факултет беше-Учи за да не работиш.Таа парола се уште ги тера партиските војници да лепат плакати и да лапаат сендвичи по митинзи.Иначе како шо рече некој погоре СФРЈ им требала на запад поради движењето на неврзаните.Тампон зона мегу СССР и западот.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.326
Поени од реакции
7.076
Screenshot_20210411_201446.jpg . Една од причините поради која е растурена Југославија, конкурентноста на западната воена машинерија во продажба на оруже и опрема........ Толкав извоз да имаш од разни стоки, услуги во градежништво, техника, технологија, вооружување од тип на авиони и тенкови - некој очигледно ве лаже за долговите и одржливоста на тоа општество
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.540
Во СФРЈ имало некава сигурност.На пример се вработуваш во фабрика и од истата првец во пензија.Сега на пример знам љуѓе кој на свои 60 години остануваат без работа и?кој ќе ги прими кај ќе го бараат чарето?Иначе за пропусти да имало пропусти.ко на приомер преобемна администрација во самите фирми.Плус главната мотивација за да одиш на факултет беше-Учи за да не работиш.Таа парола се уште ги тера партиските војници да лепат плакати и да лапаат сендвичи по митинзи.Иначе како шо рече некој погоре СФРЈ им требала на запад поради движењето на неврзаните.Тампон зона мегу СССР и западот.
Како тоа Југославија била тампон? Немало никаков тампон меѓу НАТО и Варшавски пакт, имаа долга копнена граница меѓу себе. Плановите на СССР и Варшавски пакт за ковенционален судир секогаш биле да се стигне до Рајна што побрзо и да се оневозможи формирање на одбрамбена линија зад таква природна препрека, "Седум дена до Рајна" преку преминот Фулда со маса тенкови и моторизирана пешадија подржувана од авијација.

Прегледај го приврзокот 291677. Една од причините поради која е растурена Југославија, конкурентноста на западната воена машинерија во продажба на оруже и опрема........ Толкав извоз да имаш од разни стоки, услуги во градежништво, техника, технологија, вооружување од тип на авиони и тенкови - некој очигледно ве лаже за долговите и одржливоста на тоа општество
Настрана тоа што Југославија и ден денес би имала смисла во економски и цивилизациски смисол (примери Германија и Италија), ова што си го постирал е еден од митовите кои пливаат наоколу а тоа е воениот аспект. М-84 е само модернизирана варијанта на советскиот Т-72, односно прилагодена на Ју-услови или за потреба на странски клиенти, како во случајот Кувајт (филтри за песок и остало).
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.326
Поени од реакции
7.076
Како тоа Југославија била тампон? Немало никаков тампон меѓу НАТО и Варшавски пакт, имаа долга копнена граница меѓу себе. Плановите на СССР и Варшавски пакт за ковенционален судир секогаш биле да се стигне до Рајна што побрзо и да се оневозможи формирање на одбрамбена линија зад таква природна препрека, "Седум дена до Рајна" преку преминот Фулда со маса тенкови и моторизирана пешадија подржувана од авијација.

Настрана тоа што Југославија и ден денес би имала смисла во економски и цивилизациски смисол (примери Германија и Италија), ова што си го постирал е еден од митовите кои пливаат наоколу а тоа е воениот аспект. М-84 е само модернизирана варијанта на советскиот Т-72, односно прилагодена на Ју-услови или за потреба на странски клиенти, како во случајот Кувајт (филтри за песок и остало).
Митови се митови, а реалност е дека југословенски тенкови, млазни авиони, пешадиско вооружување од пушки, митралези и снајпери сеуште се во служба на армиите од третиот свет, што би било денес, колку билиони ќе носеше југословенската воена индустрија?? сигурно ќе одземеше голем дел од колачот на американците...... Иначе да, м84 е доразвиен т72 со мислам поголем топ, подобар оклоп и други функционални додатоци, па американците уште ги летаат и ќе ги летаат ф-15 кои нон стоп ги модернизираат и апдејтираат - најдобриот ловец досега измислен...... Југославија сакаше западот од 45та да ја растури подджувајќи ги квислинзите кои пребегаа на запад, има сведоштва како се фаќани од удба тие што се уфрлале преку граница или од море со нивно намамување преку радио врски и уфрлање луѓе во нивни редови итн итн сепак југословенските народи добија признанија од секаде на светот поради антифашистичката борба, големата жртва и пожртвуваност, поради реките крв за слобода, поради отворениот втор фронт на балканот и задржувањето на дивизии војска над 200 000 германци и опрема кои би јуришале на москва наместо да се зафатат на балканот...... Држава која створи и конституира народи, а денес сме обични лепешкари за подбив и потсмев во светот, народи искористени за правење профит на западот наместо искористување на потенцијалот и ресурсите за изградба на СВОЈА
 
Заборави бродови и подморници.
Истиот топ е на М-84 и Т-72. Ништо посебно не бил М-84 кој бил уништуван во Вуковар со рачни фрлачи иако тоа зборува повеќе за начинот на употреба отколку за квалитетот на самиот тенк.
Она што би било оригинал југословенски проект е Вихор, тенк од 50-тина тони со уште помала силуета од М-84, побрз и со сличен оклоп и топ. Прототипот бил во фаза на развој пред распадот. Хрватите 90-ти развија М-95 Дегман на база на М-84 но немаа пари за сериско производство.

Нешто слично бил Нови Авион, односно Рафал за сиромашни, ловец од 4.генерација кој требало да биде пред се извозна машина бидејќи настанал како одговор на потребите на Југо авијација и сите тие од неврзани и тречи свет кои морале да ги менуваат старите МиГ-21 и Ф-5, добра идеја но и тука распадот стави крст на сето тоа.

Дека Југославија ја распаднале пошто извезувала многу оружје е несериозна теза. Исто не е сериозно да се зема западот како причина за распад. Имаш документарци и рекламни филмови од САД и ОК кои ја величаат Југославија. Огромен дел од Југо-оружената индустрија се базирала на западни лиценци. Орао летал на британски мотори со француска авионика. Исто и Галеб, Јастреб и Супер Галеб. Француска Газела била најмасовен хеликоптер во ЈНА произведуван во СОКО Мостар по лиценца.
Амерички ТВ наведувани проектили Маверик биле навелико увезувани. Шведски најмодерни против-бродски ракети, западни радари, средства за врски и што све не.

Ако ти кажам дека во еден момент во почеток на 60-ти Југославија имала 90% америчко и западно вооружување можеби би се шокирал.

Југа била во добри односи со запад. Пример со Германија имале договор за вработување на југословенски граѓани, замисли завод за невработени праќал луѓе во немачка за работа.

Причините за распадот се УДБА, КОС, ЈНА, разни академии на науки и медиуми кои започнале да шират национализам и омраза. Републичките партиски водачи започнале да се гледаат себеси како лидери на независни држави во кои со приватизација и остали ситуации има да се натоварат со пари, нешто кое системот на СФРЈ им го оневозможувал.
Автоматски споено мислење:

Албанците кои го донесоа од Арабија вирусот одбиле да се вакцинираат првично.
Ангажирале војска веднаш, при вакцинирањето на тие краишта и вакцинирањето течело без проблем.
Џемаил Максут беше Пациентот Нула :)
 
D

Deleted member 12196

Гостин

Ако западот не ги наоружаше Словенија и Хрватска, тие немаа сили ни храброст за отцепување.
Национализмот, посебно омразата меѓу Србите и Хрватите (Хрватите беа чекор напред) постоеше отсекогаш. Усташите на запад, со амин на тамошните влади цело време коваа планови за независна Хрватска. Според мене за распадот најголема вина има западот.

Договорот со Германија беше дел од воената оштета која требаше да ја платат. Најдоа соломонско решение: ќе ви простиме дел од долгот, ама затоа ќе примате наши работници.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
^Перфидна Србијанска пропаганда.
Фино лепо си ја окупира баграта на Слобо 30% од Хрватска со тенковите и останатото оружје од ЈНА, која патем ја користеа без согласност од Претседателството. Богиќ Богиќевиќ(претставник oд БиХ) иако Србин не даде согласност за вондредна состојба заедно со членовите на претседателството од: МКД, ХРВ и СЛО, со што пропадна обидот на баграта на Слобо да на законски начин ја користи ЈНА. Да не напоменувам дека претходно со притисок и повторно без согласност на федералното Претседателство(како што законски беше уредено) си ги смени раководствата на автономните покраини(Војводина и Косово) кои исто така носеа по 1 глас, што беше битно за да можат да ја контролираат ЈНА. После тоа Словенците сфатија колку е часот и немаше назад. Нормално не се будали, да 100% од моќта му ја дадат на Слобо, па јасно беше како ден што следи.
Нејсе, назад на темата. Хрватите после окупацијата ан нивните територии од Србите(демек глумеа бранители на СФРЈ), немаа никакво оружје освен нешто ситно украдено од касарните. После тоа имаше план Z-4 или како и да се викаше за автономна покраина во рамките на Р.Хрватска, зад која стоеше ВБ и западот. Ни тоа на баграта на Слобо не и одговараше, туку одеше на припојување на територии. Тек после Хрватската дијаспора почнува да се спрема за Олуја и Блијесак, кои следат после 2-3 годишна окупација ако не грешам. Истото може да се каже и за БиХ. Не му ја нацрта западот картата од голема Србија на Слобо, туку тој и неговите пулени мислеа го украдовме цело оружје и не може нам нико ништа, јачи смо од судбине. Затоа на крајот на сиот тој национализам и великосрбијанство завршија и без дел од својата територија, а можеа да бидат многу, многу поголем фактор ден денес. Не ги тераше западот да вршат геноцид во Сребреница, да напаѓаат конвои на ОН и окупираат туѓи територии. Тука за БиХ и Хрватите не се чисти, но далеку помалку од Слобо.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.496
Поени од реакции
18.170
Не сум ја живеел Југославија за да ми фали, но кога би ги споредил овие наши полтрони властодршци, па и сите балкански - со Тито, и тоа што го направил со Сталин, посебно ако се земат условите во кои тоа се случувало, послевојна Европа каде страв и трепет била славната Црвена Армија... нема што повеќе да се каже. Можеби бил луд и се коцкал со судбината на 20 милиони народ, али врз основа на тоа изградил политика која е тешко достижна и во светски рамки.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.821

Така е буразеру. Плитичарите и анал-итичарите јадат разно разни гована за Тито, како бил диктатор и сл. затоа што во тоа време немаше ајдуци како нив. Немаше кој да манипулира со народо како сега. Платата на радничка класа беше малку помала од онаа на директорите и докторите. Немаше криминал, освен разбира се ситни вагабонди без кои не бива ниедно маало,
немаше сиромашна раја, не се собираа донации за некој да се оперира у странство итн.
Немаше технолошки играчки , имаше радост, среќа. А сега? Сега со сите технолошкми играчки не само шо немаме радост , туку се давеме од омраза. Омраза коа се дирекно оцртува на социјалните мрежи, а надвор у живо ја маскираме.....
...Ал сам се распишо буразери. Бек ту ријалити. :kafence:
 
SNM

Член од
19 август 2020
Мислења
564
Поени од реакции
1.336
Договорот со Германија беше дел од воената оштета која требаше да ја платат. Најдоа соломонско решение: ќе ви простиме дел од долгот, ама затоа ќе примате наши работници.
Баjки. По капитулацијата на Германија, големите сили видоа дека таа не може да ги задоволи сите нацистички злосторства. Тие одлучија кому што да дадат. Што им должат Германците на Турците што од таму зедоа толку многу гастарбајтери?
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.540
Ако западот не ги наоружаше Словенија и Хрватска, тие немаа сили ни храброст за отцепување.
Национализмот, посебно омразата меѓу Србите и Хрватите (Хрватите беа чекор напред) постоеше отсекогаш. Усташите на запад, со амин на тамошните влади цело време коваа планови за независна Хрватска. Според мене за распадот најголема вина има западот.

Договорот со Германија беше дел од воената оштета која требаше да ја платат. Најдоа соломонско решение: ќе ви простиме дел од долгот, ама затоа ќе примате наши работници.
Западот не само што не ги наоружа Словенија и Хрватска туку им удри ембарго на увоз на оружје. Значи во тек на одбрана од ЈНА и четнички паравојски западот става ембарго на сите земји произлезени од екс-југа на увоз на оружје со што де-факто им помага на четниците!
Најголем дел од вооружувањто им беше од републичко ТО, локална полиција и запленети касарни и складови низ нивна територија. Освен тоа, навелико шверцале од Унгарија и нешто од Русија и Украина. Испод санкции чак успеаа да увезат од Русија Ми-24 а од Украина МиГ-21 кои подоцна ќе ги употребат во Олуја и Блијесак. Види "Битка за касарне" на пример.
Кои тоа оружја им биле западни?! Ако постоеле би сакал да знам.

Западот давал лиценци и отварал фабрики низ Југа, па така во Сарајево имаш Фолксваген, но не како сега за мотање кабли со плати од 250-300 евра него сериозни плати на ниво на држава и со добри услови за работа. Ситроен, Остин и Пух во Копер, Рено во Ново Место, Опел во Кикинда.
ЈАТ располагал со 100% западни авиони и бил прилично царска авиокомпанија со 40-50 активни летала во еден момент.

Југо-пасошот имал јак статус во однос на западни земји што покрај друго резултирало со привремени и трајни иселувања, но без разлика, слободата да се патува била голема. Па РМ 1991-2011 беше во тотално визно гето, срам и беда за западот со таков однос.
Имаше едно видео спедијално направено за западни туристи кои со возила ја посетуваат Југа, од север на Словенија до Гевгелија, не можам да го најдам во моментов, ако го најдам ќе го постирам.

Иако социјалистичка земја, на неколку наврати се воделе преговори за членство на Југа во ЕУ.
Каков интерес би имал запад за распад на Југа?
Интересот за распад се криел дома, кај споменатите структури, нешто слично како СССР, каде што политичката елита стана и економска па сега имаме мултимилионери кои потекнуваат од тајните служби на екс-државата.
Едноставно, на УДБА и остали, гледајќи како се живее по запад, им станало јасно дека со постоење на Југа никогаш нема да бидат милионери. Финансиските амбиции на шака политичари, обавештајци, високи офицери, медиуми и делумно учени лица од академии беа причина за распадот.

И покрај популарното мислење, Југа не била многу задолжена. Денешните наследнички имаат 14 пати поголеми долгови остварени за двојно помалку време него што тоа го направила Југа.
И тоа пази, Југа се задолжувала за монументални проекти како што се електрификација на цела држава, телеком за цела држава, патна инфраструктура, аеродроми во секоја република, пристаништа и докови, железница, настрана школи, факсови, болници, амбуланти.
Тек потоа доаѓа наука и иновација и све по ред.

Во 1989 СОКО имал проект за Хеликоптер кој би ги заменил газелите со тек на време, феноменално летало кое при испитувања на модел во воздушен тунел давала резултати за брзина од 435км/ч што е за 30км/ч побрзо од светскиот рекорд на франко-британскиот Линкс.

Но мора да се напомене чирот врз југословенското општество а тоа ЈНА, црна дупка во која се вложувале манијакално големи пари наместо да се реформира во далеку помала високо мобилна профи армија поддржана со се повеќе опрема од домашно потекло, како Вихор, Нови Авион, Супер Галеб, Ласта, Кобац, подморниците Лора, корветите Петар Крешимир, фрегатите како оние што ги извозеле за Ирак и Индонезија итн.

И покрај неефикасноста на реалниот самоуправен социјализам, морало и требало да се најде начин за реформи кои нема да доведат до богатење на 1% паразити на сметка на сите останати. За жал тоа не се случило.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Точно така,лесно вооружени со самострели и ловечки пушки поради ембаргото за оружје,30.000 Словенски територијалци ја поразија 4тата по вооружување армија во Европа за само 10 дена
 
Kajgana Shop

На врв Bottom