Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
95% od mrtvive od ovaj pik se pocinati vo bolnicki uslovi. strasno se namaleni brojkite na smrtni slucaevi so korona bidejki skoro site umiraat vo infektivno oddelenija i covid centri.
 
Сакам да кажам дека претходно не беа претворени цели клиники во места за лекување на ковид пацинети. Основната бројка на починати од корона е таа.

Плус, ако веќе сакате да ги рачунате и починатите некорона пациенти, тогаш веројатно на дневно ниво имаме вкупно троцифрен број мртви.
Па ако се е ковид центар кај починуваат некоронашите? Да погодам? Во ковид центритеее.
 
Нормално дека не се веродостојни. Параноици и хипохондрици до максимум, али неможеш да ги окривуваш бидејки денешниот модерен западен свет се нема соочено со ваква ситуација од толкави размери.

Еден мал милион војни и вонредни ситуации многу посериозни од оваа се дешавале низ светот, траеле со години, па сеа единствени податоци за нив може да се најдат во учебниците по историја.

Замисли како им било на тие шо ја проживеале WW2 цели 6 години, а не биле на фронт. Рестрикции со основни намирници до максимум, беда и очај на секое ќоше, страв по својот живот секојдневно, а на тоа додај ја и глувата доба каде информацијата стигала дури после неколку недели па и месеци. Од самата помисла ми се одзимаат нозете, камоли да преживееш вакво нешто.
WW2 не ја споредувај со ништо. Тоа е вонреден настан во историски рамки.

Сите војни во историјата на светот имаат заедно помалку мртви од Прва Светска.
Втора има повеќе од Прва.
Шесте најсмртоносни последователни години од Црната Чума во Среден век (наполеоновите војни или било кои шест последователни години во историјата), имаат доста помалку мртви од шесте години на Втора Светска.
 
Последно уредено:
Не требаше овој пат да воведуваат мерки требаше да остават и ништо да не чепкаат...ќе се забрзаше патот кон колективен имунитет и плус ќе имаше помалку души за вакцинирање.

Вака само се одложува неизбежното.
 
Од историјата учиме, нели?

Мислам дека нема дилема кога е во прашање ВСВ. Всушност пандемијата не е ниту приближно блиску до трагедијата од ВСВ, во која животот го загубиле околу 60 милиони и многу градови биле срамнети со земја. Но, конкретната пандемија досега уби 3,018,082 и затвори огромни делови од глобалната економија. Тоа не е ниту малку наивно и според сите стандарди претставува глобална катастрофа. Глобалните проблеми, бараат глобално внимание.

Мислам, дефинитивно ВСВ била подеструктивна, ама не ми е океј паралелата со вирусот. Вирусот не е идеологија, пологично е да правиме споредба со претходните пандемии.
 
Не требаше овој пат да воведуваат мерки требаше да остават и ништо да не чепкаат...ќе се забрзаше патот кон колективен имунитет и плус ќе имаше помалку души за вакцинирање.

Вака само се одложува неизбежното.
Забораваш дека колективниот имунитет има рок на траење, на жалост, така да врти сучи, мора да не боцкаат, сакале или нејќеле, притиснати сме уза зид..или немоќни сме било што да превземеме.
 
Пред некој ден се тестирав за антитела SARS COV 2 RBD (Receptor-Binding Domain) IgG ми е 3,59 (позитивен) Вирусот го прележав јули-август 2020 некој кој малку повеќе се разбира дали имам доволно антитела или не ?
 
...да, во ред нека боцкаат, ама со што, вакцина против сезонски грип за наредна сезона ќе одберат 3,4 вируси доминантни и ќе направат вакцина од тие соеви, затоа што вирусот мутира на две три години, а овде мутира месечно со толку појавени соеви и истите моментално присутни и измешани низ цел свет, колку вакцини треба во една една година? десет ли ?
 
На другар што беше да мери, му рекоа - све што е над 1 - е добро.
Е сега, што точно значи тоа, не знам.
 
Забораваш дека колективниот имунитет има рок на траење, на жалост, така да врти сучи, мора да не боцкаат, сакале или нејќеле, притиснати сме уза зид..или немоќни сме било што да превземеме.

Без разлика на нивото на антитела...реинфекцијата е ретка работа, според израелска студија 1 во 1000.
 
...да, во ред нека боцкаат, ама со што, вакцина против сезонски грип за наредна сезона ќе одберат 3,4 вируси доминантни и ќе направат вакцина од тие соеви, затоа што вирусот мутира на две три години, а овде мутира месечно со толку појавени соеви и истите моментално присутни и измешани низ цел свет, колку вакцини треба во една една година? десет ли ?
не, само со една вакцина, за грип нема да се вакцинираме повеќе.
Автоматски споено мислење:

Без разлика на нивото на антитела...реинфекцијата е ретка работа, според израелска студија 1 во 1000.
Па ако е ретка работа реинфекцијата, што не малтретираат пак со носење маски и држење на дистанца?
 
WW2 не ја споредувај со ништо. Тоа е вонреден настан во историски рамки.

Сите војни во историјата на светот имаат заедно помалку мртви од Прва Светска.
Втора има повеќе од Прва.
Шесте најсмртоносни последователни години од Црната Чума во Среден век (наполеоновите војни или било кои шест последователни години во историјата), имаат доста помалку мртви од шесте години на Втора Светска.
Слободно нека споредува.

Проценката за САД е дека за време на WW2 губат ~420 000 лица во период од 1941-1945. За една година како последица од ковид имаат изгубено ~580 000 жители. Еден куршум не е испукан.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom