Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Ај да видиме, многу најави има за вакцини до крајот од месецов. Или поточно:
  • 200.000 Кинески
  • 78.000 АЗ(ова веројатно од Ковакс е, но не сум сигурен)
  • 20.000 Фајзер
  • 25.000 од ЕУ
Или вкупно 323.000 дози.
Ако грешам некаде исправете ме, но мислам дека точни се бројкиве кои ги најавуваат. Е сега, ако пристигне олкав број само месецов јасно е дека до крајот на летото би требало да успееме да ги набавиме тие 900.000 потребни дози кои би ни дале имунитет(барем од овој Британски сој). Дали ќе успее кампањата за вакцинација е веќе сосема друга борба, но барем од некаде да тргнеме.
 
Веќе кажаа дека овие од ЕУ ќе стигнат во Мај. Кинеските 28 април, лесно може да се лизнат у мај и тие.
Автоматски споено мислење:

Тромбоза од АЗ се јавува на еден на милион кај генерална популација. Кај жени помлади од 40 години, процентот е неколку пати поголем.
И ова испадна да не е точно ко што читам. Нема препорака мажи/жени никаде, исти биле ризиците. Само повеќе вакцинирани жени имало.
Еве ви подетално, кој сака да си пресмета cost benefit анализа :icon_lol:
Ние сме моментално вториот график, средна изложеност.
 
Бележиме пад на новозаразени, дали на лудилото му се гледа крајот ? Со оглед на тоа што секој втор беше заразен можно е да стигниме до тој колективен имунитет ?
 
не
 
на колку испитани паднале новозаразените, на ист број ли?
 
Мене пак ме плаши да не станеме ние Бразил на Балканот. Ги гледав сликите од таму и страшно е за гледање. Не можат да постигнат само гробови да ископаат. Инаку минатата недела почина еден мој познаник и бев изненаден искрено. Човекот беше спортист и немал никакви здравствени проблеми, а за два дена ја загубил битката со вирусов.
 
Ќе биде заебано за Велигден. Ако не затворат со полициски час- психози и хистерии, ако не пуштат да се распрскаме по Охриди, Дојрани, дворови, роднини , ќе го рашириме уште толку.
 
Бележиме пад на новозаразени, дали на лудилото му се гледа крајот ? Со оглед на тоа што секој втор беше заразен можно е да стигниме до тој колективен имунитет ?

Еве графички приказ.

Screenshot_2.png
 
Бележиме пад на новозаразени, дали на лудилото му се гледа крајот ? Со оглед на тоа што секој втор беше заразен можно е да стигниме до тој колективен имунитет ?
Можеме ако вакцинираме уште 500.000 луѓе непрележани. Ако не ќе имаме уште неколку бранови дури да се стигне до тие 75-80 посто заразени кои се потребни за колективен имунитет.
 
Ќе биде заебано за Велигден. Ако не затворат со полициски час- психози и хистерии, ако не пуштат да се распрскаме по Охриди, Дојрани, дворови, роднини , ќе го рашириме уште толку.
Нема да не затворат, ќе си продолжат со овие мерки до Велигден ама тотален карантин не верувам.
Автоматски споено мислење:

Можеме ако вакцинираме уште 500.000 луѓе непрележани. Ако не ќе имаме уште неколку бранови дури да се стигне до тие 75-80 посто заразени кои се потребни за колективен имунитет.
Колку мислиш дека е процентот на заразени до сега ? Од официјалната бројка поголем е со сигурност бројот, со оглед на тоа што не се тестираат оние кои имаат контакт со заразено лице, дури и тие со лесни симптоми се лечеа дома ни тест ни бутур.
Познавам многу лица кои направија тест за антитела и испадна дека ги имаат а претходно не направиле тест за корона.
 
Нема да не затворат, ќе си продолжат со овие мерки до Велигден ама тотален карантин не верувам.
Автоматски споено мислење:

Колку мислиш дека е процентот на заразени до сега ? Од официјалната бројка поголем е со сигурност бројот, со оглед на тоа што не се тестираат оние кои имаат контакт со заразено лице, дури и тие со лесни симптоми се лечеа дома ни тест ни бутур.
Познавам многу лица кои направија тест за антитела и испадна дека ги имаат а претходно не направиле тест за корона.
Има доста што беа позитивни на ПЦР, а реално не беа болни. Максимум 2-3 над пријавените според мене.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom