Без да помисли некој дека сакам да терам некоја контра у оваа ситуација , ама мое мислење е дека Кизиќ беше реално преценет како екстра талент !!!
Уште една варијанта на Талески и слични македонски “таленти” кои ни се гледаат екстра талентирани и надарени , а реално не се ништо особено.
Дечкото доби шанса само на основа на тоа што Гедбан и Кугис беа дрва , шансите што ги имаше оваа година ич ама ич не ги оправда , така да тоа е тоа . Томовски е Штербик за него и реално е да си останеше ќе беше трета опција и оваа година после Кантрагел и Томовски .
Дај боже да сум грешка и дечкото да успее да се наметне и у Еурокрем и у репрезентација
Хахахаха, сакав и јас да пишам, ама ај викам да не испаднам хејтер. Кој сака нека се наврати наназад на моите постови, ќе види дека веќе некое време коментирам дека дечкото е преценет. И други членови на форумот го делеа тоа мислење ко што памтам. Можеби и ние имавме преголеми очекувања.
Веројатно сме сентиментално врзани со Кизиќ, бидејќи го следиме со години. Кога како огромен талент влета во првиот тим. И за жал остана вечити талент ко Тале, со тоа што вториов бар напраи трансфер во Рајн Некар (свака част на менаџерот негов).
Годинава имаше по некоја добра утакмица, се друго просек. Ич не беше константен. Профил на типичен македонски голман. Да не збориме какви пацерски голови примаше. Бркање муви.
Па дури и лани покрај Гедбан и Кугис, беше повеќе експониран заради тоа што добиваше повеќе шанса. Па и малион Гогов имаше некои ок утакмици лани кога ќе видиш.
Мое мислење е дека не губиме ништо, времето ќе покаже дал сум во право.
Во секој случај, нека му е со среќа, нека го служи здравјето и нека го достигне тоа што го очекувавме. Репрезентацијата ќе има корист секако.