Не бе, нема појако од она кога глуп штабски потрчко се обидува да му објасни на нормален паметен човек дека е во право и дека паметниот е тој што ништо не сфаќа
Ај со ред:
1. Зошто во ни една друга земја не се евидентираат нивните иселеници? Ниту онака, а не па на попис, нешто што е официјален акт за пребројување на
населението во државата. Не мора ни да одиме некаде подалеку за држави како Турција, Италија и Израел кои имаат ОГРОМНА дијаспора, еве останатите балкански земји (Србија, Хрватска, Албанија, БиХ) сите имаат голема дијаспора низ светот. Зошто на нивни пописи не ја бројат таа дијаспора? Демек затоа што во Германија се бројат? Веќе те побија со оваа теорија, ти извадија статистика од Австрија, а еве ти и
линк од Германска статистика каде што имаат заведено 115 илјади жители со потекло од Македонија.
линк до википедија
И пак главното прашање е ЗОШТО да ги евидентираме оние што живеат надвор? Зошто ни една друга држава не ги евидентира? Еве Албанија, Ерменија, Словенија, земји со приближна популација како нас, со дијаспори - НЕ ја попишуваат на попис. Зошто е тоа така? За што ќе ни служи податокот дека надвор од Македонија живеат на пример 1 милион Македонци. За мерење курови? Да кажеме на светот "видете колку нè има"?
2. Дали знаеш дека попис е задолжителна работа? МОРА да се пребројат сите жители, во спротивно пописот не е успешен и нема поента. Зошто тогаш за дијаспората не е задолжителен? Што ќе се случува со оние што не се попишале, ќе ги казнат парично? Ќе им забранат да влезат пак во државава?
И пак прашањето, што ни менува нас дали ќе се попишат 100 илјади или 1 милион иселеници? Знаеш ли ти воопшто која е поентата на попис?
Значи, ти сакаш да нè убедиш дека е потребно броење на дијаспората. Јас ти поставувам легитимни прашања кои што ако сакаш да ни докажеш дека си во право - ќе ги одговориш со леснотија, така?