Заедничко возење тури - договарајте се тука

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Многу ќе ми биде по угорниците за второ возење сезонава :( Инаку радо би :)
Може и друга дестинација нее проблем, пошо зза сега сам возам и барам друштво.
 
Некој што бил СК-БТ да пише?

Ми треба повеќе инфо. Ако има некој рута и да спомне за елевација каде е најтешко, дека со компакт и 25-кава позади нема да ми биде сеедно. Дали е возможно во еден ден да се извози до таму и назад и притоа да имам барем саат-два за шетање, или да ја цепкам на два дена-едниот за враќање? Каде на друго место да се сврти освен Широк Сокак?
 
До Битола и назад во еден ден само со роуд додека со МТБ или Хибрид е скоро невозможна мисија освен ако не е од најлесните карбонски па да извадиш просек 23 до 24 без времето за паузи.Со роуд е проблем што за да не изгубиш време по стариот пат за велешко таа делница да ја поминеш по автопат па потоа да се спуштиш и продолжиш по стариот пат за Градско.Главен превој ти е Плетвар каде натаму имаш околу 26км искачување додека за назад се околу 10км.Потоа спрема Битола е рамен патот со многу минимална елевација која и не се приметува.
 
Како е во споредба патот од кај Мермерното езеро? Гледам дека е скоро ист во елевација. Пред делницата за Богомила, од Извор па се до Прилеп?
 
Дервен избегни го по секоја цена ако сакаш надворешните гуми да си ги сочуваш.Се е песок а од страната на Извор оштри ситни камења што оштетуваат гуми.Еднаш возев од Прилеп до Извор и никогаш повеќе.На предната надворешна ми се појави дупка и морав дома да ја сменам.Далеку подобра варијанта ти е после Богомила пред Нежилово лево нагоре и имаш околу 5км неасвалтиран пат а после се е асвалт.
 
Значи Плетвар. Дозволено е од таму со точак? Колку проценти беше успонот? Каде по пат можам да наполнам вода пред Плетвар?
За колку време би се извозел патот до таму?
 
Дозволено е, успонот е околу 7% во вториот дел а вода можеш да наполниш кај ресторанот од десна страна пред врвот.Со МТБ нормално возење од центар на Скопје до Плетвар е околу 8 часа а со роуд 25% пократко време.
 
Nekoj za do vodno,guranje do vrv,pa nadole spustame crvenata,penzija...?
 
Има некој за вожња сабајле околу 5:30-6? Накај Петровец, Марков Манастир или можда Радуша?
 
Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom