Ако западот не ги наоружаше Словенија и Хрватска, тие немаа сили ни храброст за отцепување.
Национализмот, посебно омразата меѓу Србите и Хрватите (Хрватите беа чекор напред) постоеше отсекогаш. Усташите на запад, со амин на тамошните влади цело време коваа планови за независна Хрватска. Според мене за распадот најголема вина има западот.
Договорот со Германија беше дел од воената оштета која требаше да ја платат. Најдоа соломонско решение: ќе ви простиме дел од долгот, ама затоа ќе примате наши работници.
Западот не само што не ги наоружа Словенија и Хрватска туку им удри ембарго на увоз на оружје. Значи во тек на одбрана од ЈНА и четнички паравојски западот става ембарго на сите земји произлезени од екс-југа на увоз на оружје со што де-факто им помага на четниците!
Најголем дел од вооружувањто им беше од републичко ТО, локална полиција и запленети касарни и складови низ нивна територија. Освен тоа, навелико шверцале од Унгарија и нешто од Русија и Украина. Испод санкции чак успеаа да увезат од Русија Ми-24 а од Украина МиГ-21 кои подоцна ќе ги употребат во Олуја и Блијесак. Види "Битка за касарне" на пример.
Кои тоа оружја им биле западни?! Ако постоеле би сакал да знам.
Западот давал лиценци и отварал фабрики низ Југа, па така во Сарајево имаш Фолксваген, но не како сега за мотање кабли со плати од 250-300 евра него сериозни плати на ниво на држава и со добри услови за работа. Ситроен, Остин и Пух во Копер, Рено во Ново Место, Опел во Кикинда.
ЈАТ располагал со 100% западни авиони и бил прилично царска авиокомпанија со 40-50 активни летала во еден момент.
Југо-пасошот имал јак статус во однос на западни земји што покрај друго резултирало со привремени и трајни иселувања, но без разлика, слободата да се патува била голема. Па РМ 1991-2011 беше во тотално визно гето, срам и беда за западот со таков однос.
Имаше едно видео спедијално направено за западни туристи кои со возила ја посетуваат Југа, од север на Словенија до Гевгелија, не можам да го најдам во моментов, ако го најдам ќе го постирам.
Иако социјалистичка земја, на неколку наврати се воделе преговори за членство на Југа во ЕУ.
Каков интерес би имал запад за распад на Југа?
Интересот за распад се криел дома, кај споменатите структури, нешто слично како СССР, каде што политичката елита стана и економска па сега имаме мултимилионери кои потекнуваат од тајните служби на екс-државата.
Едноставно, на УДБА и остали, гледајќи како се живее по запад, им станало јасно дека со постоење на Југа никогаш нема да бидат милионери. Финансиските амбиции на шака политичари, обавештајци, високи офицери, медиуми и делумно учени лица од академии беа причина за распадот.
И покрај популарното мислење, Југа не била многу задолжена. Денешните наследнички имаат 14 пати поголеми долгови остварени за двојно помалку време него што тоа го направила Југа.
И тоа пази, Југа се задолжувала за монументални проекти како што се електрификација на цела држава, телеком за цела држава, патна инфраструктура, аеродроми во секоја република, пристаништа и докови, железница, настрана школи, факсови, болници, амбуланти.
Тек потоа доаѓа наука и иновација и све по ред.
Во 1989 СОКО имал проект за Хеликоптер кој би ги заменил газелите со тек на време, феноменално летало кое при испитувања на модел во воздушен тунел давала резултати за брзина од 435км/ч што е за 30км/ч побрзо од светскиот рекорд на франко-британскиот Линкс.
Но мора да се напомене чирот врз југословенското општество а тоа ЈНА, црна дупка во која се вложувале манијакално големи пари наместо да се реформира во далеку помала високо мобилна профи армија поддржана со се повеќе опрема од домашно потекло, како Вихор, Нови Авион, Супер Галеб, Ласта, Кобац, подморниците Лора, корветите Петар Крешимир, фрегатите како оние што ги извозеле за Ирак и Индонезија итн.
И покрај неефикасноста на реалниот самоуправен социјализам, морало и требало да се најде начин за реформи кои нема да доведат до богатење на 1% паразити на сметка на сите останати. За жал тоа не се случило.