Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
13 август 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
2.036
...никој се уште не знае, вакцините би биле личен бенефит, а не на околината, но допрва ќе видиме последиците и како делуваат „вакцините“, но засега се знае, дека со вакцинирањето можеш повторно да се инфицираш, можеш да го пренесеш вирусот, но може да поминеш полесно дури асимптоматски, но може да поминеш и полошо и без да се инфицираш со вирусот да се направи автоимуна реакција на префорсиран имунолошки одговор или при инфицирање да имуниот систем проптеретен од нонстоп создавање на антитела од протеинот со генетски материјал внесен вештачки во нас кој може нонстоп да се реплицира и да го зеза имуниот систем нонстоп, тоа се све претпоставки што ќе бидат утврдени сега по ова масовно вакцинирање на популацијата!
ќе се следат овие четири работи кои за жал сеуште ги нема „ковид вакцините“:
- дали предизвикува многу потентни реакции на неутрализирачки антитела против широк спектар на вирусни соеви или не!
- дали дава целосна заштита од инфекција и пренесување на вирусот или не!
- дали се безбедни со тоа што нема да предизвикаат никакви антитела кои ја зголемуваат инфекцијата или штетни имунолошки или воспалителни реакции при самото вакцинирање или при контакт со вирусот,
- дали телото ќе биде експониран на нонстоп производство на антитела поради присуството на генетскиот материјал „протеинот“ што е копија на коронавирус без присутво на инфекција без истиот да се „исклучи“ поради постојано реплицирање на тој генетски материјал од клетка во клетка, се додека не дојде „вистинскиот вирус“ и да го инфицира телото, а антителата да го препознае вирусот и тогаш да се активира, нешто во тој смисол,
Се трудиш да најдеш нешто корисно, но со пасте на толку лош гугл транслејт, се ти паѓа у вода. Ти не знаеш што е поентата на тоа што го постираш, а очекуваш оваа ......маса тука нешто да разбере ??
- дали предизвикува многу потентни реакции на неутрализирачки антитела ?? што е ова, пробај барем да преправиш, вака само се бламираш.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398

...па нормално дека се трудам да најдам нешто корисно, не ги правам јас клиничките студии ниту пак сум тука форумски вработена да ги преведувам толку точно сите клинички студии додека сите вие стерилно само ќе поставите линк од странските портали, а јас треба да преведувам, јас не приметив да некој толку профи преведува линк што ќе го постави, само ќе го постави на англиски и толку,
,, ...An ideal SARS vaccine should
1) elicit highly potent neutralizing antibody responses against a broad spectrum of viral strains;
2) induce protection against infection and transmission; and
3) be safe by not inducing any infection-enhancing antibodies or harmful immune or inflammatory responses...,,
а пошто ти мене не ме читаш ниту ме следиш не знам зошто си загрижен за мојот гугл транслејт, затоа што целиот текст така го претрчав на гугл, ама оригиналниот линк го поставив за тие што наоѓаат мана на слободен израз, а не да ја сфатат глобално суштината, ќе се фатат за голема буква, точка, збор таков, ваков тоа не е неспособност на тој што го пишува, туку на тој што ќе чита, сигурно на англиски ќе му биде ептен јасно, демек,
...сум се бламирала? Бог да чува, форум е ова, за сите пали вади муабет и писание, а јас мора лектор да земам за да пишам тука пост, да не би се бламирала! :facepalm:
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Вакцинацијата, самиот процес на примање, е одлично организиран во Србија (па и кај нас), само затоа што е одличен пи-ар момент под рефлектори на медиумите. Немајте дилема.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Инаку пикот изгледа го поминавме. Последните 7 дена сме со процент заразени-тестирани од 22% до 29%. Претходно бевме 2-3 недели со над 30%. Но, не како што кажа г-дин Филипче заради мерки, туку заради мајка природа. Сега ќе следи стабилизирање до септември-октомври. Клучно е дотогаш да се набават уште 900.000 вакцини за да се стигне до таа бројка 500.000 вакцинирани, која се проценува дека ќе ни даде колективен имунитет. 80К веќе имаме набавено, а и околу 10.000 се вакцинираа во Србија, што значи имаме моментално вакцини за 50.000 души.
Ај да видиме простациве дали барем 500.000 ќе набават и што е исто битно дали ќе им успее кампањата за вакцинација за да имаме некој си поблаг бран наесен.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
14.890
Поени од реакции
16.203

Абе види, не го оправдувам јас Филипче, тој веќе неколку месеци изгуби компас ама да не се лажиме, на оние секојдневни бројки, ако ги оставеа и угостителските објекти да работат ќе беше пепел.

Инаку многу кластери има и по фирмите, неправилно носење маски, нехигиена, криење контакти со заразени, одење на работа и покрај тоа шо имаат симптоми и муабети од типот, "абе алергијата ми е, сега од поленот" Тука не е крив ни Филипче ни никој, народот е несовесен, зборам за овие со симптоми шо се а кријат.
За се друго треба да поднесат одговорност надлежните.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Да не направија он-лајн школо да биде, сега ќе беше далеку повесело.
 
Нула прогрес се постигна за падов зашто пред 5 дена ги затворија кафиќите. Не можеме ние(народот) да почитуваме, а државата не може да контролира дали се спроведуваат мерките. Све е оставено на индивидуата и така требаше да остане и со кафиќите и кладилниците, а посебно е смешен тајмингот. Кога сите се испозаразија и веќе го поминавме пикот ќе ги затворале кафиќите. Смешки.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.733
Поени од реакции
7.545
...а дополнително ќе се има проблем од носењето на заштитна маска на отворено кога се движи телото и плуќата се шири, наместо слободно да се диши затната ни' е устата и носот,
Го испушти моментот каде што цела претходна година ја поминавме со маски. На отворено и на затворено. 0 починати како резултат на носење маски. 0 разболени како последица од истото. Напротив, лицата кои се алергични на полен поминаа полесно бидејќи носеа маски на отворено.
Автоматски споено мислење:

Да не направија он-лајн школо да биде, сега ќе беше далеку повесело.
Дефинитивно. Тек, ако објават просек колку заразени деца имало во паралелките од февруари до април.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Нула прогрес се постигна за падов зашто пред 5 дена ги затворија кафиќите. Не можеме ние(народот) да почитуваме, а државата не може да контролира дали се спроведуваат мерките. Све е оставено на индивидуата и така требаше да остане и со кафиќите и кладилниците, а посебно е смешен тајмингот. Кога сите се испозаразија и веќе го поминавме пикот ќе ги затворале кафиќите. Смешки.
Не можеа они у тој период да затвораат, кога беше најоптимално да почнат да затвораат.
Тогаш идеше кампања за попис.
Автоматски споено мислење:

Моментално, ова е најголемиот проблем на министерството за здравство - морално банкротираната ВМРО ДПМНЕ, која губи гласачаи со секоја секунда, што мисли за вакцинацијата. Ова првин нека го средат, па после друго.

Член од
5 март 2018
Мислења
14.890
Поени од реакции
16.203
Нула прогрес се постигна за падов зашто пред 5 дена ги затворија кафиќите. Не можеме ние(народот) да почитуваме, а државата не може да контролира дали се спроведуваат мерките. Све е оставено на индивидуата и така требаше да остане и со кафиќите и кладилниците, а посебно е смешен тајмингот. Кога сите се испозаразија и веќе го поминавме пикот ќе ги затворале кафиќите. Смешки.
Не не, јас викам подобро шо ги затворија оти можеше уште полоши бројки да имаме, инаку за резултат, доволно е шо се е затворено и нема да се шири дополнително вирусот, гарант ќе продолжат и до Велигден со мерките. Мерките се закаснети тоа е факт, овие мерки требаше пред да букни пикот да се донесат.
 
Член од
9 април 2007
Мислења
1.265
Поени од реакции
964
Не не, јас викам подобро шо ги затворија оти можеше уште полоши бројки да имаме, инаку за резултат, доволно е шо се е затворено и нема да се шири дополнително вирусот, гарант ќе продолжат и до Велигден со мерките. Мерките се закаснети тоа е факт, овие мерки требаше пред да букни пикот да се донесат.
Братко кај мене у маало овие 2 дена паркчето никогаш не било по пуно. Едниот ден буквално 14 души имаа формирано глутница и пиеа пиво џган еден до друг.

Полиција немаше ни за лек а обично секој ден шетаат фул. Така да некако ко да некој сака обратно да постигне.
Just saying...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom