santelli
IP
- Член од
- 15 јануари 2008
- Мислења
- 5.041
- Поени од реакции
- 12.034
Специфична кинематографија за широка популација Филмов не е непознат, прво поради специфичниот наслов: Шунка, шункаJamón, Jamón (1992)
IMDb вели - Кога една мајка нема да ја одобри љубовницата на нејзиниот син, таа ќе ангажира модел на долна облека и поранешен борец со бикови за да ја заведе истата.
IMDb дава скромна 6.4, но ако прашате просечен Шпанец тој веднаш би дал 9ка.
Зошто филмот кој се смета за култен во Шпанија врви толку неразбрано меѓу интернационалната публика?
Би можел комплетно да го раскажам и кога би го гледале пак не би ви било криво. Зошто? Прво и најважно - филмот спаѓа во жанрот Фарса, а не Драма, Романса, Комедија како што навеле на филмскиот сајт. Тоа значи дека нема поента да барате значење или скриени пораки во филмот, што за мене беше многу освежувачки за промена. Седнуваш да гледаш филм во кој дејството не прави апсолутно, воопшто, буквално, на микро и на макро ниво, ама баш никаква смисла. Никој не може да ти го расипе со спојлери, затоа што истиот не може да биде расипен. Има изобилство од секс.
Јас имам впечаток дека секогаш постоела тивка војна и докажување помеѓу Бигас Луна и Педро Алмодовар.
Имаше неколку добри филмови во период од неколку години и од едниот и од другиот. Многу подобро помина Women on the verge of a nervous breakdown од Алмодовар...
Имаат сериозно добри филмови и омилени актери кои се провлекуваат низ повеќе филмови.