Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

Беа испитани временски промени во стапката на смртност од причини што не се КОВИД-19 (на пример, Алцхајмерова болест / деменција, срцеви заболувања, дијабетес и 9 други групирани причини; види Додаток). Податоците ги вклучуваа сите смртни случаи во кои не-КОВИД-19 состојби беа наведени како основна причина за смртта (потенцијално вклучително и смртни случаи за кои КОВИД-19 беше причина што придонесува) Верзијата 4.8.0.1 на програмата за регресија на Joinpoint (филијала за статистички истражувања и апликации, Национален институт за рак) беше искористена за да се наведат неделите (точки на приклучување) кога се менуваа падините (мерено со годишната процентна промена [APC]) и нивното статистичко значење (двострано тест, .05 праг).

Вишокот смртни случаи кои не се припишуваат на КОВИД-19 може да рефлектираат или непосредна или одложена смртност од недокументирана инфекција со КОВИД-19 или смртни случаи на не-КОВИД-19 секундарни на пандемијата, како на пример од одложена грижа или здравствени кризи во однесувањето. Стапките на смртност од неколку болести кои не се КОВИД-19 (на пример, срцеви заболувања, Алцхајмерова болест) се зголемија за време на бранови. Моделот не се прилагодува директно на стареењето на населението, што може да придонесе за прецена на вишокот смртни случаи. Другите ограничувања на студијата вклучуваат потпирање на привремени податоци, неточни уверенија за смрт и претпоставки за моделирање.
( помогна чичо Гугл)
 
апс, блујат корона намерно, не почитуваат мерки
Кај нас полицијата е релативно смирена и културна. Секој што ќе нема маска е предупреден да ја стави или е казнет. Нема вакви влечења по улици, плус и казната е парична (20 евра).

Дали луѓето имаат право на протест, да речеме да го изразат незадоволството против лошото менаџирање и со министерството за здравство и со Ковид ситуацијата во државава? Како во протест се задржува социјалната дистанца?

Дали луѓето имаат право на став, на пример да ја искажат загриженоста за вакцината?
 
Не ми е јасно, кога веќе се прави градација по приоритетност, како тоа полицијата и војската се ставени на врвот приоритетни професии кои што треба први да ја примат вакцината, а на таа листа не е на пример касиерката од локалниот супермаркет, која што на дневна основа е во контакт со 100-200 купувачи. Нели на почетокот кога се романтизираа професиите и светот им се клањаше во знак на благодарност, им црташе мурали каде што беа претставувани со херојски наметки, рамо до рамо со здравствените работници беа глорифицирани и продавачите, онаа ниска социјално опресирана каста?

Вака ако продолжиме да добиваме вакцини по систем капка по капка, сиромаштијата ќе треба да чека последна во редот, додека не се вакцинираат први буџетарите, партиските полтрони, оние со врски и подлабок џеб. А во реалноста последиците од пандемијата, и здравствено и економски, во најголема мера паднаа врз грбот на онаа категорија работници кои што спаѓаат во најдолната граница по обем на примања.
 
Брат, не е време за протести, како не разбирате. Вие не можете да ги прифатите околностите во кои се наоѓаме како прво. Што даље од тоа? Не можете да поштовате едноставни правила за да преживеете ебаго.
Дружбата не е најбитна, најбитно е здравјето.
 
Кругот може да трае уште неколку години со мутација по мутација. Зошто да не се протестира? Денес опозицијата протестираше пред министерство за здравство.

Единствената мерка која не ја почитувам е носење на маска кога сум сам. Најчесто сум низ природа, но и низ населба не носам маска затоа што нема потреба. Живо пиле нема.

Инаку и Гаргамел кога беше премиер се возеше во хеликоптер. Колкави уши има, можеше слободно сам да полета и лета.
 
Требаше само да излезе народот и да даде доверба на некој што троа подобро ќе изменаџираше, ама јбг суета и простотилак....сите биле исти, па ај нека си останат овие, арно ама сега ќе го јадеме курот.
А кого ќе поставеше? Не гледам еден штп е способен у мк за такво нешто. Не сум сдсмовец пред да шлапнеш етикета. Само ме интересира

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: k3b
А кого ќе поставеше? Не гледам еден штп е способен у мк за такво нешто. Не сум сдсмовец пред да шлапнеш етикета. Само ме интересира

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
У право си, нека умираат луѓе.....сигурно бетер ќе било.
 
Др Лилјана Стевчева, доктор на науки по Имунологија, докторирала на Австралиски Национален Универзитет, повеќе од 20 години е специјалист за вирусни инфекции, работела како редовен професор на Харвард и е член на Њујоршката Академија на науки.

Се за вакцините со еден ваков врвен стручњак.

Еден период и јас одев на работа во време на корона, па не излагав на кафиња на пауза и не јадев во група од 10 души, нит па спојував три коњопоја за да седнеме 6 души. Доаѓав, сработував, ако требаше со некој нешто да се разберам исклучиво со маска и на метро од мене минимум. И да, ако у фирма, во затворена канцеларија, не ви обезбедуваат дистанца, ќе зеам сам ќе си направам или не доаѓам на работа.

Не е тоа фрустрирачки, фрустрирачка е неодговорноста и примерот кој се дава на оние кои имаат шанса да го закачат.
работата е кафанскиот бизнис навива за групирање- консумација на пијалоци.. Инаку РАБОТА има, ама не им се работи, спремање и достава на готова храна за по дома...
Значи бираат работа
И не само сега со короната, па и пред Короната...
Не знам само дали има во свет држава да помага такви што бираат работа. За твои пари тој ти командува што да јадеш, нон стоп нема одредени работи, ама не зголемува од тие туку форсира други.... сите бараат брза лова и мајмунлуци... им фали времето со свадбарскиот бизнис, пола храна што ќе остане по маси правеа поховани кашкавалчиња и друго.... што викаше еден , зошто на свадба никој не прифаќа Риба да служи, па од тоа што ќе остане може само да ја фрли, не може ништо друго да направи и протури
 
Не ми е јасно, кога веќе се прави градација по приоритетност, како тоа полицијата и војската се ставени на врвот приоритетни професии кои што треба први да ја примат вакцината, а на таа листа не е на пример касиерката од локалниот супермаркет, која што на дневна основа е во контакт со 100-200 купувачи. Нели на почетокот кога се романтизираа професиите и светот им се клањаше во знак на благодарност, им црташе мурали каде што беа претставувани со херојски наметки, рамо до рамо со здравствените работници беа глорифицирани и продавачите, онаа ниска социјално опресирана каста?

Вака ако продолжиме да добиваме вакцини по систем капка по капка, сиромаштијата ќе треба да чека последна во редот, додека не се вакцинираат први буџетарите, партиските полтрони, оние со врски и подлабок џеб. А во реалноста последиците од пандемијата, и здравствено и економски, во најголема мера паднаа врз грбот на онаа категорија работници кои што спаѓаат во најдолната граница по обем на примања.

Луда држава, како и се друго административците ги фаворизираат пред обичниот народ. Се знае како треба да оди приоритетноста, единствено и први здравствените лица па потоа по години и оние со болести. Вака со сегашниов план ќе вакцинираат 20-30 годишни луѓе во топ форма по администрација, војска, полиција а луѓе со некакви болести и оние повозрасни ќе си чекаат неспособниот Филипче и Заев да набават вакцини т.е да чекаат донација
 
Дечки што се случува после примање на вакцина да направиш тест за корона, по дифолт ќе биде позитивен?
Хипотетичко прашање..
 
Дечки што се случува после примање на вакцина да направиш тест за корона, по дифолт ќе биде позитивен?
Ако си позитивен треба да одиш во изолација..направи тест за антитела.
 
У право си, нека умираат луѓе.....сигурно бетер ќе било.
А баш ме интересира како ќе направеше помалце луѓе да умрат од ковидот. Многу настрадаа од премали капацитети на болници, тоа значи дека треба да се ресетираме 20 години наназад и да се запрашаме зашто Македонија нема болнички капацитети, зашто од Битола мора да се носат во Скопје место таму да има исто голем клинички, зошто од Куманово идат сите на преглед у Скопје место да се инвестирало на време да се прошири болницата и да се модернизира.

Збориш за нешто што е резултат на долг период негрижа, овие направија катастрофални грешки у поглед на двојни аршини и рестрикции без смисла ама другото е резултат на системска неспособност на "лидерите" од осамостојувањето на државата. Ништо не е бело ни ништо не е црно не може да се носат заклучоци од ракав истресени него мора подлабоко да се погледне во проблемите.
Автоматски споено мислење:

Ако си позитивен треба да одиш во изолација..направи тест за антитела.
Скроз го утна одговорот, едно му беше прашањето ти друго му одговори.

Он/а праша дали ако примиш вакцина и правиш ПЦР ќе си позитивен на ковид дури "да го прележиш"
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom