Македонска фудбалска репрезентација

Член од
17 мај 2016
Мислења
3.675
Поени од реакции
4.154

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.029
Поени од реакции
7.131
Искрено никогаш не верував дека ќе дојдеме до ова лудило на спортски план што ни се случува со репрезентацииве во последнатa година дена, искрено ми беше криво што најголемиот спортски успех на макспортот беше титулата во ЛШ на Вардар успех на кој не може и нема како да се радувам, нема како клуб што го мразам и кој ми е ривал, со кој цело време се натпреварувам и посакувам да нижи неуспеси против мојот и осанатите тимови во нашата лига, да му се радувам на успехот кога станува број 1 во Европа, едноставно е лицемерно кога некого мразиш го мразиш постојано нема тоа, го мразам ама ете во ЛШ ја бранеле Македонија и ќе навивам за нив како 90 % од неписмената популација во државата, да не сум комплексаш честитав на оние кој искрено се радуваа на тој успех од срце, бидејќи е нивен затоа што живеат и навиват за клубот 24/365, додека јас си го мразам на тој принцип и да играт уште пет финалиња ЛШ пак ќе сум против нив, едноставно неможе нешто кое го мразиш да го засакаш па пак да го мразиш, никогаш не ми било јасно како тоа функционира, но истворемено тоа не значи дека не треба да подадеш рака и да им честиташ на оние кои живеат и се радуваат на тој успех и беа среќни до небесата.

И ете дојде оваа година во која успеси се нижат како на филмска лента, се радуваш и тие убаво на душата, можеме да збориме колку сакаме но од споредните работи во светот ништо ама апсолутно ништо не може толку да те израдува како спортот и успехот на твојата земја во него.

Многу читам за тоа кој пеел химна, етничка припадност на играчите, што ме иритира веќе, ете јас сум имал таа привлегија да се родам по крв како Македонец и со национална свест таква, но дали во целиот живот ќе допринесам толку за Македонија како Македонец како што тоа го направија овој период Адеми, Муслиу, Барди, Елмас , Алиоски и толку куданиот Бејтулаи.

Денес бидејќи таква ми е работата цел ден низ град, секаде каде што денес стапна моја нога имаше само насмеани лица , луѓето се среќни и горди по победата вчера, луѓе кои од фудбал само знаат што е фудбалска топка и оти се игра со 11 играчи денес ликуваа, сакаа да зборуваат за фудбал, низ луѓето се гледаше само позитивна енергија, секој само те прашауваше дали гледаше, колку сме биле јаки ,како Германците ни симнале шапка и покажале респект кон нашата држава и репрезентација, нема досадни теми за корона, безпарица, исплашени лица, само позитива од сите страни, кога мојава мајка која воопшто не прати спорт и никогаш не и било јасно зошто јас сум толку луд по него , денес ми се јави на телефон и се радува за успехот, па и да се извини дека ми замерила што дома сум направил Бангладеш, што повеќе.

Она што е најголемата лекција што треба да ја научиме од фудбалската репрезентација како животна школа за сите нас, кога оние кои се најквалитетни како поединци се на заслужните места, кога сите ќе си ја сакаме државата како своја без разлика на нашата етничка припадност, кога ќе даваме се од себеси и повеќе од тоа за неа, успесите ќе дојдат самите по себе, ќе живееме среќно, ќе напредуваме како држава и ќе сме горди на тоа, иако се сомневам дека тоа некогаш ќе го научиме, убаво е да сонуваш дека може тоа што го имаме во фудбалската репрезентација да го имаме и како општество во државата.

За вакви денови луѓе вреди да се живее !
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.119
Поени од реакции
3.887
Не е шега, уште стои Германија - Македонија 1-2. :icon_mrgr:
Секоја чест за утакмицата и за гинењето на терен. Тактички многу зрело и паметно одиграно. Можат и уште подобро да изиграат од ова и мило ми е дека една голема екипа е победена конечно и тоа на нивен терен.
Ова е наш најдобар старт во првите 3 утакмици. Обично освојуваме 4 бода на почеток кога играме генерално солидно. Сега имаме 6 и тоа со одиграни две гостински утакмици против, на хартија, најтешките противници. Може и до трета победа во наредно коло против Ерменија. Нема да биде лесно тоа, со оглед на тоа каков дивјачки фудбал негуваат (очекувам пенал да ни свирнат против нив) и пресингот нивен не ни одговара баш. Наредниот балон натпревари пак ќе биде напорен. Дома, па гости дури на Исланд, и дома пак.
Добра увертира беше ова за ЕП. Нашата форма дури мислам и е на повисоко ниво од таа на сите наши противници (Холандија се мачеше со Летонија, па и со Гибралтар дури цело прво полувреме, Украина нерешено со Казахстан дома) и се надевам така ќе биде и летово.

Андора-Македонија 1:0 2004
Германија-Македонија 1:2 2021
Каде бевме,каде стигнавме
Тогаш и ок тим имавме. Тоа во Андора што се случи не можам да го разберам (2-2 имаа со Холандија 4 дена претходно).


Доволно е да се видат квалификациите за ЕП 2016. Петарда од Шпанија, па едвај победа во последна минута против Луксембург дома, па серија од 7 официјални порази и едно неинвентивно 0-0 на крај на гости во Белорусија (не им се играше сигурно ни на Белорусите тогаш). Тоа беа 4 бода.
 

Лорд Бејлиш

Доктор по фудбал
Член од
4 февруари 2021
Мислења
20
Поени од реакции
30
Инзвонреден перформанс, зрелиот карактер на сите 3 утакмици вроди со огромни 6 бода. Круцијална победа над Германија за уште поголеми шанси за тоа толку посакувано 2ро(а зошто да не и 1во :icon_lol:) место.
Околу изведбата и индексот можам да кажам од свое видување тактички ги надигравме во секој поглед. Јасна и истрајна беше намерата уште од првата секунда се до самиот крај. Висока поставеност на раздалеченост со ништо повеќе од 25-30 метра(помеѓу штопер-шпиц) со висока дисциплина и огромна физичка борбеност без лесно изгубени/дадени дуели. Трајковски мотивиран, агилен, од преголема корист и добро уиграм со огромен support при секој обид на Алоски за понапред. Од десно пак Николов иако доста ограничен со напаѓачки и тркачки способности, дефанзивно повеке од добар со огрмна подршка од Ристовски и Барди во дефанзивна позициона поставеност. Госенс 2 пати наседна на Николов и заслужено доби жолт толку рано, офанзивно беше тотално исклучен, немоќен, безкорисен. Елмас покрај перфектната офанзива(за која имам многу да пишувам), дефанзивно беше на високо ниво со стеснување во средината и огромна подршка за Адеми, никако не беше изместен од рамнотежа(тежиште) кога Сане упорно пробуваше да го издрибла, буквално ниту еднаш не беше исфрлен од простор. Од дефанзивата, Ристовски перфектен како ball playing defender, Велковски освен раниот жолт(за кој може и немаше друг избор во таа ситуација) беше одличен без никаква паника. Барди одличен на топка и навремен во секоја одлука. Адеми како што ги покажа офанзивните карактеристики против Романија, така и денес против Германија, го измести од копачки Рудигер во прво полувреме, додека при асистенцијата повторно на истиот меѓу нозе за навременета топка до Елмас. Мора да се пофалии и пасот во празно на Спировски до Адеми при вториот гол. Погоден тајмингот за сите измени, Бејтулај дефанзивно подобар отколку како штопер(дефинитивно), го неутрализира сиромавиот Јунес. За Пандев секој збор е за огромна пофалба.
Кај германциве приметив слаба реализација, неодлучност(поготово кај Хавертц), Сане, Јунес, Госенс по страните никаков придонес, средината со Кимих и Горетцка тотално надиграна од Барди и Адеми, светла точка(ако воопшто ја имаа) беше Ѓундоган, според мене секаде го имаше и напред и назад, поготово онаа на Барди(при контрата) кога ја блокираше, па одма нареден напад од контра беше фаулиран на средина од Елмас(по нас добро секако). За Вернер е грев да се дебатира, дечкото е со премногу сумља како достигнал волку во фудбалот. Чан, Рудигер и Горетцка заслужија жолти картони уштре многу порано(според мене), додека Кимих секој дуел го изгуби(2х Пандев, 1х Елмас, 1х Адеми).
Атмосферата на највисоко ниво, одлично интро за предстојното европско. Искрено се надевам дека оваа група може да приреди огромно изненадување, со оглед на тоа дека Австрија и Украина не бриљираа на овое 3 квафикациски меча, имаме право/шанса да си бараме солидна позиција во групната фаза.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.905
Поени од реакции
11.246
Овој на вести вика - Горан Пандев со својот гол влезе во аналите и на германската фудбалска репрезентација... богами влезе во аналите на германциве, буквално.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Доволно имаат проблеми Албанците во репрезентацијата со нивните заради тоа што играат за Македонија, а посебно беа плукани и навредувани и имаа закани на интернет пред и после мечот со Косово, за да ние дополнително ги гњавиме околу химната. Поширок е проблемот т.е. тој е ставот на нивната заедница околу националните симболи, а тие се само колатерала. Ставете се во нивна кожа, распнати би биле дополнително од роднини, пријатели, како и интернет ботови ако почнат да ја пеат. Така што најбитно е да се остават да го прават тоа за што најмногу ги бива и барем од наша страна да нема вакви замерки, знаејќи во каква ситуација се.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Јакиот тим. Ај одма да објасниш кои се тие гром играчи и кои се другите 2 фаворити покрај супер моќната Германија.

Да тргниме од тоа дека во Европскиот шампион Баерн Минхен кој е втор фаворит за титула во ЛШ и ланскиот првак во ЛШ (11 победи од 11 утакмици каде буквално издоминираа) играат 9(девет) Германски играчи од кои 8 константно горе долу се во прв тим(Сане,Гнабри,Кимих,Горецка,Милер,Нојер,Боатенг,Суле)...овие 99% го сочинуваат првиот тим на Баерн Минхен...значи не Дортмунд или Лајпцих да се разбериме.

Ако ги додајме Гундоган,Госенс,Рудигер,Чан,Вернер,Хаверц тогаш веќе имаш солидна репрезентација...остај заебанциите за играчите од Челзи кога сите знајме дека генерално се добри играчи и имаат капацитет.


Овие ако не се топ 3 фаворити за освојување тогаш нема шо да дискутираме.

Другите три фаворити според мене се Франција..и еден од Португалија/Англија...горе долу овие се најквалитетни светски репрезентации моментално.
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Да тргниме од тоа дека во Европскиот шампион Баерн Минхен кој е втор фаворит за титула во ЛШ и ланскиот првак во ЛШ (11 победи од 11 утакмици каде буквално издоминираа) играат 9(девет) Германски играчи од кои 8 константно горе долу се во прв тим(Сане,Гнабри,Кимих,Горецка,Милер,Нојер,Боатенг,Суле)...овие 99% го сочинуваат првиот тим на Баерн Минхен...значи не Дортмунд или Лајпцих да се разбериме.

Ако ги додајме Гундоган,Госенс,Рудигер,Чан,Вернер,Хаверц тогаш веќе имаш солидна репрезентација...остај заебанциите за играчите од Челзи кога сите знајме дека генерално се добри играчи и имаат капацитет.


Овие ако не се топ 3 фаворити за освојување тогаш нема шо да дискутираме.

Другите три фаворити според мене се Франција..и еден од Португалија/Англија...горе долу овие се најквалитетни светски репрезентации моментално.
Германија у последниве 7 години односно после титулата СП 2014 нема со апсолутно ништо прикажано дека е топ 3 европска сила моментално. Играчи како Сане, Гнабри, Боатенг, Суле, Горецка до сабајле може да играат у Баерн Минхен. Со играчи како Хаверц, Чан, Ругидер па и Госенс не можеш да бидеш топ 3 фаворит.

Англија, Шпанија и Италија имаат боље состави од Германија, покрај веќе споменатите Франција и Португалија.

Еве ќе праиме муабет и ќе видиш дека нема ни полуфинале да играат.

Најслаба генерација им е ова на Швабите у последниве 150 години.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Освен Франција не гледам друга репрезентација со посилен избор од Германија. Шпанија е далеку од Германија моментално, ептен се паднати, за Италија да не говорам. Евентуално Англија може да им контра. Во најмала рака се во топ 3, а според мене втори. Проблемот е во Лев.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.703
Поени од реакции
19.007
Освен Франција не гледам друга репрезентација со посилен избор од Германија. Шпанија е далеку од Германија моментално, ептен се паднати, за Италија да не говорам. Евентуално Англија може да им контра. Во најмала рака се во топ 3, а според мене втори. Проблемот е во Лев.
Португал ја заборај ?
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Германија у последниве 7 години односно после титулата СП 2014 нема со апсолутно ништо прикажано дека е топ 3 европска сила моментално. Играчи како Сане, Гнабри, Боатенг, Суле, Горецка до сабајле може да играат у Баерн Минхен. Со играчи како Хаверц, Чан, Ругидер па и Госенс не можеш да бидеш топ 3 фаворит.

Англија, Шпанија и Италија имаат боље состави од Германија, покрај веќе споменатите Франција и Португалија.

Еве ќе праиме муабет и ќе видиш дека нема ни полуфинале да играат.

Најслаба генерација им е ова на Швабите у последниве 150 години.
Во ниту еден универзум Италија и Шпанија немаат подобри состави од Германија..ако сакаш играч по играч ќе ги споредваме нема проблем...Германија за нив има дрим тим посебно за Италија..смешно е да ги споредваме.

Друга работа е тоа како ги игра Лев и како ги поставува играчите ...тој ако е неписмен и не знај да ги искористи сите 8 првотимци од Баерн Минхен кој гази моментално односно во овие две години е сосема небитно....плус Гундоган од Сити во животна форма....едноставно ете му го Флик неговиот поранешен помошник во Баерн и нека си побара совет....сигурно Левандовски сам не ја прави целата разлика.

2002,2004,2006 па и 2010 имаа послаб состав од овај...2004 беа очај и беда...сега имаат дрим тим за разлика од тогаш.

И да не поминат групи нема да ти ја докажи баш поената бидејќи се во група со други две екипи со сличен квалитет Португалија и Франција каде можат да испаднат.

Рудигер и Чан се машини и не знам зошто толку ги потцени..баш добро играат оваа сезона.

И како тоа Гнабри,Сане,Суле и Горецка да играат до сабаље во Баерн?...демек овие се слаби играчи?...11 од 11 победи имаше Бааерн лани со овие играчи лани во ЛШ од кои една 8ка против Барселона....значи ги маршираат екипите буквално и ти за овие викаш дека се слаби?...замисли и тоа константно прва постава играат
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.566
Поени од реакции
5.610
Зашо никој не ја спомнува Белгија?
Баш златна генерација имаат. Доста добро првенство очекувам од нив, на сите позиции покриени, доста искусен тим, само Азар да им влезе малце у форма пред европското (не знам едино он како е со повреди и килажа).
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.703
Поени од реакции
19.007
Мене и Италијаните ми се фаворит од сенка, имаат добар состав.
Само забораваме една работа, на хартија е едно друго е на терен како ќе изгледаат тие играчи.
Шпанија има добра генерација само Енрике да не се глупира со составот. Во квалификациите беа изоставени пар добри играчи, добро не играа со некоја убер сила па да иди со фул состав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom