Времетраењето нема ништо да смени, дур не почне масовно да се користи нема да се знаат нус ефектите. Всушност и други вакцини кој не биле брзани ко оваа јавувале нус ефекти и биле тргани од употреба.
Одлуката да се вакцинираш е индивидуална и последиците ќе бидат само твои. Меѓутоа одлуката да се одобри или стопира е колективна, зашто има последици врз врз процесот на вакцинација. Имаме уште 10тина пострашни болести кој ги држиме под контрола со колективна имунизација. Нема простор тука за пазарска математика, кога промовираш максимална безбедност.
Еднаш дебатиравме за тоа максимална безбедност, колективна имунизација, добро на колективитет и ме нарече слезен од планина, неначитан и слично.
Сега како да дебатираме за истото и каде ќе не однеси таа дебата?
Сакаш да бидеш во право? Ајде добро да се повлечам.
Но, ако е така, тогаш зошто се повлече од вакцинација со АЗ во Србија? И како што кажа и сам коса ти обеле од размислување, а те гледам и на темава си 24/7 бидејќи се двоумиш.
Во ред, сосема во ред тоа. Не верувам дека е мала одлука за тебе, за било кого.
Но ако до некни и се' уште се залагаш за колетивитет и за општо добро преку вакцинација и дрн дрн дрн... practice what you preach, бујрум.
И да, немој преку тој колективитет да ми наметнуваш твое мислење. Можам да го почитувам како твое, да, но не е мое.
Ваквите дебати, додека во позадина се провлекува фашистичкото „абе види за општо добро е ова“ (а уствари сакаме газето на сите да ни се осеќа безбедно и да се вратиме во нормала) не водат никаде заради една работа: слобода на избор.
Избирам да умрам бе брат, толку едноставно. Ако фатам вирус ќе се затворам во 4 ѕида, преживеав супер, не преживеав пак супер. Моја одлука, мој живот, мое право.
Ти одлучи се дали ќе се вакцинираш, оди вакцинирај се еднаш и дојди сподели им барем искуство на луѓево кои се за вакцинација да знаат која вакцина какви позитивни или негативни страни има (лично ниту тебе ниту на било кого не му посакувам нус појави, тоа едноставно не е човечно). Но, да припаѓаме во несвест дека таму на некој рандом капиталист во 21 век треба да му верувам на слепо со вакцина која ја пуштил „во промет“ за само 6 месеци (значи испитувал можеби 3, а можеби ни толку) тогаш не знам за што правиме муабет.
Општо добро да, но не преку мојот грб.
п.с. еве Игор, за разлика од тебе, се одлучи да се вакцинира во Германија со АЗ, ене го човекот здрав прав, на нозе + сподели искуство на темава што и како.
Те охрабрувам да го направиш истото со било која вакцина за која ќе се одлучиш дека е доволно безбедна за тебе - што всушност и те направи да се заинтересираш повеќе за безбедноста на истите и не отиде да се вакцинираш „на тепка“ - така напиша погоре да не те цитирам сеа. Што значи по авоматизам паѓа во вода ова за кое пропагираш дека безбедни се вакцините, а сам заради двоумење и недоволно информации недела дена си во недоумица што да правиш, сам себе се демантираш со пишувањата на темава.