Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
8 мај 2013
Мислења
11.884
Поени од реакции
36.939
Нема никаква логика ова што го зборите, само 10% од вакцините во Q2 во ЕУ се на астра зенека. Веќе се платени, имаат best effort клаузула во договорот што ги заштитува во случај да не им се одобрат. Моментално е мистерија зашто во британија нема никакви случаи надвор од нормалното, а во пола европски земји има. Интересно е да се види во што е проблемот.
Што интерес имаат ЕУ и Канада да си го саботираат сопствениот вакцинален план? Сите овие вакцини имаат високо развиен систем на следење, не споредувај со банана земји ко бразил каде нит ќе знаат од што умреле нит ќе се замараат да дознаат.
Имаат спор со Астразенека за доставата на вакцини веќе подолг период. Италија нели забрана им воведе за извоз па овие им се заканија дека ќе им ја зголемат цената. Се сомневам дека не се свесни кога носат такви одлуки за привремено запирање па пак пуштање во оптек па ограничување по години дека ќе има трајни последици по довербата на вакцината.

А која е инциденцата уствари на такви згрутчувања на крвта? Не разбрав кој е вкупниот број на такви настани. Колку се случиле и колку завршиле со смрт?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.376
Поени од реакции
18.506

31 случаи на 2 милиони вакцинирани во Гер, 29 од нив жени испод 60 години. 9 починале до сега. Во нормална популација е есктремно редок ваков синдром, 1 на 1.3 милиони нешто така. Во скандинавските земји е уште почесто. Е сеа кај британциве се е нормално, 1 2 такви случаи само а 20 милиони вакцинирани. Останува да видиме :D
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.969
Поени од реакции
8.192
Шансите да имаш сообрајќајна несреќа во текот на животот се 1/4 (нема да бидам јас)
Шансите да добиеш на лото се 1/10000000 (од каде знаеш, можеби ќе добијам)

пронајди ја сличноста со умирање од вирус и вакцина.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.713
Поени од реакции
37.692
... мува без глава и ова СЗО,
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.159
Поени од реакции
11.866
Шансите да имаш сообрајќајна несреќа во текот на животот се 1/4 (нема да бидам јас)
Шансите да добиеш на лото се 1/10000000 (од каде знаеш, можеби ќе добијам)

пронајди ја сличноста со умирање од вирус и вакцина.
Шансите да се правите паметни на форум се 1/1
Шансите во реалниот живот да сте толку полни себе и храбри се 0/1

Не сакам да те навредам, те почитувам како член, само сакам да доловам поента преку твоето постирано.
Едноставно, оставете ги личните мислења за себе. Без наметнување.

Две ситуации:

1. Се вакцинираш. Знаеш дека можеби ќе закачиш нус појава, можеби не - лутрија.
2. Не се вакцинираш. Знаеш дека ќе закачиш вирус кога тогаш, работата е дали имуниот систем ќе ти поднеси добро или лошо, каква реакција ќе имаш - лутрија.

Нема потреба да го тупиме, може само да даваме мислења за или контра, инфо за вакцини и слично ама во никој случај да ги осудуваме другите или вака суптилно да им наметнуваме дека ТРЕБА или НЕ треба да се вакцинираат.

Сопствен избор, научете се еднаш и почитувајте го тоа (бар додека го има, уште некое време).
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.122
Поени од реакции
19.526
Прегледај го приврзокот 289992Ај некој стручен да го протумачи тестот
Шансите да имаш сообрајќајна несреќа во текот на животот се 1/4 (нема да бидам јас)
Шансите да добиеш на лото се 1/10000000 (од каде знаеш, можеби ќе добијам)

пронајди ја сличноста со умирање од вирус и вакцина.
Абе види сега, шансите да починиш од вирусот ако претходно си немал некое заболување, поточно ако си здрав прав се многу мали, за помладите зборувам. Не можиме такви споредби да правиме. Не знам лично јас сум за вакцини, ама малце сум скептик во последно за оваа вакцина.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.376
Поени од реакции
18.506
Шансите да имаш сообрајќајна несреќа во текот на животот се 1/4 (нема да бидам јас)
Шансите да добиеш на лото се 1/10000000 (од каде знаеш, можеби ќе добијам)

пронајди ја сличноста со умирање од вирус и вакцина.
Сва среќа не го праиш ти риск бенефит асестментот, зашто врска ти нема аналогијата :)
Автоматски споено мислење:

Шансите да се правите паметни на форум се 1/1
Шансите во реалниот живот да сте толку полни себе и храбри се 0/1

Не сакам да те навредам, те почитувам како член, само сакам да доловам поента преку твоето постирано.
Едноставно, оставете ги личните мислења за себе. Без наметнување.

Две ситуации:

1. Се вакцинираш. Знаеш дека можеби ќе закачиш нус појава, можеби не - лутрија.
2. Не се вакцинираш. Знаеш дека ќе закачиш вирус кога тогаш, работата е дали имуниот систем ќе ти поднеси добро или лошо, каква реакција ќе имаш - лутрија.

Нема потреба да го тупиме, може само да даваме мислења за или контра, инфо за вакцини и слично ама во никој случај да ги осудуваме другите или вака суптилно да им наметнуваме дека ТРЕБА или НЕ треба да се вакцинираат.

Сопствен избор, научете се еднаш и почитувајте го тоа (бар додека го има, уште некое време).
Вакцината не треба да е ризик. Прават глупи споредби. Секоја нормална земја ќе ја стопира вакцинава при вакви нусефекти.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.713
Поени од реакции
37.692
Абе види сега, шансите да починиш од вирусот ако претходно си немал некое заболување, поточно ако си здрав прав се многу мали, за помладите зборувам. Не можиме такви споредби да правиме. Не знам лично јас сум за вакцини, ама малце сум скептик во последно за оваа вакцина.
... зависи, не и тоа сигурно, токму поради фактот дека младите здрави и прави може да имаат пресилен имун одговор на коронавирусот, зависно и од мутациите на истиот, па да има потешки последици, имуниот систем не треба да биде ниту слаб ниту пренагласен, влегување во т.н. ,,цитокинска бура,, токму тоа е и фаталната опасност, а да нема никакви кормобидитети, прав, здрав!
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.159
Поени од реакции
11.866
Сва среќа не го праиш ти риск бенефит асестментот, зашто врска ти нема аналогијата :)
Автоматски споено мислење:

Вакцината не треба да е ризик. Прават глупи споредби. Секоја нормална земја ќе ја стопира вакцинава при вакви нусефекти.
Let's not go there (кај тоа што е нормално или не во трка по профит во 21 век.)

Сите знаеме за колку време се прави вакцина ама некако замижуваме на едно око пред тој ФАКТ само и само за да продолжиме да функционираме како претходно.
Човечки, знам. Но бланко поддршка и верување на слепо, од моја страна барем, не давам на ништо во животот - најмалку на вакцина од 6 месеци.

Не ми се навлегува во такви дискусии, секој со својот памет и одлуки со кои ќе треба САМ да си се носи понатаму во животот (и за добро и за лошо).
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.470
Поени од реакции
18.486
Тешко дека ке успеат да ги заебат,Бразил слушнав прееска на вести упатија апел,молат за вакцини.50 милиони им требале итно.На крај краева ке земат Астра Зенека и кога видат останатите држави по светот дека немале посериозни проблеми како попчиња ке си легнат на брашното.Може само у лигавата Европа пазарот да им го ебат
За пенис ќе му биде АЗ, на бразилците. Не им помага со тоа варијантата што ја имаат. Само Фајзер и Модерна во моментов добро се справуваат со варијанти.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.179
Поени од реакции
18.255
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.159
Поени од реакции
11.866
„Around 66% of those surveyed – including epidemiologists from leading institutions such as Johns Hopkins, Yale, the London School of Hygiene and Tropical Medicine, Imperial College London, and the University of Edinburgh – said Covid-19 could mutate in a year or less to an extent that the first-generation vaccines would become ineffective.“

Србите викаат, паметном доста.

Кој беше пред некое време на темата кога истото ова го постира само како изјава (видео) од некој кој работел во Германија долги години, таму доктор или шотијазнам и му се смееа потоа пар ликови овде?

Убаво вака што има инфо и од една и од друга страна само тешко на народот кој живее во погрешна земја со погрешна власт - од што дополнително има смртни случаи не само од Корона туку и пропратни хронични заболувања.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.179
Поени од реакции
18.255
За пенис ќе му биде АЗ, на бразилците. Не им помага со тоа варијантата што ја имаат. Само Фајзер и Модерна во моментов добро се справуваат со варијанти.
Овде велат дека и АЗ добро поминувала со британската и јужноамериканскатс (Бразилска).

Исто и некоја Novavax испаднала и велат дека е ефикасна со Британецот и Бразилецот.Меѓутоа официјално претставена на 28.01.2021, во ЕУ и САД уште не е одобрена (Марр и Мај се наведени како можни месеци).
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.376
Поени од реакции
18.506
Let's not go there (кај тоа што е нормално или не во трка по профит во 21 век.)

Сите знаеме за колку време се прави вакцина ама некако замижуваме на едно око пред тој ФАКТ само и само за да продолжиме да функционираме како претходно.
Човечки, знам. Но бланко поддршка и верување на слепо, од моја страна барем, не давам на ништо во животот - најмалку на вакцина од 6 месеци.

Не ми се навлегува во такви дискусии, секој со својот памет и одлуки со кои ќе треба САМ да си се носи понатаму во животот (и за добро и за лошо).
Времетраењето нема ништо да смени, дур не почне масовно да се користи нема да се знаат нус ефектите. Всушност и други вакцини кој не биле брзани ко оваа јавувале нус ефекти и биле тргани од употреба.

Одлуката да се вакцинираш е индивидуална и последиците ќе бидат само твои. Меѓутоа одлуката да се одобри или стопира е колективна, зашто има последици врз врз процесот на вакцинација. Имаме уште 10тина пострашни болести кој ги држиме под контрола со колективна имунизација. Нема простор тука за пазарска математика, кога промовираш максимална безбедност.
Автоматски споено мислење:

Звучи страшно, ама ете сегашните резултати од Израел со оптимистички. Со 50 посто вакцинирани бројката иде накај 0. Потоа имаат време да се спремат за друга варијанта, или воопшто да не дозволат да се прошири. Неколку земји успеаа, така да втора шанса и не е така лош епилог.
 
Последно уредено:
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.159
Поени од реакции
11.866
Времетраењето нема ништо да смени, дур не почне масовно да се користи нема да се знаат нус ефектите. Всушност и други вакцини кој не биле брзани ко оваа јавувале нус ефекти и биле тргани од употреба.

Одлуката да се вакцинираш е индивидуална и последиците ќе бидат само твои. Меѓутоа одлуката да се одобри или стопира е колективна, зашто има последици врз врз процесот на вакцинација. Имаме уште 10тина пострашни болести кој ги држиме под контрола со колективна имунизација. Нема простор тука за пазарска математика, кога промовираш максимална безбедност.
Еднаш дебатиравме за тоа максимална безбедност, колективна имунизација, добро на колективитет и ме нарече слезен од планина, неначитан и слично.

Сега како да дебатираме за истото и каде ќе не однеси таа дебата?
Сакаш да бидеш во право? Ајде добро да се повлечам.
Но, ако е така, тогаш зошто се повлече од вакцинација со АЗ во Србија? И како што кажа и сам коса ти обеле од размислување, а те гледам и на темава си 24/7 бидејќи се двоумиш.

Во ред, сосема во ред тоа. Не верувам дека е мала одлука за тебе, за било кого.
Но ако до некни и се' уште се залагаш за колетивитет и за општо добро преку вакцинација и дрн дрн дрн... practice what you preach, бујрум.

И да, немој преку тој колективитет да ми наметнуваш твое мислење. Можам да го почитувам како твое, да, но не е мое.
Ваквите дебати, додека во позадина се провлекува фашистичкото „абе види за општо добро е ова“ (а уствари сакаме газето на сите да ни се осеќа безбедно и да се вратиме во нормала) не водат никаде заради една работа: слобода на избор.

Избирам да умрам бе брат, толку едноставно. Ако фатам вирус ќе се затворам во 4 ѕида, преживеав супер, не преживеав пак супер. Моја одлука, мој живот, мое право.

Ти одлучи се дали ќе се вакцинираш, оди вакцинирај се еднаш и дојди сподели им барем искуство на луѓево кои се за вакцинација да знаат која вакцина какви позитивни или негативни страни има (лично ниту тебе ниту на било кого не му посакувам нус појави, тоа едноставно не е човечно). Но, да припаѓаме во несвест дека таму на некој рандом капиталист во 21 век треба да му верувам на слепо со вакцина која ја пуштил „во промет“ за само 6 месеци (значи испитувал можеби 3, а можеби ни толку) тогаш не знам за што правиме муабет.
Општо добро да, но не преку мојот грб.

п.с. еве Игор, за разлика од тебе, се одлучи да се вакцинира во Германија со АЗ, ене го човекот здрав прав, на нозе + сподели искуство на темава што и како.

Те охрабрувам да го направиш истото со било која вакцина за која ќе се одлучиш дека е доволно безбедна за тебе - што всушност и те направи да се заинтересираш повеќе за безбедноста на истите и не отиде да се вакцинираш „на тепка“ - така напиша погоре да не те цитирам сеа. Што значи по авоматизам паѓа во вода ова за кое пропагираш дека безбедни се вакцините, а сам заради двоумење и недоволно информации недела дена си во недоумица што да правиш, сам себе се демантираш со пишувањата на темава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom