Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.470
Поени од реакции
18.486
Кои генетски ефект може да има не стварно уште ова се рачуна како ризик? Значи Израелците сами си подпишаа изчезнување?
Јас искрено сум воодушевен со mRNA вакциниве, затоа што мислам дека целово човештво ќе го кренат на едно ново ниво во врска со здравство. Ама јебига нов тип на вакцина е, никој не знае што ќе се случува под една, две години.

За мене на 50 години, јас само можам корист да имам од Фајзер. Ама за млади нема потреба да си ја пробуваат среќата сега засега.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.122
Поени од реакции
19.526
Јас искрено сум воодушевен со mRNA вакциниве, затоа што мислам дека целово човештво ќе го кренат на едно ново ниво во врска со здравство. Ама јебига нов тип на вакцина е, никој не знае што ќе се случува под една, две години.

За мене на 50 години
, јас само можам корист да имам од Фајзер. Ама за млади нема потреба да си ја пробуваат среќата сега засега.
:eek:
Од сега со чичо ќе ти се обраќам :D
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.884
Поени од реакции
36.939
Денес читав за Фајзер и Модерна, 90% ефикасност безразлика на мутации во америка ( се претпоставува дека се распространети еден куп соеви).
имаше една израелска студија за Фајзер. Утврдија дека е драстично кон јужно африканскиот сој но пак со задоволителен ефект. Немаше бројки туку само тоа беше заклучокот.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.068
Поени од реакции
74.738
Море, море, лани истиве ликови викавте обично грипче било, секако ќе умреле луѓето, не правевте пола форум сме биле хипохондрици и параноични, а се потепавте да се вакцинирате први :D

Го изневеривте Бачето :D
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.122
Поени од реакции
19.526
Иначе тргна возот со вакцинава. Главоболка од пеколот и ме тресе снага како при настинка. Осеќам ќе биде температура диже се бура :LOL:
Чим активен си тука немаш гајле :)
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.594
Поени од реакции
22.323
Иначе тргна возот со вакцинава. Главоболка од пеколот и ме тресе снага како при настинка. Осеќам ќе биде температура диже се бура :LOL:
Со лесно. Ибупрофен 600 и Парацерамол 1000 можеш и заедно. Мене Иби добро ми делуваше а немав над 38 значи не зедов парацетамол.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.328
Поени од реакции
15.587
Дива лига е за вакцинирање кај нас. Филипче вика матичните ќе закажувале и упатувале пациентите на вакцинација, матичните велат дека ниту добиле инструкции ниту знаат како или каде да ги упатат.

Ужасија.
Денес во 5ипол добиле мејл, ова кај Ненад Лазаров го видов, само он се жали дека нема време да закаже. Screenshot_2021-03-29-21-59-23-674_com.facebook.katana.jpg
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.470
Поени од реакции
18.486
:eek:
Од сега со чичо ќе ти се обраќам :D
Дури не сум дедо добро е :D
Автоматски споено мислење:

Со лесно. Ибупрофен 600 и Парацерамол 1000 можеш и заедно. Мене Иби добро ми делуваше а немав над 38 значи не зедов парацетамол.
Не смее да прима таква работа. Го намалува дејството на вакцината.

Не знам кој ги дава овие совети.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Што е со на Влатко Ѓорчев татко му,паднал у кома после примена вакцина во Србија,у Ниш на интензивна нега го задржале? Пишал на фб освен ако не преувеличува
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.377
Поени од реакции
18.512
Што е со на Влатко Ѓорчев татко му,паднал у кома после примена вакцина во Србија,у Ниш на интензивна нега го задржале? Пишал на фб освен ако не преувеличува
Нешто читав на сред интервјуто паднал пред вакцинирање. Којзнае што му биднало.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.884
Поени од реакции
36.939
Не смее да прима таква работа. Го намалува дејството на вакцината.

Не знам кој ги дава овие совети.
на вакцинирање таму ми кажаа може и парацетамол и ибупрофен. Не ми кажаа дозирање само, ама може да се користат по потреба.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.122
Поени од реакции
19.526
Нешто читав на сред интервјуто паднал пред вакцинирање. Којзнае што му биднало.
Не, туку откако се вакцинирал, прочитај кај него на профил има детално напишано.
Оправдан е гневот кај Влатко, сепак се работи за родител,ама целта на постот некако му е за да ја куди власта као не му обезбедила вакцина на стариот.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Моиве тргнале во 6-30 за Ниш до 22-30 биле вакцинирани немаа ништо закажано, сеа мора да дремат на бензиска пошо има јебени полициски час..
Ревакцинација на 21 јуни закажана.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom