Здраво дечки
Ми треба помош околу изборот на велосипед. Многу работи ми дојдоа наеднаш, а сум тотален почетник, па така не знам што попрво да гледам
Ми треба планински велосипед, за 163цм висина. Од тоа што разгледав и што ми препорачаа (како и максималната сумa која што можам да ја платам) - се двоумам помеѓу овие два:
https://99spokes.com/compare?bikes=trek-marlin-5-womens-2021,cube-access-ws-eaz-2021
И двата се околу 32 000ден.
Што мислите вие, во однос на цената со перформансите? Дали вредат, кој би бил подобар избор? Или можеби некоја трета опција?
И, исто така - како на тотален почетник во изборот на ваков велосипед, на што би ми посочиле да обратам повеќе внимание при изборот?
Фала ви однапред