Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Кајги,

Ме уби главоболка, дан тмуран ја мамурна. Ништо не помага, ни масажа, ни топла бања, ни ладен туш, ни кока кола, ни темница...
.
.
.
.
Драга,

Ова беше вчера, денес ко и денов, светол и убав. Главоболката помина со инфузија, среќа па имам доктор на повик кој доаѓа за 3мин кога е дома. Исплашив малце домашни и блиски, ама помина. Имам уште точно 1м до денот Д. Утрово почна со чајче, појадок и телефонски разговор што ме расположи. Каков убав ден! Денес ме чека онлајн родителска, онлајн состанок за новата работа што ја почнуваме и телефонски повици еден куп. Бар нема да помине денот во серии и монотонија. Во име на овој убав ден ја чекам фризерката да дојде да ме потсреди, возбудена сум мислиш на гала прием одам :LOL:
 
Баш ми е тешко без тебе деновиве ама ти самата рече дека не се врти се околу мене, дека ти и мајка ти сте си на прво место така да ете ти одишка од мене колку што ќе посакаш.

Се смени, се помалку си таа старата, се повеќе ме прекоруваш, сакаш да не се глупирам, да бидам сериозен како тебе а јас не сум тој.

Се читаме утре.
 
Ден покасно но сепак, традицијата на гледањето на филмот продолжува.
Слава на сите жртви од Србија до Сирија, од Белград до Дамаск, од најголемото зло кое го видело човештвото. Злосторничи кои никогаш на овој свет нема да одговараат и да бидат судени.


 
Убавите жени
Блаже Конески

Убавите жени во мојот народ
тие брзо прецутувале
како цут од кајсија
како мајски јоргован.
О неправда!
Тие им припаѓале на неизбрани мажи,
нивните коси дење сплетени во прцлиња
ноќе распуштени по градите и колковите.
Нивниот постап на препелица
набрзо го сопинала унечка,
нивната младост поминувала
како мирис на липа што го одвева ветрот.
Набрзо тие седнувале на порта
со наведната глава и издадени коленици,
со нечујна издишка.
Убавите жени, несреќните жени
тие брзо прецутувале
како цут од кајсија
како мајски јоргован.
 
Дк

Го замолувам фејк партизанот односно добро познатиот Бошко Буха алиас Сашко Илиќ да пушти трансакциона смектка, и да му пуштиме некоја кинта за нов бајк пошо ми фалат сторињата негови на инстаграм како оди до Старо Нагоричане и назад.
 
Ау, сум заборавила која возбуда е да зборуваш со возрасни за возрасни теми, да “трчаш“ од состанок на состанок, да рипаш од еден на друг повик, да здивнеш и да речеш, тоа ли беше се? Али Кајги драга, колку дебело изгледам на камера :eek: Страшно! И додека чекам да почне родителската сега, се спастрив и наместив камера од поинаков агол, вака подобро е :vozbud: А до мене допира некој мирис од доле, дошол супруг и донел некој вкусен ручек, гарант! Ќе почекам да заврши родителскава па ќе почнам да пекам за јадење :P
 
Eh..svake...svake......................... i druge takve ...ogin da ve izgore
na zivotta na svojot sin (koj se odomakini,zena deca) ne mu dade da se prikluci na voda i struja.
Eh na svoe dete...taka ziveese (samo) uste 15 godini.
A sega posle smrta,otkako go zakopa(uste vo zivotta) ekspresno -brzo mu napravila skap spomenik.
 
Кајги, и јас не се бендисувам себеси нешто многу, не затоа што би се мењал со некој друг, мислам дека никој од нас не би се мењал со некого (ама онака буквално). Штознам, не сум најдобра верзија од себе, во превод имам многу карактерни маани, а има многу луѓе што се најдобра верзија од себе, под најдобра верзија не мислам онака површно и вештачки, како што гласи изразот (изразот звучи одвратно), туку незнам, искрено и спонтано.
 
Вечерва започнуваат квалификациите за СП за нашата репрезентација.

Свои коментари може да пишете во темата за репрезентацијата или општата тема за квалификациите.

Правата за директни преноси од квалификациите ги има Спорт Клуб, а преносот ќе може да го следите (со странски коментор чинам) од 20 и 45 на Спорт Клуб 3 каналот.

Доколку немате СК3, можете да се соберете друш... добро, не можете да се соберете пошто не сте попишувачи за да се собирате во време на пандемија, ама затоа можете да отидете до локалната кладилница (каде не е забрането да се собирате, бидејќи кладилници имаа +100 resistance to Covid за разлика од други места) и да гледате само едно полувреме бидејќи од 22 часот започнува полициски час.

Романците се благи фаворити, ние сме без Адеми, што ни е мотор на екипата.

За тие што живеат во странција, натпреварот започнува за час и 25 минути од мојов пост.
 
ДК,

за точно 7 (седум) денови секој ќе може да напише „вакцините стасаа“.
 
Драга,

сакам и овие квалификации Драгонски тука да одбројува до почетокот на баражот. Можеби тоа беше добитната комбинација од предходните квалификации што се пласиравме.
 
Кајг,
како е можно...ејјј како е можно....да игра македонска фудбалска репрезентација, а да нема ниеден факин ТВ пренос, никој ама никој да обезбеди пренос,

ice_screenshot_20210325-211827.jpeg ice_screenshot_20210325-212209.jpeg
...пууу за никаде сте бре, ете и гол примија од румунците сега, а овој Елмаз промаши тууу бе и Пандев се смота!

ice_screenshot_20210325-212044.jpeg
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom