Квалификации за СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2022

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.365
1616036206088.png



Следното Светското првенство во фудбал ќе се одржи во 2022 во Катар. Ова првенство е уникатно по премногу работи, а го следат и огромен дел на скандали.

Секако, бидејќи ова е тема за квалификациите, нема да говориме за самото светско, туку за патот до него. Квалификациите за СП2022 се веќез започнати во неколку континенти, а следната седмица ќе започнат и УЕФА квалфиикациите, кои, нели, се најинтересни за нас на форумов.

Македонија се наоѓа во последната група од квалификациите за СП, заедно со Германија, Романија, Исланд, Лихтенштајн и секако - Ерменија.

Германската репрезентација е главен фаворит за првото место и директниот пласман на Светското, а секако дека гостувањето на "панцирите" во Скопје ќе биде своевиден предизвик за нашите фудбалери.

Со останатите репрезентации имаме каква таква историја, но во голем дел репрезентациите кои што ќе ги сретнеме ќе бидат во различно издание од последната средба.

Последниот дуел со Романија ни е пријателска во 2010, a со Исланд имавме квалификациски средби во 2009. Со екипите од последните два шешира имаме каква таква историја - со Лихтенштајн игравме во првата сезона на Лигата на Нации (и забележавме две победи), а со Ерменија игравме малу појче.

Ова се сите групи од УЕФА зоната:

1616036989223.png

Распоредот на нашите е следниот:

25 Март: @Romania
28 Март: vs Liechtenstein
31 Март: @Germany

2 Септември: vs Armenia
5 Септември: @Icеlаnd
8 Септември: vs Romania

8 Октомври: @Liechtenstein
11 Октомври: vs Germany

11 Ноември: @Armenia
14 Ноември: vs Iceland

@ = на гости/ vs = на домашен терен

Резултатите на нашите репрезентативци на квалификациите се следниве:

СП 1998: 4 место од 6 репрезентации (13 поени)
СП 2002: 4 место од 6 репрезентации (7 поени)
СП 2006: 5 место од 7 репрезентации (9 поени)
СП 2010: 4 место од 5 репрезентации (7 поени)
СП 2014: 6 место од 6 репрезентации (7 поени)
СП 2018: 5 место од 6 репрезентации (11 поени)

Се уште најдобар успех ни е настапот во првите квалификации за СП, кога завршивме со 13 поени во група со Ирска, Литванија и.... Романија, Исланд и Лихтенштајн. Дали значи ова нешто? Не. Дали ќе се преправам дека ова е уствари некој знак дека конечно се враќаме на прави патеки - од таму каде што започнавме? Секако :D

Тогаш, Лихтенштајн ги победивме два пати (3-0, 1-11), со Исланд извадивме 4 поени (1-1, 0-1), а со Романија изгубивме два пати (0-3,4-2)

Но доста за минатото.

Најде да гледаме во сегашноста.

А во сегашноста веќе се започнати квалификациите во КОНМЕБОЛ и АФЦ.

Моментални позиции во квалификациите од останатите лиги во пишувањето на овој пост:

КОНМЕБОЛ:
1616037609216.png
АФЦ:
1616037692030.png
1616037699656.png
1616037705184.png


На Светското Првенство ќе има 32 земји учеснички и тоа:

Домаќинот Катар
5 репрезентации од Африка
13 репрезентации од УЕФА
4 или 5 репрезнетации од Азија
3 или 4 репрезентации од Северна/Централна/Карипска Америка
4 или 5 репрезентации од Јужна Америка
0 или 1 репрезентација од Океанија


Не се знае точниот број на некои федерации поради тоа што сите овие континенти ќе имаат свои претставници во Плејофот за СП.

Имено, победникот на плејофот во АФЦ, четврто пласираниот од третата квалификациска фаза од КОНКАКАФ, победникот на плејофот на ОФЦ и петто пласираниот од КОНМЕБОЛ ќе добијат уште една шанса за пласман на СП.

После ждреб, ќе добиеме два пара кои ќе играат на принцип дома-гости, а двете екипи што ќе ги добијат тие мечеви ќе се пласираат на СП 2022.

Но доста за останатите федерации, да се вратиме на нашите.

Како може Македонија да игра на СП 2022?

Македонија има два начини да се најде како една од 32 екипи во Катар 2022. Едноставниот начин е - да завршиме на првото место во квалификациската група.
Првопласираната екипа има директен пласман на ЕП. Но не е се готово тука.

Второто место во групата носи дополнителна шанса за пласман на СП.

Доколку завршиме втори во групата тогаш ќе бидеме дел од УЕФА Плејофот за СП 2022.

Дел од тој плејоф би биле сите второпласирани екипи како и двете најдобро пласирани екипи од УЕФА Лигата на Нации кои веќе не се пласирале за СП или за УЕФА Плејофот.

Дали има шанса Македонија да не заврши на второто место во групата и некако да се пласира во УЕФА Плејофот? Не, поради тоа што ние имавме лошо последно издание на Лигата на Нации.

"Ок, еве, завршуваме втори, што после?"
После тоа, ќе има ждреб, каде најдобрите шест екипи кои завршиле на второто место ќе бидат носители во ждребот за УЕФА Плејофот.


Тука ќе се одделат двојките за да се решат последните три екипи патници на СП 2022.

Ќе се игра полу-финале и финале на УЕФА плејофот. Ќе се игра полу-финалето на 24(или)25 Март 2022, а финалето на УЕФА плејофот ќе се игра 4-5 денови подоцна.

Значи, ако завршиме втори ќе треба да добиеме две средби во Март 2022 за да се пласираме на СП 2022.

Дали е ова конфузно? Можеби.
Би требало се да делува поедноставно пред крајот на квалификациите и ќе знаеме што, како и зошто.

Капитен на стартот на квалификациите ќе биде Горан Пандев, а тренер ќе биде Игор Ангеловски-Мрме.

Дали истите овие ќе ги завршат квалификациите на овие позиции? Кој знае. Се најавува пензија на Горан Пандев, а договорот на Мрме завршува со ЕП оваа година.

Истите отворени прашања стојат и во однос на отворање на стадионите за публика или пак некакви си потенцијални промени во распоредот поради КОВИД пандемијата.

Нас ни останува да навиваме, да пишуваме постови и да глумиме лудило.

Со среќа нека им е на репрезентативците и запомнете....

НЕ, ШТО ГИ ЕБАМ, ЌЕ ГИ СЕЧАМ!

 
Колку беше смешно кога реков дека Џејмс може да игра за Англија пред Трент и Бисака :icon_lol:
 
проблем за куп репрезентации: сите играчи на Интер одат во карантин поради 4 позитивни. има некои битни играчи за доста репрезентации кои нема да можат да играат како Лукаку за Белгија, Брозовиќ и Перишиќ за Хрватска, неколкумина за Италија, итн...
 
Многу тежок ждреб за Европјаните, практично е невозможно да се пласира некоја репрезентација која не е од најдобрите, за разлика од Јужна Америка каде 50% од екипите се пласираат.
 
1616169071649.png
Дали сум грешка или е ова меѓу послабите состави што ги имале германците?
 
Јужноамериканските квалификации се одложени... :(

Во рок од пет дена требаше да играат Бразил - Колумбија, Уругвај - Аргентина и Бразил - Аргентина. Едвај ги чекав, многу повеќе од европските квалификации.
 
Турција води со 2:0 против Холандија, интересна репка имаат Турците, ќе биди интересно да се следат на Европското, мислам дека немаат тешка група.
 
Најтрагично е што матузалемот Бурак Јилмаз им даде два гола. :facepalm:
 
Има ли ВАР во овие квалификации?
 
Најтрагично е што матузалемот Бурак Јилмаз им даде два гола. :facepalm:

Играчиште. Штета што чекаше до 35 години да се проба у странство низ Европа. Авантурата во Кина не ја рачунам секако.
 
Играчиште. Штета што чекаше до 35 години да се проба у странство низ Европа. Авантурата во Кина не ја рачунам секако.
И јас истото си го помислив, можеше да се проба во некој посалам Европски клуб досега, за какви црепови се фрлаат пари.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom