Направија истото шо го прават 30г, испљачкаа и се испазарија меѓусебно, колатерална штета во пазарот се националните интереси на македонецот, за да има изим и од „нашите пријатели“ сето ова.
Види вака, Мијалкови, Груевски, еве и Мицковски, сите тројца потекнуваат од семејства кои биле исклучително добро позиционирани во поранешниот систем, значи секогаш подобни.
Мислам дека сум доволно јасен.
Не е само Македонија пример. Секаде треба да има по некој подобен за оној кој е од позиција на моќ и го поставува го позиционира таму каде што е.
И Груевски и Мијалков беа за некого подобрни за одредена цел, сега е Зајакот исто подобен за друга цел.
ЦЕЛА разлика е што и покрај тоа што и едните и другите крадат на мртво, барем МАЛ ДЕЛ оставија груевистите нешто и за народот, во меѓувреме ветувајќи до меѓународна промена на име (па се испишмани), за на крај и од тоа да не биде ништо и да му се случи слободен пад од 3-4 години, па потоа и пад од власт.
Секако, сетоа тоа со помош од „нашите пријатели“ кои, за потсетување само, на договорена влада и министерски места меѓу ВМРО (тогаш победник на избори) и ДУИ (повторно победник на истите во албанскиот блок) во „5 до 12“ свичаат кон Зајко.
Да останеа на веќ видено и да останеше истата власт и влада, зајакот уште наредни 20 години немаше да помириса фотелја.
КОГА СЕТО ТОА СЕ СЛУЧИ, народот очекуваше барем дел од нив да одат во затвор и да се повратат парите. Знам, влажен сон за широки народни маси но тоа беа ветувањата.
И што сега?
Да објавуваме спинови на владата?
Не, во право си, треба да си лежат сите кои се огрешиле.
Но не треба во време кога сме апсолутно неспособни плата да поделиме во државата и ни умираат луѓето како бубашваби по болниците да „релативизираме“ со на комшијата магарето.
Нека умре на комшијата магарето (нека го осудат Грујо и сите кои краделе), но што правиме со овие сега?
Како до промена кога се прави пасивизација на сите сетила и се користат секојдневни спинови?
Мислиш ли со постирање за Груевски ќе падне Заев?
Не, на тој начин ниту на едниот ниту на другиот нема влакно да им фали.