Написите по порталите “ЦЕНТАРЦИ ЌЕ КУПУВААТ СО ПОПУСТ ВО ПОВЕЌЕ ОД 70 ЛОКАЛИ“ ме потсетија дека треба да подобјаснам како кај нас функционира рециклирањето на пластични шишиња.
off.net.mk
Здраво Трендо,
Од пред некое време сакав да пишам на оваа тема, ама ете не стигнав. Деновиве написите по порталите “ЦЕНТАРЦИ ЌЕ КУПУВААТ СО ПОПУСТ ВО ПОВЕЌЕ ОД 70 ЛОКАЛИ“ ме потсетија дека треба да подобјаснам како кај нас функционира рециклирањето на пластични шишиња. Од почеток бев заинтересиран за проектов, си викам и онака ги собирам пластичните шишињаи ги обесувам на контејнер, ќе му дадам на син ми задача да ги рециклира, ем да се осеќа корисен, што би рекле општествено одговорен, ем некој денар ќе добие како стимул.
Еве како како оди постапката ако сакаш да учествуваш во проектов:
1. Одиш во ПОЦ за да оставиш податоци (бидејќи немаше on-line) и уплаќаш 360 ден
2. Чекаш една недела и одиш повторно во катната гаража на ПОЦ и ја имаш картичката (ти требаат само 360 шишиња да рециклираш за да ги повратиш парите, ама нејсе)
3. Собраните шишиња од подрум гордо ги ставаш во кеси и идеш до машината каде се собираат шишињата (бидејки не се сите машини поставени, пешачиш едно 500 м со кесите, ама за општо добро е нели).
4. Вадиш едно по едно шише од кесите и пробуваш, ништо не се случува. Од 10 шишиња тек едно влегува во машината и се регистрира.
5. За среќа ете го тука човекот задолжен веројатно за одржување /проверка на овие машини. Вика чекај да видам да не е преполно со шишиња внатре и отвора.
6. Ја вади кесата од внатре и ја празни во блискиот контејнер (????) и вика: Aј сега пробајте.
7. Откако пак не ги примаше нашите шишиња, се досети и ни кажа дека не ги прима сите шишиња. Некои фирми (ја спомна Пелистерка) не ги пијавиле бар кодовите и нив не ги прима, а да не збориме па за оштетен бар код. Син ми вика ова покомплицирано е од скенирање на фискални.
8. Сега имам Green pay картичка која ќе ја има истата функција како таа електронската картичка за здравство што ја вадевме.
#СамоУрбано