Дали ти сметаш дека пописов користи намерно до сега невидена методологија, со која лесно се прават малверзации, за да убутаат повеќе Албанци отколку што ги има?
Значи Попис е статистичка операција организирана од Државен Завод за Статистика.
Немање верба во ДЗС значи немање верба во Државните институции со кои секојдневно се среќаваме.
И пред се како тоа Државна Изборна Комисија ДИК ја сметате за повеќе веродостојна од ДЗС?
По некое непишано правило испаѓа дека и последните Парламентарни Избори беа наместени и сега не води нелегитимна Влада која не го отсликува вистинското мнение на граѓаните во оваа земја - Македонија
Пошто Парламентарни Избори предводени од истава политика гарнитура и ДИК на кому му падна цел систем, ви се очигледно легитимни
Не ја запаливме Владата, не излеговме на протести, наводно излеговме 943.748 на гласање и СДСМ и ДУИ ја освоија Власта. Тоа е Легитимно. ДЗС не е.
Е сега што треба да се направи за еден Попис да биде легитимен?
Да се воведат мешани политички попишувачи? По еден од ВМРО, СДСМ, ДУИ и секој да води засебен список?
Да се имплементира независно тело кое ќе го регулира пописот како на терен така и при обработка на резлутатите?
Да се повикаат надворешни набљудувачи типа ОБСЕ кој ќе вршат мониторинг?
Мене стварно не ми е јасно што сака да се постигне со бојкотирање на Попис, под образложение дека е нелигитимен и однапред фингиран а притоа не се даваат никакви алтернативи како да се спроведе тоа а притоа сите страни да бидат задоволени.
Среќа жива да пропадне Пописот и да испадне народот ербап па да бојкотира статистичка операција од такви размери, меѓутоа не го гледам таква храброст во нашиов народ кој се плаши од 10€ казна за неносење маска (која ја оправдувам - не сум антиваксер) а не камоли од 300€ кои ќе му ги трубат секоја дена во наредниве 30 дена.
За крај ВМРО-ДПМНЕ или кој и да е не се повикува на нелегитимност на процесот на попишување, туку на КОВИД криза и опасност по општото здравје. Нема маж освен оној педерон Тодор Петров, или Љупчо Палевски, пошто тие очигледно испаднаа најголеми мажи кои дури и јадеа ќотек за Македонија. Таквите кои нема што да изгубат повикуваат на бојкот кој народот треба да ги послуша.
Тие таквите ебиветер патриоти војуваат наспроти албанско лоби: Мета, Рама, Груби, Османи. Цела Албанија, Косово и Албанска Македонија кои здружени прават се за да креираат што подобра слика за својот албански народ во Македонија.
Што правиме ние по тој случај? Чекаме што ќе каже Солза Грчева во Само Вистина и Претседателот на Општински Комитет да ни пушти СМС дознака дали да ги пуштиме попишувачите дома или не?
Дај ви се молам. Ја губиме државата порадни неединство.
Ја изгубивме 2018 мешајќи ајвар. 2021 ќе ја изгубиме докрај.