Попис 2021

  • Креатор на темата Креатор на темата Ireal
  • Време на започнување Време на започнување
Абе они попишувачи уште немаат, попис ќе почнувале и казни ќе делеле. За секоја од тие казни на суд ќе мора да се иде, целиот систем има да го блокираат. Да не ни почнам што на следни избори која партија вети отпишување на сите казни ќе лапне огромен број на гласачи.

Неспособни се, а прават ненормално големи ветувања. Исто како што западњаците го џитнаа на буниште откако ги зафркна околу референдумот кога гарант им ветувал брда и долини, сега како ќе почне да зарибува процесот така ќе почне се повеќе и повеќе да шизофрениша зошто од пописот му зависи дали ќе е премиер.

И најважно за крај секоја казна што ќе ја досудат ќе значи само делигитимизација на пописот, каков е тој попис каде што се пишале еве да кажеме и минимални 5-10 000 казни за непопишување? Со казнување самите себе ќе си се делигитимизираат.


Ќе ни каже апасиеф како да ја избегнеме казната или сами да се снаоѓаме?


На робови само им се кажува што да прават и како. Имаш избор направи си го, од чекањето на спасители и "водачи" стигнавме таму каде што сме.
 
Последно уредено:
По лобирањево и бројкиве што си ги кажуваат Груби и Османи, ваљда монеталната слика е дека дијаспората демографски е 95% албанци

Епа додека Артан Груби и Османи прават турнеја кај својата дијаспора, Курти и еве денес Илир Мета ги повикуваат Албанците да се попишат на овој историски попис, Сдс не најде за сходно да прати ниту трет ешалон политичар во Америка, Канада и Австралија за да поттикне попишување. Зашто очигледно кур ги боли.

Затоа како што кажа курајбер, секој што ќе се попише треба да си биде свесен за последиците од ова фијаско во најава.
 
Неам појма. Прашај го
https://www.faktor.mk/dokolku-ne-se...poZwhNwYNG6u6sPeFa14o7fazhpIV3ytiUywHNpMCyTaY

Интересно, симптоматично, толку време помина НИКОЈ не го даде на Уставен Законот за Попис :mad:
Како може да се наметнува Теренски Попис со влегување во Домот, а по Устав Домот е неповредлив, може да влезе полиција со Судски Налог ????

Симптоматично, ни еден од Правната Фела НЕ се закани преку медиуми , со тужба во Стразбур ако биде казнет !!!

Трето, кој к*р ќе видат фајде од овој насилен попис, ако народот ФИНО ЛЕПО ги бојкотира СО НЕИЗЈАСНУВАЊЕ по прашањата за етничката и верска определба и јазикот кој го зборува...
А ПРАВОТО на НЕИЗЈАСНУВАЊЕ е ГАРАНТИРАНО со ПОВЕЛБАТА на ООУН, и може да се сликаат власта со законот за попис ако н,пр, 60% граѓани НЕ СЕ ИЗЈАСНИ во рубриките за етничка и верска определба и јазик кој се зборува...
Ќе добие од ЕУ таква шлаканица дека нема да знаат кај се навоѓаат...

ама симптоматично ни Аласиев ни Мицковски ништо од ова не спомнаа до сега...!!!
 
Епа додека Артан Груби и Османи прават турнеја кај својата дијаспора, Курти и еве денес Илир Мета ги повикуваат Албанците да се попишат на овој историски попис, Сдс не најде за сходно да прати ниту трет ешалон политичар во Америка, Канада и Австралија за да поттикне попишување. Зашто очигледно кур ги боли.

Затоа како што кажа курајбер, секој што ќе се попише треба да си биде свесен за последиците од ова фијаско во најава.
Само шо сдс не се многу сакани во македонската дијаспора, ако пратат некој можно и да не се врати назад.
 
Ќе ти турат ливче дека биле, немало никој. Те канат уредно да отидеш во најблиската подрачна едница да се попишеш
Не иде тоа така.
Врати се и кажи им Берик рече дека не иде тоа така.
 
Ќе ти турат ливче дека биле, немало никој. Те канат уредно да отидеш во најблиската подрачна едница да се попишеш
кажаа друго, ако не е дома граѓанинот ќе оставале ливче со датум и време кога пак ќе дојдат, веројатно во неработно време....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom