Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Глупост би било ако не е точно, ако е точно, тогаш тој што не разбира е глупав, ако не па да се скриеме во подрум и да почекаме да си отиде вирусов.

Ај пак оти сум стварно добар и сакам да и помогнам на тие што не разбираат,
Во Северџистанов и скоро секаде во светот имаш зголемување на бројот на умрените, имаш слика погоре и ако удреш математика колку е тоа зголемување од вкупното население ќе добиеш некој 0,2-0,3% (зависи колку се заразиле),
останатите што умираат си умираат од нормална работа како и секоја година претходно,
ако претпоставиме дека кај нас и воглавно во светот третина веќе го поминале, под некоја претпоставка кога сите би се заразиле зголемувањето на умрените ќе биде 0,6-0,9% (заокружуваме на 1%) од вкупното население на таа земја.

Гледаш колку едноставна работа, само 1% постари и болни лица ќе среди коронава, под услов да не се направи вештачки имунитет.
Муабетов ти е: " Баба ми да имаше тркала ќе беше точак".

Ги имаш бројките од Статистика погоре, нема шо да измислуваш математики.
 
Муабетов ти е: " Баба ми да имаше тркала ќе беше точак".

Ги имаш бројките од Статистика погоре, нема шо да измислуваш математики.

Па најлесно така шо има да мислиш знаев дека од таквите си. Аутопилот моуд.Зомби. Не ми се верува дека потсвесно ти излезе ова нека трепка.
 
Па најлесно така шо има да мислиш знаев дека од таквите си. Аутопилот моуд.Зомби. Не ми се верува дека потсвесно ти излезе ова нека трепка.
Или можеби имам одредени, основни познавања од статистичка анализа и известување, економска статистика и вообичаените стапици и парадокси кои се дел од оваа област. Уште една мистерија која ќе остане неразрешена...
 
20.03.2021 Москва,Русија.
Во 21 регион носењето на маски не е повеќе обавезно.
Индексот на новозарезени е 0.27%
Смртните случаи се бројат на прсти.
70% од 65+ населеноето е вакцинирано.
Се симнуваат и последниоте ограничувања во врска со ковид19.
Рестораните,кафичите,диската работат како и претходно.
Стадионите,кината,театрите повторно користат 100% од своите капацитети.
Има во оптек 3 вакцини,и 2 лекарства.
Screenshot_20210321-174436_Instagram.jpg
КОВИД19 пополека го забораваме како лош сон!
Путин е лош.Хибриден режим,полициска држава.Слобода за Навални!
Kiss my ass..
 
Гледам дека некои упорно ги релативизираат работите. Оволкав процент, онолкав процент.
За последните седум месеци од 2020 година (кога вирусот го зеде замавот) се починати 149% во однос на претходната година. Без малку 50% зголемување. Вие пак правете сметки без крчмар, ама фактите се неумоливи.
 
@shura Не ми е јасно како можеш и смееш логика да користиш(здрав разум и интуиција недај боже пу пу)...дали слушна за новата нормалност на која и идеш со клизачи у шеснаестерец...и после пенал...епа пенал...а има пријавено "јаки" шутирачи кои од 11-ес метра цел гол промашуваат...кои мислат дека го имаТ даено пош'о го мешаат со рагбито у ју ес еј на терен покриен со магла каде видливоста е кратка...
 
Тоа дека короната донесе и сиромаштија е јасно, но нема никаква врска со смртноста. За второто да точно е. Болниците се буквално нефункционални, дури и кога имаше слабо ширење и ќе има последици на среден и долг рок, но тоа е статистика за некое идно време, а не за бројките на починати во 2020, како што тресна овој, дека демек многу умреле заради мерките.

Грешка си. Не беа болниците не функционални со мал број на болни. И не зборувам напамет имав пријатели болни во октомври и знам како се лечеа.

И сега во оваа заебана ситуација една пријателка на жена ми, има некаде 40 години, е во 8-септември на интезивна и сега откако е поарно, почна пишува од мобилен дека цело време се околу незе.

Сега во моментов практично се учи повторно да диши.

Заебана ситуација секој ден во собата кај што е умираат по 4-5 души. Те отепува тоа.
 
 
Повеќе умираат од последица од мерките.

Абе ако беше за Македонија, ај како ми како и ќе ти поверував. Ама таму на листата е и Шведска, од уста што не ја вадите, со 11% поголема смртност, кај што нели се е слободно и нема никакви мерки.

Оти овде многу јаки мерки имавме/имаме ...
 
Абе ако беше за Македонија, ај како ми како и ќе ти поверував. Ама таму на листата е и Шведска, од уста што не ја вадите, со 11% поголема смртност, кај што нели се е слободно и нема никакви мерки.

Оти овде многу јаки мерки имавме/имаме ...
А кај нас само 27%, а имавме мерки (какви такви), што ли е проблемот 2,5 пати полошо?
 
А кај нас само 27%, а имавме мерки (какви такви), што ли е проблемот 2,5 пати полошо?

zdrastveniot sistem, zagaduvanjeto, nezdrava hrana, coveckite naviki... u princip iako imaat poveke postari luge (kaj nas se umira pomlad) oni se bar za 20 god pomladi i poizdrzlivi. vo mk retko nekoj na 60+ da se zanimava so sport, na zapad toa ne e bas taka.
 
Во болниците се лекуваат 1.224 пациенти, во Скопје има само 40 празни кревети.
Оваа информација на мкд.мк е од вчера, за денес 56 се пуштени дома, а има нови 84 примени... ваљда со ова темпо до крај на следната недела ќе нема да можат да примаат повеќе критични пациенти.
Знам дека буџетот е у була, дека е на експресен пат државава уште од поодамна кон пропаст, ама до волку да го немаш за приоритет здравјето на граѓаните... стварно греота и срамота
 
А кај нас само 27%, а имавме мерки (какви такви), што ли е проблемот 2,5 пати полошо?

Немавме марки, да не се лажеме. Од Ифтарите наваму нема повеќе никакви мерки.

Главната зараза е од услужниот сектор во затворен простор, кафани, коцкарници, ресторани. Тоа кај нас турбо работеше.

За разлика од кај нас, реалноста е дека во Шведска имаше мерки, по региони, во зависност од бројот на болни.

Еве и сега ти личи ова полицискиов час од 22-5 на некаква мерка, кога кафаните работат до 21 часот ?

Еве график од Шведска и Македонија и види кај е исправена кривата.

1616268997851.png

1616269122034.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom