- Член од
- 19 март 2021
- Мислења
- 7
- Поени од реакции
- 9
Моментално, заради поскапување на суровината за изработка, цената на стиропорот оди нагоре. ТЕШКО да најдеш стовариште кое ќе ти го даде по стара цена пошто сите сакаат да ќарат кога истата ќе се покачи за едно 25% и потоа да продаваат залихи по нова цена.
Мој совет ти е, ако си во можност, да инвестираш во изолација, набави материјали и гледај да поставиш изолација на просторот. Доколку не си во можност надворешна тогаш внатрешна. Можеш и сам, не е некоја филозофија, треба само желба и слободно време.
Во добро изолиран простор било која клима ќе те затопли без да се двоумиш за производител.
Во однос на конкретното прашање, која клима за простор од 30м2...
Можеш да одиш со Vivax, Haier Tundra Green, Gree Amber, Tosot или пак било кој ентри 5.5kw модел на клима кој ќе го најдеш по цена од 30-40k денари.
Отвори на www.klimi.mk и разгледај, потоа врати се на темата и барај во search за конкретните модели дали некој напишал корисничко искуство. Доколку не најдеш, постирај неколку линкови за кои клими си заинтересиран па ќе ти одговорат членовите.
На тој што ќе плука по другите, а ќе ги фали своите (што продава или што има дома), не верувај.
Blagodaram!