Пишува друже на профил колку години имам, а тоа што не ти се свиѓаат моите ставови и што веднаш ме ставаш во фиока со „недораснатите“ за дискусија со тебе и на темава имаш копче да ме игнорираш или администратор си на форумот можеш да ме банираш од тема.
Да ти беше тука фросина или пеџомир мод немаше 5 мин да се помислат дали или не да го направат истото. Едноставно не размислуваш како нив, бан друже.
Како и да е, имам право на мислење, се извинувам што не се вклопува во вашето либералистично гледање на работите.
И да, тоа што децава имаат биолошка потреба а немаат свест и разум за да размислат дали е океј истата да ја задоволат на сред маса или во другата соба - имаат возрасен родител кој треба да одлучи во нивно име.
АКО е нормално да ги доиме децата пред сопствените и родителите на сопружниците (пошироката фамилија и слично) тогаш зошто да не одиме понатаму?
- Што не спречува да не ги собериме роднините и да им ја претставиме првата влошка од нашата ќерка, еве свекор, еве свекрво внука ви е мома, плодна е сега.
- Што не спречува за време на првиот секс на ќерката или на синот да не одиме live на facebook па да му објавиме на светот и векот т.е. на нашите роднини дека нашето мило чедо имало прв секс?
- Што не спречува да живееме сите под ист покрив и зошто да си ја стегаме душата па да носиме облека? Зошто не си седиме голи по дома?
- Што не спречува да се тушираме заедно? Па роднини сме де, нема тука лошо се работи за потреба да бидеме чисти.
- Што не спречува да одиме во wc заедно? Јас ќе ќењам во шолја, ти мокри во када? Може?
Несоодветно, нели?
Епа несоодветно е Ацид да седам на маса и да вечерам и да дојди ќерка ми да ги натопори и да си го дои чедото оти како возрасен човек не размислила дека тоа може да го направи во соседната соба.
Мене не ми е срам од сопственото чедо, нема да ми биде срам ни снаа да ми е, но зошто да го прави тоа ако има избор да оди во соседната соба?
Аха, се сетив, бидејќи детето има потреба.
Океј, се извинувам.
Продолжете.
п.с. Почитувана
@Darling без да ти правам лице или да се контрам со тебе, ДА бидејќи е социјално неприфатливо.
Не дека мене ми смета или не, туку неприфатливо е таквото однесување и заради тоа може (без разлика кој) да се чувствува неубаво.
Во првиот пост кој го напишав на темава токму ова го потенцирав, ама кој да прочита, сите се затрчаа за тие права па права.
Да, имаме право се' да правиме, но прашањето на здраво размислување дали тоа наше право ќе загрози нечие друго право или дали тоа наше право нас или некој друг (како последица на социјално опкружување) ќе не направи да се осеќаме неубаво е нешто кое возрасниот родител треба да го размисли пред да ја натопори цицката во автобус, во парк или на домашна слава.
Алтернативи има, може да се покрие ако е на отворен јавен простор (што е и темата на дискусија, доењето во јавност), а може и да избере да оди во соседната соба - што е вон тема на дискусија но сепак и натаму навлеговме.
Има права да, има биолошки потреби и има и одговорност кон себе и околината.
п.п.с.
да не испадне дека провоцирам ама ти мислам си велешанка, еве овие скопјаниве нека ти кажат дали некоја може со цел памет да оди во Чаир и на клупа да застане да го дои своето дете оти има ПРАВО.
Да, право ќе има, ама како ќе си помине и дали ќе и се залепи некој од браќата тоа не знам. Треба да провериме.