Работи кои нѐ научи пандемијата (досега)

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
Многу подобра техника имам сега, претходно само шлапав вода и сапун, плакнев и толку.
Jaс после миење рацете ги дезинфицирам со овој 96 постотен алкохол...
alc.jpg

Мислам дека тоа е најефикасното средство за дезинфекција...
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.913
Поени од реакции
42.613

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
бато само сто постотен, кај овој 96 сепак има шанса да пројде нешто.
E каде имат по аптеките сто постотен? Досега не сум видел таков да има по аптеките.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
Пандемијата ме научи дека порано во џеповите од зимските алишта ќе најдев некој денар, (дали книжен, дали железен) сега само маски излегуваат...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.612
Поени од реакции
37.567
Jaс после миење рацете ги дезинфицирам со овој 96 постотен алкохол...
Прегледај го приврзокот 287939

Мислам дека тоа е најефикасното средство за дезинфекција...
...кај да е ќе си ја оштетиш кожата на рацете, треба дезинфекција со разблажен алкохол (етанол, спирт) 70% како антисептик, па покрај другото се применува за медицински цели за дезинфекција,
E каде имат по аптеките сто постотен? Досега не сум видел таков да има по аптеките.
...100% алкохол и апсолутен алкохол се применува во хемиски реакции каде не е дозволено присуство на вода во индустрија ли, медицински цели за изработка микробиолшки препарати, така да постојат стандарди и дозвола кој може да го применува и да го има тој 100% апсолутниот алкохол, а најмалку во допир треба да биде обичниот граѓанин!
 
Последно уредено:

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
...кај да е ќе си ја оштетиш кожата на рацете, треба дезинфекција со разблажен алкохол (етанол, спирт) 70% како антисептик, па покрај другото се применува за медицински цели за дезинфекција,

...100% алкохол и апсолутен алкохол се применува во хемиски реакции каде не е дозволено присуство на вода во индустрија ли, медицински цели за изработка микробиолшки препарати, така да постојат стандарди и дозвола кој може да го применува и да го има тој 100% апсолутниот алкохол, а најмалку во допир треба да биде обичниот граѓанин!
Ако после употреба на чистиот алкохол рацете одма ги намачкаш со крем за раце па тогаш мислам дека нема никаква штета... Ама и употребата на чистиот алкохол да биде 2 пати дневно. Да не се употребува нон стоп... Како што ги има некои луѓе што го употребуваат после допир со било каков предмет...Или после секое ракување поздравување со секого...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.612
Поени од реакции
37.567
Ако после употреба на чистиот алкохол рацете одма ги намачкаш со крем за раце па тогаш мислам дека нема никаква штета... Ама и употребата на чистиот алкохол да биде 2 пати дневно. Да не се употребува нон стоп... Како што ги има некои луѓе што го употребуваат после допир со било каков предмет...Или после секое ракување поздравување со секого...
....знаеш како пишуваш, „ќе ги изгорам“ рацете па потоа ќе намачкам крем нема да има штета!
- нема потреба од 96% ниту од 100% алкохол, туку доволно е 70% како дилуиран алкохол да изврши дезинфекција, па ти сега како сакаш, штета има на кожата ама не ја гледаш моментално,
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
....знаеш како пишуваш, „ќе ги изгорам“ рацете па потоа ќе намачкам крем нема да има штета!
- нема потреба од 96% ниту од 100% алкохол, туку доволно е 70% како дилуиран алкохол да изврши дезинфекција, па ти сега како сакаш, штета има на кожата ама не ја гледаш моментално,
Е вака да се надеваме дека за неколку месеци нема да има потреба ниту од алкохоли, ни од антибактериски гелови и од разно разни средства за дезинфекција за рацете... Да се надеваме дека за неколку месеци короната можеме да го прогласиме за умрено...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.612
Поени од реакции
37.567
Е вака да се надеваме дека за неколку месеци нема да има потреба ниту од алкохоли, ни од антибактериски гелови и од разно разни средства за дезинфекција за рацете... Да се надеваме дека за неколку месеци короната можеме да го прогласиме за умрено...
... е вака, хигиената е неопходна без разлика од коронавирусот,
таа е добра навика на миење раце, па и дезинфекција кога не можеме да ги измиеме со сапун рацете, добра навика да дневно направиме и дезинфекција на устата празнина со антибактериска вода една гаргара и плакнење на устата ги уништува бактериите и вирусите, добра навика да и лицето со некоја тоалетна вода која содржи алкохол, најчесто применлив афтер шејв да го потапшиме лицето, ноздрвите и местото околу устата каде ја носиме заштитната маска, оти влез на овие респираторни вируси се преку нос, уста, па и преку раце со чепкање на уста нос, па и очи!
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
(^) Не користам средство за дезинфекција на рацете, ми ја суши кожата и смрди.

На лицето единствено нешто што ставам е афтер шејв, но не на база на алкохол и помада на база на невен. Друго ништо.

Ништо ново не нѐ научи пандемијата: еден изгубен живот е трагедија, два се веќе статистика. Индивидуализмот се става над колективизмот. И хуманизмот, во ова општество, е на апарати.

Старите навики не умираат така лесно. :)

Најголемиот проблем ми беше отсеченоста од дел од семејството. Од сегашен аспект, не ми фалеше ни социјалниот живот кој го имав пред пандемијата. Повеќе шетав во природа, тука ја имаме во изобилие, отколку во град. Ни сега, тој сегмент, не е променет.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.344
Поени од реакции
10.223
Пандемијава не научи да не се чаталиме многу, не нокаутира толку убаво, направи мифки од народот, не научи дека човештвото може да биде во заробеништво, на милост и немилост на владејачките гарнитури, дека парите го вртат светот, дека сме никој и ништо, помали од маково зрно, дека играме како ни свират....тажно сознание...пандемијава ни ја разбуди свеста, ни ги отвори очите, ни ја покажа немоќта на обичниот човек.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.913
Поени од реакции
42.613
Иначе јас научив дека сум опкружен со индивидуалисти, граждани на светот кои не трпат диктатура и нешто едноставно како еден пелц. И сфатив дека не заслужуваат ништо повеќе од диктатура, пошто очигледно слободата не е за нив.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.317
Научивме дека пандемијата е заговор на светските веле-сили кои имаат за цел да го уништат човештвото, со посебен акцент на македонскиот народ.

Научивме дека имаме најголема стапка на експерти и стручни лица по глава на жител.

Научивме дека не постојат вируси и бактерии, туку најголем извор на заразни болести се 5 г мрежата и скриените аспирации на Бил Гејтс.

Научивме дека вакцинираните може тешко да се разболат и да шират заразни болести, а невакцинираните го поминуваат од нога.

Научивме како да правиме лажни тестови и сертификати.

Научивме дека кога институциите потфрлаат, граѓаните се оставени сами на себе.

Научивме дека природата е рефлексија на внатрешноста на човекот.

Научивме дека најтешко е да ги испраќаш оние кои ги сакаш и најболно е да го живееш животот по нив.

Научивме дека не може вечно да живееме обземени од стравови.

Научивме дека моќта на мислите е непроценлива.

Homo homini lupus!

Хм....што друго научивме?
Ништо не научивме бе луѓенца и нема да научиме. Солидарност, хуманост, емпатија, што е тоа?
Автоматски споено мислење:

Иначе јас научив дека сум опкружен со индивидуалисти, граждани на светот кои не трпат диктатура и нешто едноставно како еден пелц. И сфатив дека не заслужуваат ништо повеќе од диктатура, пошто очигледно слободата не е за нив.
Индивидуализмот кај нас е тотално изгубен и големите играчи сакаат да го потиснат :(
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Јас научив многу работи, еве една нова ...

1634233742970.png

The American Civil Liberties Union is a nonprofit organization founded in 1920 "to defend and preserve the individual rights and liberties guaranteed to every person in this country by the Constitution and laws of the United States"
 

Kajgana Shop

На врв Bottom