- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 3.377
- Поени од реакции
- 5.838
Да, мој превид, мислев да напишам пост Виенски конгрес 1815 до Сарајево 1914 но заборавив.Сакаш да кажеш дека наполеонските војни не се случувале во 19-от век и не ја обликувале геополитичката мапа на Европа во поголемиот понатамошен тек на 19-от век ?
Или свесно и намерно ја игнорираш улогата која Прусија и Австрија ја имале во војните против Наполеон Бонапарта и неговата Француска Империја ?
Токму наполеонските војни се еквивалентот на Првата Светска Војна и на Втората Светска Војна во 19-от век, и токму како резултат на истите ја имаш кристално истата геополитичка мапа на Европа во поголемиот дел од 19-от век, кои резултираат со обединувањето на германските држави во 1871 година.
Првата Светска Војна тотално оправдано се нарекува империјалистичка војна бидејќи истата произлегува од империјалистичките политики на истите сили кои ја предизвикале и ја започнале.
Од сите тие империјалистички сили, токму Германската Империја била најнова, најмлада и најподготвена за војување од тотално оправдани причини - постарите и поголемите империи секогаш се сметаат себеси за непобедливи токму како резултат на нивната големина и повеќевековно опстојување на светската сцена, додека Германската Империја на почетокот на 20-от век имала едвај две генерации родени, израснати и образовани од нејзиното основање и допрва требала да се покаже и докаже себеси како империјалистичка сила на светската сцена.
Убаво е тоа што веруваш во убавата ера на мир и стабилност во Европа, но тој мир и таа стабилност биле хранети со суровини и богатства кои потекнувале надвор од Европа, а во териториите надвор од Европа од кои потекнувале тие суровини и богатства или немало мир и стабилност, или мирот и стабилноста биле плаќани со веројатно истиот цех за мирот и стабилноста во Советскиот Сојуз за време на мирот и стабилноста под водство на вождот Јосиф Висарионович Сталин во 1930-те години - ако веруваш во тоа што го вели пропагандата, се разбира.
Но битно имало мир и стабилност, цената која треба да се плати за истите е веќе друга приказна, па и денес не е нешто поинаку.
Тој период од 99 години е без ниту една голема војна во Европа, освен периферно како Крим или краткотрајни како Француско-пруска но во ниту еден момент светот не бил загрозен од глобален судир.
Можноста за светска војна драстично се наголемила со појавата на Вториот Рајх.
Нема никаква врска мирот и стабилноста со колониите, империите цицале ресурси од колонии најмногу за време на војна, дали тоа била седумгодишната, француските револуционерни војни, американската војна за независност или наполеонските војни. Имено војната е скапа работа.
Треба да се повтори дека после поделбата на 3 па после на 2 држави пост Париски мировен договор (ФРГ, ДРГ, Заарланд) и со внимателната контрола врз оружените сили на Бундесверот, во Европа бидна полувековен мир, нарушен тек 1991 со војната во Југославија. Случајност.
А многумина веруваат дека токму Германија била главен надворешен играч при распадот на екс-југа, данке дојчланд, тајната служба БНД, дипломатија и тие ствари.
Но како што видовме, повторното обединување на таа неславна творевина позната како Дојчланд неонацистичките партии, организации, здруженија па чак и навијачки групи (!?) се во драматичен пораст низ Немачка денес, во 21 век, во оваа 2021 има најмалку 10 милиони луѓе кои делумно или целосно се идентификуваат со нацизмот. Трета најјака партија во Немачка е неонацистичката.
Кажав веќе, една голема економска криза и ете ти ги нацистите пак на власт, скраја било.
Автоматски споено мислење:
Дисклејмер : во никој случај сето погоре напишано не значи дека рандом германец е геноциден и одвај чека да стрпа некого во гасна комора. Како и во сите народи, верувам дека мнозинството луѓе се ОК.
Но треба да се прави разлика меѓу поединци, групи, етникум (народ, нација) и држава.
Исто како на пример и со арнаутите. Поединец арнаут може да биде злато од човек и верен пријател.
Но шкиптарскиот етнос, како конструкт и целина е латентно геноциден, албанизмот како појава е прост, примитивен, трибалистички, неписмен и екстремно шовинистички.
Тоа најдобро се илустрира со неколку инциденти кои моите претци ги проживеале со германците а за кои ќе напишам по нешто, значи во нашето семејство имаме сеуште жива особа (92 годишна) која и тоа како добро ги памети културните и фини немци.
Последно уредено: