Се е личен став...во позадина никогаш не знаеш што се крие: страв, лично искуство, неверување...
Многу од нас поминаа низ различни фази кога овој вирус е во прашање: од претпазливост, преку немоќ до рамнодушност... Некои заговараа карантин па увидоа дека за било каков ефект прво треба да живееш во сериозна држава. Сите ги менувавме ставовите сите чекавме прво лето, па ефект од антитела, па вакцини, па не знам веќе што.
Во меѓувреме децата изгубија година од животот, од игра, пропуштени матури и редица мали нешта кои нема да бидат дел од убави спомени.
Лично јас не сум тип кој е паничар и пандемијата ја туркав со некаква доза на внимание ама онака, лабаво.
Зошто го пишувам ова? Во меѓувреме побитна стана дилемата дали да се вакцинараме или не... И тука почитувам секој став, лично мислење.
Јас се вакцинарав со Астра Зенека пред некое време и не можам да ви го опишам психичкото растеретурање. Не ни бев свесна дека таму некаде во позадина имам психички грч. Се знам, дека не е целосна заштитата, дека сеуште носам маска ама се осеќам послободно.
Кога ќе поминат месец дена ќе направам тест за антитела за да следам како реагира вакцината да можеме и да следиме конкретни параметри. (секако ќе споделам како се одвива процесот

)