Епа то е проблемот тука во Македонија или Северна ко што ја нарекуваат Кајгана порталот. Кој шо сака нека си прави у приватниот живот и то не треба да не занима, а најмалце пак да ни го менува мислењето околу неговата сериозна кариера.
Некни баш го гледав во 1на1 Тони Михајловски, одма се осеќаше разликата у епизодите на 1на1 од претходните. Внесе доста свежина и хумор во целата емисија.
Тој одамна велеше дека Опуштено ќе ја ресетира и тоа уште во годините кога не се бавеше со политика. Како мрднат старец кој ги забавува своите гости.
Да ми извиниш ама не е така. Во случајот со Тони Михајловски не е така. Човекот е глумец и со самото тоа е и јавна личност. И што и да направи во животот се се следи.
Човекот реши да работи за политичка партија ЈАВНО. И тоа не е и неможе да биде приватен живот. А, многу е тешко кога човек од културата ќе почне партиски да се бави и ќе поддржува режими. Од таквите личности се очекува први да се спротистават, а не обратното. Весна Петрушевска најде доблест и призна дека згрешила.
Е сега да зборуваме за телевизија...
Како глумец, веројатно е добар, незнам, во театар не сум го гледал. Но, ете верувам дека од сите јавни работи кои ги работел (глумец, водител, стендап комичар на партиски конгреси), најдобар е во ова првото.
Значи, верувам дека е добар глумец. Но, како водител е КАТАСТРОФА. Можеби дека сценариото сам си го пишува, или можеби не користи сценарио и мисли дека се знае.
“Опуштено“ беше ДНО НА ДНОТО. Остана познат по “оџачар“ и ништо друго. За “хуморот“ со баби со шамии немам зборови.
Ако човекот сака пак да биде водител, потребни му се добри сценаристи. А според видеава што се објавени и добри сценографи. Со вештачка трева, бандера и месечина, емисијата не се прави. Веројатно ќе биде во стилот на деведесетите, троа муабет, троа пеење. Значи баш “опуштено“ пред спиење. Ништо спектакуларно.