Мислиш дека се работи само за дигање галама.....околу вакцините? ......демек колку да се критикува за нешто власта?
Онака......досадно ни е.....па тресеме зелени.....демек само џева дигаме?
Грешка си.......од мое пошироко опкружување, 90% сакаат да се вакцинираат......ама вакцини нема.
Вината......се знае каде е, а народот.....секако оние луѓе кои сакаат да се вакцинираат се немоќни.
Сепак секој со своето размислување.....не судам.
Погрешно ме разбра душо...Значи ова е тема за корона, има посебна тема за вакцини идр....Премногу се замараш и губиш нерви секојдневно критикувајќи ја државава, народот, власта...има друга тема за критикување.
Власта дека е неспособна видовме...за цела година откако почна пандемијава не направи ништо освен што затвори и упропасти постоечки болници, отвара и затвара една модуларна болница, па имаше и полска болница со шатор кој нон стоп се издишуваше...и триста катастрофални глупости.....
Народов е виновен, само седиме и траеме и како баби на социјални мрежи критикуваме....опозицијава е дабетер.
еднаш реков дека сите политичари у контејнери треба да ги напикаме.
Трендс душо, работам во здравство и верувај дека сите ние што прележавме, сега несакаме да се вакцинираме.....
Колку држави спроведоа имунизација но ете ги, повторно бројката на заболени расте, повторно карантини, полициски час, забрани.....веќе ни во вакцините не верувам....
Медицинскиот персонал што ке се вакцинира може да пренесат пак зараза...значи и одење во болница за било каков преглед не ти е сигурен.
Има многу поинфективни работи од вирусов, тука на прво место е стресот....пукаме секојдневно оти 24 часа сме на психолошка изложеност од едни те исти вести...број на заболени, број на умрени.....каде се другите болести...чекаат ама дали ке дочекаат.