Здраво, во план сум да земам кола имам 20 години и со татко ми гледавме нешто германско, пасат 6ка, голф 5 или ауди а3, тие коли ми се секојдневни поради тоа не сакам такви, во последно време почна да ме привлекува алфа 159, и барав по интернет 159ка со мотор 110kw (150hp), е сега за тој мотор најдов имал проблем со усисната грана, имало некои клапни за регулирање на воздухот и тие влегувале во моторот и се случувала хаварија, можело да се извадат ама колата ќе трокирала на ниски обртаи, сакам да побарам мислење од некој мајстор или некој што имал 159ка со тој мотор да каже дали го средил тој проблем. Има мотор со 120 коњи ама тој мотор мислам дека е преслаб за таа каросерија од 1.5 тони, а бензиски мотори речиси кај нас и нема ваљда не се погодени.