Нели пуштаат оптички кабли кога градат нови патишта?
Еве по Автопатот Миладиновци - Три Чешми имаат пуштено.
Дали по експресниот пат Три - Чешми - Радовиш имаат пуштено оптички кабли? И дали во опште имаат пуштено оптика во Радовиш?
За Струмица знам дека Телеком влечат оптика под земја, и преку бандера. Горните маала во Струмица, оние на ридот се поврзуваат со оптика преку бандера, а доле во градот во глобала се мести под земја, особено за новите згради.
До толку ли 4 - 5 години веќе, никако абер јавно да објават некоја интерактивна мапа да видиме каде има или каде нема покриеност со оптички интернет... Сето тоа останува во нивниот TGIS систем кој што го користат, а пристап до тој систем тешко се наоѓа. Тоа е стриктно само за вработени.
Најблиску до добивање информации и да се праша во салон, по луѓе или на support chat преку Telekom MK апликацијата.
И што бидна тоа со ЕВН и власта што кажуваа дека кога ќе граделе нови далеководи / далноводи ќе пуштале и оптички кабел. Го користи ли ова некој оператор?
Прашувам чисто информативно. Инаку јас на Неотел сум, знам доста луѓе кои што работат таму, дури се знам и со директори ама сепак без разлика тоа, мене не би ми дале пристап до нивниот TGIS, или некоја мапа. Но ако ги прашам за одредена локација, или едноставно ако им пишам на messenger веднаш ќе ми кажат дали има или не.
За другите оператори мислам горе доле е исто, и никој нема објавено интерактивна мапа.