На пресот беа изречени сериозни обвинувања на сметка на КМБ и УНИ за криминал со давање фиктивни кредити на кредитоспособни фирми и нивно префрлување на поврзани компании за да се заобиколат правилата на НБРМ, купување акции од банката со кредит од банката (за што имаше сериозни индиции кај Колемишевски), позајмување на лоши кредити и слично.
– Сопственикот на Еуростандард банка Трифун Костовски и тројца бизнисмени денеска обвинија за злоупотреби од страна на банки и порачаа дека државата не ја водат политичките партии туку, како што рекоа, неколку луѓе, кои како домашни кредитори се јавуваат како сопственици на државата...
libertas.mk
Дополнително, и јас сум шокиран од непрофесионалноста на КМБ за чување на деловна тајна! Јавно соопштија податоци за износот на кредити за Трифун и неговите компании, па заслужуваат сериозно да ги одере на суд за злоупотреба на доверливи деловни информации, иако тоа очигледно е само минорно дело меѓу сето она што го сториле.
По вакви обвинувања за сериозен криминал во КМБ и сериозни правни и финансиски последици по СТБ во спорот со приоритетните, само Господ знае како акциите продолжуваат да им растат.
Нивниот регулатор НБРСМ, со повеќе вработени него народната банка на Шведска што регулира стопати поголема банкарска индустрија, вработува уште луѓе. Основните плати им се за македонски услови одлични, пошо со додатоци овие двајца ќе земаат по 60-90.000 денари. Меѓутоа, фасцинира како и покрај тоа што регулаторите од КХВ и НБРМ се извонредно платени, тие немаат апсолутно никаков морал да преземат ништо против експлицитните злоупотреби и криминали што се насоберени во нивниот делокруг на работа!