- Член од
- 17 август 2011
- Мислења
- 10.399
- Поени од реакции
- 18.556
Релативно е само дали планираш да живееш во државата. Ако не планираш, тогаш да дефинитивно не вреди. Тоа важи за сите држави, зарем се исплати да купиш куќа у Германија ако не планираш да живееш таму. Сепак дискусијата дали да се селиш или не е сосема различна тема од оваа.Во суштина релативно исплатливо/неисплатливо е инвестирањето во недвижност. Пред се би рекол зависи и треба да зависи од возраста и ситуацијата на тој што инвестира.
Разбирам да инвестира некој над 45 години во недвижност оти едноставно фрлил котва тука и нема каде да оди, шансите да успее било каде надвор му се намалуваат секојдневно, бизнисот/работата му е тука и тоа е тоа. Не го разбирам инвестирањето на дечки под 35 години во станови во држава каде не функционира буквално ништо, каде цените во „метрополата“ се напумпани бетер од криптовалута, каде тензијата меѓу етничките заедници е голема и секогаш ќе бидеме „буре барут“, каде криминалот има експоненцијален раст од прогласувањето на независноста наваму...
Затоа и пишав во Македонија немаш кај да се селиш, зашто различно е да мигрираш од Скопје во Германија наспроти селење од Минхен во Берлин.