Станови во Скопје, совети за купување.

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.113
Поени од реакции
20.956
Ам батко стан од 95 квадрати се издава за 250 еур наместен, а да го купиш 100 000 еур. Па која е логиката да го купиш?
Каде се издава, во Бутел? Во Аеродром гарсоњери се окулу 200 евра. Испод тоа не се наоѓа нормален стан во нова зграда. И нема логика да рентам кога брат ми плаќа иста рата и за 15 години ќе си биде негово.
На цело ова градење има премал изботр на станови и за продажба и за рентање, што им прават богзнае.
Aerodrom zad biser nad pazarceto, super kvalitetna zgrada. Jas ziveam tamu.
Ако навистина се издава наместен стан од 95 квадрати за 250 евра, тој е еден и единствен. Во Аеродром гарсоњерите се по 200 евра месечно за кирија.

Него, мислење за Космос комплексот, позади ФОН? По 990 евра квадрат се становите.
 
dwa

Член од
19 февруари 2006
Мислења
2.233
Поени од реакции
349
Ако навистина се издава наместен стан од 95 квадрати за 250 евра, тој е еден и единствен. Во Аеродром гарсоњерите се по 200 евра месечно за кирија.

Него, мислење за Космос комплексот, позади ФОН? По 990 евра квадрат се становите.
Околината таму не ја сметам баш погодна за живеење, барем во моментов.

Последниве 2 месеци барам стан за изнајмување и веќе ги запамтив сите што се по огласите, 250еу за 95 квадрати може да биде некој стар стан и со мебел од времето на тито, и баш како што кажа можеби е еден и единствен. Цената за 50-60кв иде околу 230-250еу.

Rent or buy калкулатори се голема глупост, поготово во нашава ситуација каде што киријата е скоро еднаква на ратата за кредит за стан од 50на кв.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Што не отидеш до Џевахир и да прашуваш, речи им дека си интересиран за стан, но сакаш да знаеш кои ќе ти се соседи.
Да, тоа така лесно иде. Само прашуеш и ти кажуваат, а?

И јас можам да ти обезбедам имиња и потекло на станарите, ако не за сите, барем за добар дел од нив.
Од каде? Кој ти дозволил? Станарите таму знаат дека шиткаш приватни информации на јавен форум? Дали си запознаен со законот за лични податоци?

Од тие сопственици што јас ги знам, ниеден не е од Косово. Има турски државјани, има еден од Јордан, но нема косовски. Повторувам дека преку 90% се македонци, а потоа се турци.

Исто така за зградата кај Сити мол, нема ниеден косовски државјанин, НИЕДЕН, има само еден сопственик од Албанија, и тука македонците се мнозинство, со тоа што тука има околу 15% албанци (околу 60 станови), но тука има кореанци и азиати, евреи, турци, бошњаци, торбеши, власи, срби, мешани бракови, македонци од западна и источна Македонија ... тоа е најмешаната зграда во цела држава, тие луѓе не се параноични како тебе.
Ко што лажеш за Џевахир, толку можат и за ова за Сити Мол да ти веруваат.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Од каде? Кој ти дозволил? Станарите таму знаат дека шиткаш приватни информации на јавен форум? Дали си запознаен со законот за лични податоци?
Податоците за сопственик на недвижност се од отворен тип. Отвори https://ossp.katastar.gov.mk/ и можеш да најдеш кој се сопственици
 
DonExo

Apex
Член од
1 ноември 2012
Мислења
454
Поени од реакции
291
Ако навистина се издава наместен стан од 95 квадрати за 250 евра, тој е еден и единствен. Во Аеродром гарсоњерите се по 200 евра месечно за кирија.

Него, мислење за Космос комплексот, позади ФОН? По 990 евра квадрат се становите.
+1 за „лошата“ околина/населба.

Пред 3-4 месеци бев да гледам стан таму, имаше еден на 8-ми кат, јужна ориентација, поглед над Вардар и Водно. Мераци.
Цената малце солена за таму, но се „јадеше“. Проблем ми беше квадратурата на споменатиот стан, 97м2, и секако - локацијата. Ќе поминат ваљда 5-10 години дури се урбанизира тој дел од таму, а не ми се чека толку време за деца и фамилија да можат на раат да излагаат од таму, да не ги мислеш цело време...
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.918
Правиме муабет мебелот да го купиш нов, шпорет, фрижидер исто. Доколку во меѓувреме се расипе рингла или нешто слично моментално и секундарно го правиш, никој не рече мебел од 70та, станот е нов со нов мебел и апарати од 2005. А не ретро станови налседени од пра баба и дедо и нивен мебел и раскантани кревети.

300 ден плаќам одржување влез, 170ден ако никој не седи и струја 300. Парно нема, има инвертер клима. Ти кажувам дека го исплаќаш за 20 год станот и тие пари треба да ги рачунаш како веќе пропаднати а не тие да ги рачунаш како неопходни за живеење да ти бидат.

А со тие математики како треба и што треба и читање по нет како прават во Сад, пресметки на калкулатори што со реалноста нема благе везе, не ви држи вода, ова е од искуство а вие како сакате.
Субјективни се овие работи, влезот зависи од зградата, кај мене во нова зграда просек е 530 денари месечно. Струја, вода + комунално обавезно се над 600 денари.

Не правам јас математика со САД, туку ти објаснувам дека е релативно исплатливо/неисплатливо инвестирањето во недвижност.
Недвижностите биле и ќе бидат една од алатките за „посигурно“ чување на капиталот со надеж за некаква заработка, НО работата е што не оди баш така лесно математиката со издавање и со исплаќање на таа недвижност. Секоја недвижност е екстра замаранција за која ти имаш обврски (пукнала цевка, се расипал прозор/врата/чешма, се расипал електричен апарат...се тоа е време и дневници кои ако имаш попаметна работа ќе видиш дека нема есап. Други работи: слободата (врзан си за таа локација и регулативите на таа држава), достапноста на кешот (ти излегува нешто за итно инвестирање каде може да направиш добар обрт, со недвижност тие пари се заглавени и со недели не можеш да ги одврзиш (ако е под хипотека не можеш ни кредит), малата заработка на толкава инвестиција...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Член од
17 август 2011
Мислења
9.758
Поени од реакции
17.457

Убаво ви кажа човекот, аргументите ви се базирани на САД, а не на состојбата у Македонија. Во Македонија си врзан за локацијата - кај ќе се селиш од Скопје?, достапноста на кешот е небитна зашто нема кај да направиш обрт ( не би купувал стан да има) и практично малата заработка од инвестицијата е сепак подобра од повеќето инвестиции што ги видовме задњи 30 години тука.
Кај нас е успех ако си го зачуваш капиталот, ако по 20 години ќариш стан плус од кираџии во најлош случај си го обезбедил едното дете со живеалиште.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Него, мислење за Космос комплексот, позади ФОН? По 990 евра квадрат се становите.
Во тој дел се очекува да растат цените на становите..Ако имаш во предвид дека со новиот East gate се прави во тој опфат голем деловен комплекс и неколку сериозни згради очекувано е да продолжат со ширење кон Космос и урбанизација на тој дел... Според мене како долгорочна инвестиција воопшто не е лоша бидејќи концентрација на деловни објекти повлекува и побарување на станови во близина.
Е сега не знам ништо за квалитетот на објектот тоа е другиот аспект.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.918
Убаво ви кажа човекот, аргументите ви се базирани на САД, а не на состојбата у Македонија. Во Македонија си врзан за локацијата - кај ќе се селиш од Скопје?, достапноста на кешот е небитна зашто нема кај да направиш обрт ( не би купувал стан да има) и практично малата заработка од инвестицијата е сепак подобра од повеќето инвестиции што ги видовме задњи 30 години тука.
Кај нас е успех ако си го зачуваш капиталот, ако по 20 години ќариш стан плус од кираџии во најлош случај си го обезбедил едното дете со живеалиште.
Пишав и погоре, субјективна работа е ова, во моите математики не вреди и не се исплати, во твоите чевли математиката е друга.
Селење може да правиш секогаш и каде сакаш во светот, а каде и да тргнеш треба кеш (ти кажувам од искуство, тукашниот капитал надвор не ти вреди ништо).
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.470
Поени од реакции
5.473

Добро, тука зависи и дали ги имаш ти 70 000 евра „у џеб'' или имаш 10-20к па ги комбинираш, зимаш кредит итн и зимаш стан којшто го ренташ. Иако ако имаш добра пара на располагање, барем според мене лично боље е да најдеш друг начин да ја „свртиш“ и да заработиш плус, наместо да ја затвориш цела во стан во Скопје. Иако нормално сите си имаме своја математика. Може некој глеа да го рента да вади пари и после на деца да остане и сл. Секој во своите чевли. :)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.918
Добро, тука зависи и дали ги имаш ти 70 000 евра „у џеб'' или имаш 10-20к па ги комбинираш, зимаш кредит итн и зимаш стан којшто го ренташ. Иако ако имаш добра пара на располагање, барем според мене лично боље е да најдеш друг начин да ја „свртиш“ и да заработиш плус, наместо да ја затвориш цела во стан во Скопје. Иако нормално сите си имаме своја математика. Може некој глеа да го рента да вади пари и после на деца да остане и сл. Секој во своите чевли. :)
Во суштина релативно исплатливо/неисплатливо е инвестирањето во недвижност. Пред се би рекол зависи и треба да зависи од возраста и ситуацијата на тој што инвестира.
Разбирам да инвестира некој над 45 години во недвижност оти едноставно фрлил котва тука и нема каде да оди, шансите да успее било каде надвор му се намалуваат секојдневно, бизнисот/работата му е тука и тоа е тоа. Не го разбирам инвестирањето на дечки под 35 години во станови во држава каде не функционира буквално ништо, каде цените во „метрополата“ се напумпани бетер од криптовалута, каде тензијата меѓу етничките заедници е голема и секогаш ќе бидеме „буре барут“, каде криминалот има експоненцијален раст од прогласувањето на независноста наваму...
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Колку е цена за м2?
Драчево е специфично, таму се оди ако имаш некаква конекција со некого таму или немаш излез. Не сум видел кај ги градат! А најдов, продужение на ул.Киро Фетак, не е лошо, пречистителната е далеку! Не знам што да ти кажам поспецифично, 10-15 минути до град, пазар и основно имаш се,на 100 метри од зградата поминува автобус 41, со кола е релативно брзо одењето до град. Комшии претежно доселеници, ама немаш проблем. Градинка во центарот на 1 км, школо на 5 минути.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom