најдобри мак рап албуми

  • Креатор на темата Креатор на темата dobramuzika
  • Време на започнување Време на започнување

И Не забораваj на СТР2 ама Кутија го ставам на прво место, не знам, најмногу сум го слушал, ја знам секоја трака од збор до збор, повеќе ми одговарал албумот најверојатно иако и Не заборавај сум го преслушал веќе, ама ете нека биде Кутија.
Автоматски споено мислење:

и на пеше новиот е добар, но сепак не би го сместил помеѓу најдобрите мак рап албуми, како да фали нешто, но, тоа е само мое мислење. што мислите вие?


Има добри траки и на Страјк новиот, можам еве и "Низ мојот живот" да го вметнам овде, ако треба да ставиме топ 3 албума. "Исто" со Ајзи, "Видов", "Поблиску до Бог", "Среќно" со Скај, тука се и Сим Сима, Уште еднаш што ги извади пред албумот, Гејм овер и Суприм NTM се добри и класика песната што го носи името на албумот е баш она по што знаеме Страјк.

За на Пеше, не знам, не сум го слушал многу, има ок песни како "Далеку" "Било и Поминало" и нормално "Прошетка" му е топ.
 
Последно уредено:
наведените горе немаше да постојат да не беше доле наведеното :


и нешто посовремено (се гледа кои им се идоли и од каде имаат влијание)

 
Последно уредено:
Не сум баш компетентен да коментирам на темава пошто ретко слушам рап и не ја пратам многу рап сцената кај нас. Ама "Сафизам" го сметам за еден од најдобрите македонски албуми на сите времиња, во било кој жанр.
 
наведените горе немаше да постојат да не беше доле наведеното :


и нешто посовремено (се гледа кои им се идоли и од каде имаат влијание)


Потполно се согласувам со Ryan Giggs за Чиста околина и нивниот прв албум ... ја купив касетата уште кога излезе пред околу 25-26 год . Исто така прилично го ценам и Сафизам од САФ .... туку не гледам некој да го спомна досега Да Џака Накот.
 
тука на темава гледам доста no love 4 dzaka :(
ако, Џака самиот си се сака
Џака е фејкерска матна вода млака,
вака, онака, ќе го газам како сакам!
Го удирам со рими како Илија со громови,
фрчат громови, а лажните трпат сломови!
 
Двеиљадита
Автоматски споено мислење:

Џака е фејкерска матна вода млака,
вака, онака, ќе го газам како сакам!
Го удирам со рими како Илија со громови,
фрчат громови, а лажните трпат сломови!
Ова некој стихови од Аго да не беа?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom