Денеска дечиштава од Кл7 искинаја против Тинекс Пролет и тепаа 2 разлика (32-30), на крај лудница беше утакмицата, Ѓоргиев, Симоновски, Ѓоргоски искинаја, исто и голманот имаше јака партија, кај Ѓоргоски се гледа ГОЛЕМ напредок, а мислам дека има само 18 години, си газит момчето, Симоновски пикериште, како се борит против доста посилни и постари играчи, алал да му е.. Солидни беа исто така Буторац, Димоски, Гајиќ, Илиевски.. доста зрел ракомет играат за нивни години, кондициски спремни тата-мата, на секој примен гол форсираат брз центар, типичен скандинавски ракомет, едно големо БРАВО.
Тој шо сакат да ја гледат еве ви линк, сат и пол меч за уживанција
https://www.youtube.com/watch?v=s6qchI7KAu0&ab_channel=RFMHANDBALL