Колкави таленти се овие што ги зборуваме на темава, ако не успеаа да изборат плејоф (со КЛ) во оваа боранија лига?
Еден Ончев се врати во лигава и направи дар-мар, чисто за доказ колкав е квалитетот на лигата, па не може толку лесно да се носат заклучоци за квалитетот на младите.
Вреди да се спомни дека КЛ7 Имаа проблем со повредени играчи, последните утакмици ги играја воглавно со 8-9 играчи во ротација, пример кај Струга на гости кога го имаа (моментално повредениот
Ѓоргиев) извадоја реми, а дома (без него) загубија, гости кај Јуниор беа и без
Петковски (незнам зошто) така да им фалеше малку среќа за во плеј оф јбг, ама сепак позитивно е шо имаа вистина добри игри против квалитетни екипи (Тинекс Пролет, Охрид) и малце разочарувачки пораз против Јуниор (ама овие се сељачана екипа за во прва лига, многу грубо и прљаво играат ги осакатија дома..)
Далеку од то дека имаат таленти
Ала Сагосен во КЛ7, барем јас во првенствово никогаш не сум видел вака млада екипа со 3 играчи по 17 години во прв состав да игра волку зрело, сепак физички сеуште се ситни и инфериорни против 80% од противниците во лигава и сеуште се далеку од нивниот максимален капацитет и затоа најмногу гости ги губат утакмиците.
Како шо рече
@Xsago да се надеваме дека во овие дечки ќе ги имаме новите
Филип Миркуловски или
Наумче Мојсовски, ако излези некоја суперзвезда како
Кирил Лазаров топ, но засега тие се дечките, добро е шо уште на рани години играат со колку толку сериозни екипи (барем доволно сериозни во овај период од нивниот развој), пример ако напреме споредба со
Филип Миркуловски, тој до својата 20та година играше во младинска лига, на 21 год грееше клупа во Металург па следна сезона играше во Младост Богданци (22 години Суперлига) па за на крај да се врати назад во Металург и да почни да игра веќе стандардно на 23 години во наша суперлига, а сепак ко ќе видиме израсна во најдобриот среден бек кој сме го имале.
Во Македонија е правило да касно созреваат нашите играчи, ПОСЕБНО физички, и во ракомет исто секогаш покасно созреваат играчите на пример во споредба со фудбал,
Сагосен, Билик, Мартинович се исклучоци а не правило, генетски предизпозиции немаме како Црно Горците или Хрватите јбг и затоа е добро уште од рани години да се форсираат млади екипи во Супер Лига, па МАКАР и губеле по 20 разлика, само преку тешки утакмици се станвит играч, а не во младинска лига како шо досеа беше случај, па затоа ево и на шо дереџе сме во сениорска репрезентација.
Добро е шо во овие 2002,2003та генерации има реално материјал за работа, посебно кај дечкиве во КЛ7, потенцијал има кај
Ѓорговски, Илиевски, Петковски, Димовски, 2 Метра високиот Пикер 17 годишниот
Марко Стојкович кој воглавно цела сезона играше стандардно во одбрана и тоа доста добро,
Симоновски во напад си гази,само физички ќе треба да поработи,
Ѓоргиев е исто позитивно изненадување, имаме и други млади играчи во други клубови кој треба да се пратат во следниов период ево ке ги спомнам Охрид, Бутел, РК Скопје.. така да добро е шо имаме појќе играчи на квантитет во споредба со некој претходни генерации, пример јас кај играчите на РК Работнички (ЕКС Вардар Јуниор) во никој не гледам потенцијал за нешто појќе од Супер Лигашки играч, максимум ево Романска лига нека е, ко ќе во клучниот развој играш игри Дота 2 наместо да се посветиш максимално на тренинзи тоа ќе ти е резултатот (да не спомнувам имиња сеа), да се надеваме дека нема и кај другиве тоа да биде судбина..
ДАЛИ имаме генерација која ветува медал кога ќе дојди нивно време во сениори? Тешко.. (кога не освојавме буквално шо се вика на домашен терен во Србија медал, мислам дека и тешко дека во следни 5-8 години ќе имаме таква шанса ко таа во 2012) појќе личи на генерација која ќе е на ранг од 6 до 15 место во европа (шо не е лошо кога во последно сите земји вложват во ракомет и конкуренцијата е поголема од порано), добар тест ќе е шампионатот во Скопје против нивни врсници од други земји па ќе видиме како ќе парираат, јас за оваа 2002/2003 генерација сум појќе оптимист од претходните 2000та, 1998.. можда се тука некаде со 1996та во талент, (генерација која реално разочара 96тава после таков резултат на СП во Алжир)..ќе видиме времето ке покаже, сепак е ова само мое мислење базирано на површинско пратејне преку воглавно утакмици од наша лига и некој меѓународни првенства и турнири.
+ Обично појќе глеам оптимистички на работиве
, па за по објективна анализа може
@Chronysync и
@Xsago да напишат доколку сакаат.