Брзо заборавивте дека игравме Лига Европа, со солидни противници кои дури и играле или играат и во Лигата на Шампиони, па стадионот зјаеше празен. Чиста фантазија е да се распродаде стадионот 10 недели по ред, па само за овој натпревар картите се продаваат месец дена, за една недела не би се продале ни 1000 карти.
Друг факт е што 35000 карти се купени од за жал само 3500 луѓе(скоро сите купуваа по 10 тина па и повеќе карти). Доколку има ваква акција не верувам дека секој од нас би можел да одвојува по 1000 ден. неделно или 2000-3000 месечно за секој домашен натпревар да купува по 10тина карти.
Еве ако грешам нека се пушти во продажба стадионот и за наредната домашна утакмица, верувам дека повеќе од 2-3000 карти нема да се продадат.
Спомната е и регионална лига, ама реално дали и тоа ќе пробуди некој поголем интерес? тешко. може ќе има повеќе одколку домашно првенство ама освен со звезда, партизан, динамо, хајдук, со други кои и да се игра повторно нема да се толку атрактивни за да привлечат публика во поголем број.