Amaterasu
123123113
- Член од
- 17 април 2012
- Мислења
- 1.243
- Поени од реакции
- 1.299
Да, најголем проблем е што фирмите не поставуваат јасни стандарди за левелите што ги имаат. Реално поставувањето на стандарди не е лесна работа, па многи си се одлучуваат за стандарадното - 1-2 год junior, 2-5 mid, 5+ senior.@Amaterasu супер објаснето, само некои фирми во очаен обид да вработат и задржат кадар, се расфрлаат со титуливе. Сите сакаат да бидат сениори, кога ќе дојде време за носење одлуки прц, ги нема. Ама битно на прв состанок ќе ти се претстави Здраво, јас сум Петко и сум сениор девелопер.
На крај на ден, не секоја фирма има потреба од квалитетни инженери, некогаш ти се доволни луѓе кои "тераат".
Затоа интервјуата за сениор девелопер се со најголем распон. Од една страна имаш "senior" developer кој 5 години 2 пати во месецот пуштал едно query во банка, а од друга имаш некој кој потршил 5 години работејќи на хардкор ствари, набил страшен domain knowledge и може да ти каже што сонуваат корисниците навечер.
Уште потешко е да најдеш senior со добро развиение програмерски + менаџерски вештини. Имено, тоа е причината поради која има компании кои што не интервјуираат за senior позиции туку вложуваат во својот "подмладок" и сениорите си ги вадат од таму.
Баш така и ова е мислам најголемиот проблем на wannabe senior девелоперите. Кога ќе спомнеш senior, мислат на голема плата, "престиж" и курчење. Ама кога ќе го осетат притисокот и одговорноста што ја имаат, знаат да испукаат, па после криви им се CEO, CTO, менаџерите, тимот, QA, практикантите па дури и чистачите.Сениор е човек што кога работите не одат ко што треба, станува и вика ова е моја вина, требаше тоа и тоа да го направам подобро, и навремено да приметам дека нешто не се направило како што треба. И притоа комплетно ги штити појуниор колегите од било каков притисок. Се друго е само сениор на хартија.