Windows Vista

  • Креатор на темата Креатор на темата torrent
  • Време на започнување Време на започнување
Каква е таа „скриена партиција“, како што ми ја кажаа? Кога го земав лаптопот, го земав со виста лиценцирана, ама не ми дадоа ЦД туку внатре беше инсталацијата и се инсталира во неколку чекори по првото вклучување.
Ме интересира што со таа „партиција“? Што ако не дај боже утре дојде за форматирање, дали ќе можам повторно да го преинсталирам истиот џам, со лиценцата? Како функционира оваа работа...?
 
Цитат од вин 7 темата
Junkie напиша:
Не е бледа копија, односно ако Windows Vista беше и останува какој најлош OS (за фрлање) сега Windows 7 е далеку од лош оперативен без разлика на сличностите во јадрото.

Е не е така... Убаво кажа Дарк Хакер, ако не беше Виста, немаше да има 7ка.

Баш вчера работев на вин 7 (малку доцна ама јебига), и скоро и да нема разлики. Мали се визуелните разлики.
Вистата е ОС кој ја прави вистинската револуција: обновен сигурносен систем, Аеро, Нов драјвер модел (АПИ), посебно за графичките со кој се овозможи DX 10 а сега и DX11, поширока поддршка за хардвер итн.

Win 7 има оптимизирано јадро, малце надограден драјвер моделот за графички, и надоградени графичките библиотеки (тие што ги цртаат прозорците на екран) за целосно да можат да се цртаат преку графичкиот процесор. И поддршки за некои нови технологии. Сигурносниот систем е скоро ист (УАЦ е подновен и има и автоматска елевација).

Vnuce напиша:
Има гласини кои што тврдат дека промените од Виста во 7 се истиот код, само во 7мицата напишан во С++, а Вистата многу повеќе се потпирала на .NET.
Јадрото е секогаш Ц++, а експлорер е исто Ц++, најверојатно преку МФЦ.
Е сега и MFC и COM и .NET нормално се имплеметирани преку WinAPI, за прозорците го користат делот од WinAPI за цртање, GDI и GDI+. Кај Виста GDI делумно одеше преку графичка, а кај 7ката целосно. А кај XP преку процесор.
Повеќето оптимизации во 7ката се на пониско ниво, а не на повиско (од .нет на ц++ натвно).



Еве погоре ги набројав поважните новости во вин 7. Јасно е дека 7ката е подобра од Виста, но разликите не се големи. Прашањето ми е, што беше тоа лошото кај Виста да биди толку омразена, а што е толку добро кај 7ката да го сакаат многу?

Хардверските побарувања... Знам за нив многу ја критикуваа Виста. Ами вин 7 има уште поголеми побарувања. Виста барање 512 МБ рам, 7ката 1ГБ рам. Виста зафаќа 15ГБ на диск, Седум 16ГБ за x86 и 20ГБ за x64.
Како тоа сите се бунеа за Виста, а никој за 7.

Ај да подискутираме за овај ОС на заминување, што се случување со него.
 
Значи тоа не е спорно дека преодот посебно во графичката инфраструктура е во Windows Vista од Windows XP со сите тие имплементации но Windows 7 останува засебен оперативен систем не е сепак Service Pack на Vista.
Значи треба да се разграничи дека се два различни оперативни системи и кога се прави споредба Vista е поспора и користи повеќе рам меморија но таа донесе големи новини како што и кажавте.
 
. Прашањето ми е, што беше тоа лошото кај Виста да биди толку омразена, а што е толку добро кај 7ката да го сакаат многу?

Хардверските побарувања... Знам за нив многу ја критикуваа Виста. Ами вин 7 има уште поголеми побарувања. Виста барање 512 МБ рам, 7ката 1ГБ рам. Виста зафаќа 15ГБ на диск, Седум 16ГБ за x86 и 20ГБ за x64.
Како тоа сите се бунеа за Виста, а никој за 7.

Ај да подискутираме за овај ОС на заминување, што се случување со него.

Eдноставно, покрај и некои други недостатоци на почетокот.....излезе прерано, луѓето т.е. хардверот што го имаа дома не беше спремен за вистата, сега после не цели три години огромен дел си го обновија хардверот така да се во целост спремни за новиот ОС.

Мене еднакво добро ми работат и виста и вин 7.....
 
Eдноставно, покрај и некои други недостатоци на почетокот.....излезе прерано, луѓето т.е. хардверот што го имаа дома не беше спремен за вистата, сега после не цели три години огромен дел си го обновија хардверот така да се во целост спремни за новиот ОС.

Мене еднакво добро ми работат и виста и вин 7.....


Тоа е работата.Сега поголем број од луѓето и компаниите ке преминат директно на 7мицата,ретко сега некој да премине од ХР на Vista.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom