... да кажеме прво што е тоа „скриен шеќер“, т.е. тоа е лабораториски тест кој го покажува просечното ниво на шеќер во крвта (гликоза) во текот на претходните 3 месеци, гликозилираниот хемоглобин (хемоглобин A1c, HbA1c, A1C, или Hb1c) е форма на хемоглобин кој се мери првенствено за одредување на просечната плазматска концентрацијата на глукоза во текот на подолго време и се формира не-ензимски од изложеност на хемоглобинот на плазматската гликоза што при нормални нивоа на гликоза се произведуваат нормални количини на гликозилиран хемоглобин, ... сега ако просечното ниво на гликоза во плазмата се зголемува, фракцијата на гликозилиран хемоглобин се зголемува на очекуван начин што служи како маркер за одредување просечното ниво на гликоза во крвта во текот на претходните месеци пред мерењето,
Прегледај го приврзокот 284076
... сега велиш утринскиот резултат на шеќерот во крвта ти е 7,7 ... и? од едно мерење веќе спаѓаме во дијабетичари? односно сега ќе кажеш „види го скриениот шеќер“ и? што ако си го имала покачен кога за сето тоа има оправдување, што не е поврзано ниту со исхрана, ниту од возраста, ниту наследно како кажуваш самата, туку едноставно ти е т.н. „стресен шеќер“ што најчесто особата го добива со некоја траума, смрт на родител, семејно карање со развод, отказ од работа, стрес кој кај тебе ете како знаеш не е последица од што си го прележала коронавирус, туку стресот што си го имала тие денови за себе и за твоето семејство што ќе биде со вас оти сте се разболеле од К19, и кога ќе помине стресот на све што ти наведов кога особата ќе се опушти ќе се стабилизира и малку покачената вредност на шеќер во крвта кај тебе, зборувам чисто за твој случај, ти си темпераметна особа, но знаеш многу да ставиш при срце што ете дозволи и телото малку да шкрипи,
јас сум сигурна, дека со опуштање брзо ќе се вратиш во нормала,
Прегледај го приврзокот 284079 Прегледај го приврзокот 284080 Прегледај го приврзокот 284081
... секое семејство во својот дом мора да има две основни работи, дигитален апарат за мерење крвен притисок (панасоник дигитален за на рака) и апарат за мерење гликемија со тестови( плусмед), било која незгодна ситуација на зашеметување, слошување ќе се знае веднаш повеќе за причината, кога се мери крвниот притисок и моменталниот шеќер во крвта,
Прегледај го приврзокот 284082 Прегледај го приврзокот 284083 Прегледај го приврзокот 284084
велиш цимет? за да делува циметот како сакаме при намалување на шеќерот треба малку повеќе концентриран, замисли ние само поросуваме цимет над сутљијаш, па може да не чепне стомакот, барем јас во тоа не гледам решение,
... тоа што рече физичка активност, малку повеќе внимание на храна леб, тестенини, ама општо тоа треба да внимаваме без разлика на шеќерот во крвта,
...инаку нашиве освен метформин орално и инсулин толку од дијабетско лечење,
туку гледај ти тоа вредноста на Вит Д дали лабораториски си ја испитала, знаеш дека тоа е многу важно да нема недостиг на Вит Д, за вакви состојби на покачена гликоза во крвта, па дополнително твојата остеопенија!
...ај повторно измери!