Јас само знам дека следните избори (кои сум убеден дека ќе бидат локални + парламентарни за што ќе пишам покасно) ќе бидат најголемиот циркус на сите времиња. Ако нема едно 30 пратенички листи и по 10-15 кандидати за градоначалник во секоја општина. Со константното пропаѓање на СДС, фракционирањето во ДПНЕ, веќе можеби едно 200 000+ гласачи влегоа во игра. Помеѓу уште неколку ново креирани банана партии за да се влечат гласови, фракции на ДПНЕ и СДС во форма на независни листи и кандидати, тук таму некоја чесна нова опција било во форма на партија или независен кадидат и секако мешетарење кај АА,ДУИ и Беса околу кој во каква коалиција да влезе нема да се знае кој ќе јаде кој ќе плаќа.
А убеден сум дека ќе има локални со парламентарни заедно зошто тоа е единствениот начин Заев да остане во контрола. Каква што е ситуацијата во моментот, освен во една шака општини, во сите останати ќе се оди во втор круг зошто никој нема да стигне до 50% во прв круг за локални. Ако ги комбинираат локалните и парламентарните, Заев би можел да го искористи моментот од некаква победа на парламентарните ( макар и со 35-6 пратеника) за да ги привлече клиентелистите и надежните клиентелисти за втор круг локални, а потоа и тој евентуален успех на локалните да го користи како аргумент зошто ете само он треба да состави влада ( најверојатно со ДУИ и некаква ДПНЕ фракција).
Ако поминат локалните само како локални он е мртов политички. Со сегашната распределба на сили, скоро секој општински совет во Македонија ќе нема мнозинство, огромен дел од на Мијалков крилото ќе биде исчистено од ДПНЕ, а СДС ќе загубат најмалку 20 општини. Е сега ако он успеваше да освои победа со 20-30к гласови во ситуација каде ги држи СИТЕ општини во Македонија + е во коалција со сите малцински партии, ВМРО-НП, ДОМ, Павле, БЕСА, итн ... мислам дека е доста јасно што ќе се случи кога ќе ги изгуби Аеродром, Гази Баба, Илинден, Кисела Вода, Велес, итн ...