Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Дали даваат поени на увид ооп за положување или тешко?
Зависи од асистентот и од кодот што си го пишувал. Ама јас би одел за секој случај, се случувало цела задача да ми немаат проверено. Конкретно за ООП, Бобан ми има дадено плус 20 поени на увид бидејќи ми немаше проверено како што треба.
 
Бобан е 8 поени се во прашање :)
 
Бобан е 8 поени се во прашање :)
Кај Бобан се оди секогаш на увид, често знае да дава поени. Барем јас и луѓе што ги знам секогаш сме поминувале добро кај него.
 
За Интернет технологии читам поделени мислења па ако може некој да ми каже негово искуство со предметов, дали е корисен и истовремено лесен (бидејќи се уште немам положено некои предмети од трет семестар па сакам тие да ги исчистам и да не се заглавам со изборните)

Од минатата година и јас го држев предметот, за мојата група на сосема поинаков начин и со сосема поинаква содржина.

Предметот е замислен за развој на апликации контролирани од серверот, а не апликации контролирани од клиентот или интернет пребарувачот - значи пред сѐ серверски и сервисно-ориентиран развој. За клиентско програмирање си има друг соодветен и прикладно именуван предмет, кој не го држам јас.

Наставата тргна од нула, основен HTTP протокол (колку за запознавање), па скриптирање на серверска страна со неколку програмски јазици (пример C, Java, PHP, Perl, Javascript), па постепен развој на целосна веб апликација (од почетни прикази до комуникација меѓу слоеви, пристап до база директно и со ОРМ, автентикација и авторизација преку OAuth - примери со најава преку трети сервиси) и сето тоа со 3 различни технологии (и со Java и со Dotnet) и 3 различни патерни за развој - меѓу кои и MVC.

Часовите ги водев целосно во развојна околина, споено предавања и вежби, 100% практично врз конкретен функционален код, кој постепено се гради до целосна апликација. Објаснувањата се во развојна околина, по можност 0% слајдови. Фалеа часови поради целата ситуација, но предвидени беа и теми за интеграција на апликации, исто практично.

Кај мојата група имаше 100% практични задачи и немаше испит. Задачите беа групен развој на поголем проект и мини индивидуални задачи. Проектите беа со било која технологија, под мое насочување. Постоеше можност да се спои проектот на тој предмет, со проектот од друг предмет (на пример со Бази во зимскиот семестар).

Веројатно е потешко на предмет каде сѐ е проектно и нема испит, но за овој предмет тоа е најдобриот начин, барем според мене.

Информации за проектите што ги водам и по овој и по други предмети има тука: https://develop.finki.ukim.mk/

Контакт и мој личен веб сајт имате во потписот, има таму термини за консултации, повелете ако ве интересира повеќе. Ако ве интересираат предмети од областите Софтверско инженерство и Информациски системи, како и поспецифично поврзано со Бази на податоци, повелете.
Нема да реплицирам повеќе тука за да оставам слободна дискусија (и некој ако сака, слободено да ме критикува :).

За жал, принципот на организација на ФИНКИ ушто од самиот почеток е таков да секој семестар одново се носи одлука кои професори кој предмет ќе го држат. Значи сѐ што ќе прочитате тука за предметите од било кого сфатете го условно, бидејќи професорите може да се сменат.
 
Posle kolku vreme otprilika izleguva uverenie za diplomiran otkako ke gi soberes site prijavi i otkako ke diplomiras i dali davaat zaedno uverenie i diploma , dali moze zaedno da se zemat ?
 
Последно уредено:

Се согласувам за различната организација на предметите зависно професорот, поради тоа читав и позитивни и негативни мислења, секој со своето искуство.
Сепак го запишав предметот бидејќи сметав дека е корисен колку и да биде лошо организиран.

Благодарам за опширниот одговор и се надевам на идна соработка :)
 
Дали може да споделите искуства од бизнис статистика, каков предмет е во однос на тежина и положување.
 
Не е тежок предмет, иако така делува поради многуте формули. Има елиминаторен тест како услов за да одиш на испит или колоквиум, општи прашања од материјалот, ништо посебно. Испитот се полага 3 часа и има доволно време за размислување, решавање и внесување на решенијата. Обично се паѓаат слични задачи па препорачливо е да вежбаш од претходни испити. Ако си решаваш редовно и пратиш вежби нема да имаш проблем.

П.С. Мој совет, не ги изоставај последните лекции, иако голем дел од испитот е од почетните. Може да ти се смачи на средина на материјал, како и на многу други колеги, а многу поени носат задачите поврзани со 8мо и 9то предавање. Лесни се и може да ти извадат оценка.
 
Оди во групата за вис на фб, сега скоро имаше некој поставено збирка задачи решени. Изреши ги сите, ако треба и по 5 пати. Напиши ги сите формули по теми на лист и пробај да разбереш убаво зошто се токму тие за некоја задача.
Според мене материјалот за статистика е полесен, би требало полесно да ги разбереш тие области ако си како мене.
Барај материјали на англиски и српски, има многу видеа на јутуб.
Комуницирај со професорите и асистентите на консултации, тие можат многу да ти помогнат на што да се фокусираш.
Не препишувај во ниеден случај, ќе си ја запечатиш судбината ако те фатат.
Дали може линк од групата? Не можам да ја најдам..
 
Не е тежок предмет, иако така делува поради многуте формули. Има елиминаторен тест како услов за да одиш на испит или колоквиум, општи прашања од материјалот, ништо посебно. Испитот се полага 3 часа и има доволно време за размислување, решавање и внесување на решенијата. Обично се паѓаат слични задачи па препорачливо е да вежбаш од претходни испити. Ако си решаваш редовно и пратиш вежби нема да имаш проблем.

П.С. Мој совет, не ги изоставај последните лекции, иако голем дел од испитот е од почетните. Може да ти се смачи на средина на материјал, како и на многу други колеги, а многу поени носат задачите поврзани со 8мо и 9то предавање. Лесни се и може да ти извадат оценка.
Ти ги даваат и формулите на испит не мора да ги учиш на памет.
 
1612973997299.png

Дали ова во црвената рамка со 2те ѕвездички значи дека ако сум на 3 годишни студии можам да го занемарам Вовед во... предметот и можам да земам изборен?

Истотака ме интересира дали ние лично студентите бираме како ќе дипломираме? На пример, ако исполнам услов од 180 кредити и положени сите задолжителни предмети до тој момент, дали можам да одберам да бранам 3 годишна дипломска?
 
Moze li nekoj da kaze zbor dva za nacin na polaganje na
Diskretna matematika
Objektno orientirano programiranje
Osnovi na sajber bezbednosta
Kompjuterska arhitektura
 
Дали неположените предмети од прв семестар треба да се запишат повторно при електронски упис на втор семестар?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom