Фудбалски трансфери - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Чекајте сега не сум во тек, зошто Реал би дал 20 милиони годишна плата на Алаба кога баш заради пари ако не се лажам се контрат со Рамос за продолжување на нов договор :unsure:
Подобро нека му продолжат на капитенот и нека му кренат плата од колку 20 милиони за Алаба.
 
20 милиони плата во вакво време особено, изгледа кариерата планира надвор од Европа да ја продолжи, мада не сум сигурен дека и по другиве континенти ќе му дадат толку.
 
Чекајте сега не сум во тек, зошто Реал би дал 20 милиони годишна плата на Алаба кога баш заради пари ако не се лажам се контрат со Рамос за продолжување на нов договор :unsure:
Подобро нека му продолжат на капитенот и нека му кренат плата од колку 20 милиони за Алаба.
За што не си во тек, зашто едното со другото нема никаква врска?

Ако не си во тек со ситуацијата со Рамос, моментално Реал му има понудено две годишен договор со 10% намалување на моменталната плата. Рамос не сака да ја прифати, бидејќи сака повеќе пари, ситуацијата е ептен лоша во моментов и поизгледни се шансите на лето дека ќе го напушти клубот.

Ако не си во тек со ситуацијата со Алаба, никаде не пишува дека Реал му понудиле 20 милиони, баш напротив во скликата на @Донев пишува дека баш поради бараната плата од 20 милиони на Алаба доста големи клубови се откажале од него, ништо чудно еден од нив да е баш и Реал.

Иначе ситуацијата со Алаба нема никаква врска со Рамос, не зависи едното со друго, доколку продолжи Рамос нема да се прекине во обидот да се донесе Алаба за нормална годишна плата, исто доколку не продолжи Рамос, не се гледа Алаба како негова замена. Повеќе работите зависат од Варан, отколку од Рамос.

Се надевам дека сега ти е појасно и си повеќе во тек со работите. :)
 
На муабетот излезе шпекулација дека Рамос во Јунајтед е завршена работа, еве и циркузантите од Чирингито најавуваат бомбастична вест поврзана со Реал, гарант е нешто поврзано околу него. :)
 
Мислам дека Јунајтед се користи за да се изврши притисок за нов договор и нова понуда од Реал. Никој од порелевантните новинари што пишуваат за Јунајтед го немаат спомнато Рамос до сега.

Иначе јас не би имал против да го донесат како слободен играч за следна сезона на 2 години договор (или 1+1).
 
28 години има, сигурно бара 4-5 години договор.
 
Само ако го шитнат Мбапе. Не можат да ги задржат двајцата ради финансискиот фер плеј.
Што ќе им направат ако не се придржат до ФФП, ќе ги банираат од ЛШ исто како Сити? :icon_mrgr:
 
Едно не ми е јасно со Рамос , 35 год само 10 % ти имат понудено помалку , више имаш милиони , 15 год во Реал , капитен на кралски клуб , ова што е денеска Рамос е ради Реал , и после толку галама за 1 мил годигшно , затоа го мразам денешниот фудбал(системот) , нема лојалност не се игра за страс .
 
Его другар, его. Некогаш егото е поголемо и од страста и љубовта.
 
И да е его, Рамос е синоним за Реал, оправдано е за него. Кај отиде фудбалот, лојалност, страст можете да пишувате за било кој ама за Рамос не.
 
Едно не ми е јасно со Рамос , 35 год само 10 % ти имат понудено помалку , више имаш милиони , 15 год во Реал , капитен на кралски клуб , ова што е денеска Рамос е ради Реал , и после толку галама за 1 мил годигшно , затоа го мразам денешниот фудбал(системот) , нема лојалност не се игра за страс .

Мислам дека воопшто не е проблемот во парите, Рамос мисли, веројатно со право, дека е посебен во Реал, и бара да биде третиран како таков. Освен тоа, како што прочитав некаде, претседателот на Реал не можел да го смисли агентот на Рамос, па изгледа има многу инает во целиот случај.
 
Со мало задоцнување, Упамекано е добар дефанзивец. Доаѓал од Бундес или од Премиер Лига. По коментариве небаре за Тајтус Брамбл се работи.
Баерн ќе се офајди од него.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom