За што не си во тек, зашто едното со другото нема никаква врска?
Ако не си во тек со ситуацијата со Рамос, моментално Реал му има понудено две годишен договор со 10% намалување на моменталната плата. Рамос не сака да ја прифати, бидејќи сака повеќе пари, ситуацијата е ептен лоша во моментов и поизгледни се шансите на лето дека ќе го напушти клубот.
Ако не си во тек со ситуацијата со Алаба, никаде не пишува дека Реал му понудиле 20 милиони, баш напротив во скликата на
@Донев пишува дека баш поради бараната плата од 20 милиони на Алаба доста големи клубови се откажале од него, ништо чудно еден од нив да е баш и Реал.
Иначе ситуацијата со Алаба нема никаква врска со Рамос, не зависи едното со друго, доколку продолжи Рамос нема да се прекине во обидот да се донесе Алаба за нормална годишна плата, исто доколку не продолжи Рамос, не се гледа Алаба како негова замена. Повеќе работите зависат од Варан, отколку од Рамос.
Се надевам дека сега ти е појасно и си повеќе во тек со работите.