Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
14 август 2006
Мислења
45.475
Поени од реакции
84.905
Значајната количина: 0 вакцини
Ги кријат у подрум у Грчец. Сеа коа одеднаш ќе ви ги плеснат у лице на сите вас неверни Томи, колку ќе се смеам.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.794
Поени од реакции
37.796
taman e, za 3 meseci otkako ke gi upotrebat ovie ke stigne nova tura po gulab pismonosec.... nedaj boze na fajzer da gi dobiea sto imaat rok od 5 dena da se iskoristat.
...погрешно да не те сфатат да се надоврзам, од Фајзер вакцините немаат рок 5 дена, туку кога нивните вакцини ќе се извадат од специјалните фрижидери со температура од -70 С во обичен фрижидер со температура на чување е од 2- 8 С, треба да се искористат за 5 дена, за разлика од Модерна (-20С) која после вакцината може да седи во обичен фрижидер на температура од 2 -8 С, повеќе денови (20дена), затоа е и проблемот на транспортот на истите и распределување во помали кутии од пакуваните 200 вијали во една кутија, а секоја вијала има 5 дози на вакцината и сето тоа треба на -70С,
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Искрено иако не сум ,,обожавател,, на оваа власт, лично сметам дека Филипче е ок тип, способен....кариерист.

Но кој знае каков хаос е таму во министерството...кој се ургира, влегува како шериф, договара тендери без да се консултира....поставува луѓе.....менува....

лично го сметам копитото за главен кривец...не Филипче

тоа е мое мислење
Како бе не е ок, човекот образ ѓон, све што исплука потоа излижа и тоа пред цела јавност... да е ок тип не би воопшто влегувал во некаква комбинација со олошиве на власт, а ако се заебал и влегол во комбинација поради лекомисленост, веднаш кога видел со кого има работа требаше да си даде оставка... али пошто утврдивме дека има образ ѓон сигурно е во некоја дебела комбинаторика и тој па затоа цврсто се држи за минестерување и изигравање дежурен кловн секој ден на тв.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Moжам да се кладам дека една од причините заради која сме ја одбиле рускава, е вољата на извесен процент на наши сограѓни.
Малку не ми е јасно , ние едни од најподготвените за вакцинација според Филипче ќе вакцинираме од 2 000 до 2 500 на ден, а овие Чилеанците планираат 15 милиони од 18 милиони население да вакцинираат целосно до крај на јули. Значи за 6 месеци да завршат цела процедура.
Ние со 2 000 дози на ден ќе ни требаат 2 години да стигнеме до исти процент ко Чиленците. Среќа имаат Чиле што немаат еден од најподготвените системи за вакцинација.
Да ама Чиле не е членка на Нато,а ние сме.Шом сме членка на Нато кој qr ќе ни се вакцини.:confused:Така барем ни кажа Зајман од Муртино.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.819
Поени од реакции
17.034
јасно е дека не ни требат вакцини...политичарите имаат природен имунитет и на криминал , а не па на некое си невидливо вирусче.... мува не ги лазе...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.794
Поени од реакции
37.796
јасно е дека не ни требат вакцини...политичарите имаат природен имунитет и на криминал , а не па на некое си невидливо вирусче.... мува не ги лазе...
... јас мислам дека политичарите веќе се вакцинирани со фајзер вакцина уште минатиот месец, барем така кажа Каракачанов јавно, дека дал некоја количина на вакцини на премиерот кој нормално ги поделил со коалицијата!
ice_screenshot_20210207-202551.jpeg ice_screenshot_20210207-202646.jpeg

... не се сложувам со приоритетот на медицинскиот персонал во вакцинирањето според овие фази, матичниот лекар не беше толку во ризик како стоматологот, кој дури не смееше да работи за време на пандемија поради поголем ризик на инфекција, можеше ли преку телефон да лечи заб како матичните?
... при инфекција на заб, болка до мозок, една неиздржлива ситуација која не може да се санира со ниеден лек ако директно стоматологот не реагира на забниот нерв и тоа стоматологот работи во близина на устата на пациентот до 20 см одалеченост, поголем ризик од инфицирање на потенцијални носители на коронавирус здравје, не знам зошто истиот е во втората фаза, треба да си ги сменат местата со матичниот лекар да биде во втора фаза, а стоматологот во прва фаза!
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
10.402
Поени од реакции
18.558
Најбоље братов да прекине да тресе глупости. Го најавуваа леков како некакво чудо врз база на научни студии, демек еве дојде спасот. Се користел во Виетнам, не знам каде на друго место ама не го промовирале зашто е ефтин. Се користи и во бразил уште од Мај па глеам според бројките колку им помогнал.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517

гомна се MERCK

Тврдењата на Мерк се во тотална контрадикција со систематските рецензии и мета-анализи на три групи независни научници. За разлика од Мерк што излезе со три реченици непоткпрепени тврдења, другиве доктори се потрудиле да направат темелни анализи на постоечката литература. Секој доктор и фармаколог нека си направи сопствена проценка за тоа чии анализи се поверодостојни:

1. Десет американски професори по критична нега со збирно 200 години професионално искуство и 2000 медицински публикации во својата професионална и академска кариера напишаа труд со систематска рецензија на сите студии за ивермектин против ковид. Трудот е неодамна прифатен за публикација во Frontiers in Pharmacology и деновиве треба да излезе во печат (апстрактот е овде: https://www.frontiersin.org/.../fphar.2021.643369/abstract). Значи, овие автори не се рандом лекари и нивната систематска рецензија на литературата за ивермектин vs. ковид е peer-reviewed и во следните 10-тина ќе биде објавена.

2. СЗО има формирано програма наречена ACT-Accelerator (https://www.who.int/initiatives/act-accelerator/about) фокусирана на третмани за COVID-19. ACT-Accelerator ангажираа тим од истражувачи-консултанти да спроведат глобална систематска рецензија и мета-анализа на сите рандомизирани клинички испитувања на ивермектин против COVID-19.
Dr. Andrew Hill (Department of Pharmacology, University of Liverpool) го води истражувачкиот тим ангажиран од СЗО и неодамна ја презентираше мета-анализата спроведена на досегашните 18 рандомизирани контролирани испитувања со вкупно над 2200 пациенти.
Прелиминарниот извештај: https://www.researchsquare.com/article/rs-148845/v1
Цитат од неодамнешна статија во Financial Times посветена на овој извештај:
"“The purpose of this report is to forewarn people that this is coming: get prepared, get supplies, get ready to approve it,” Dr Hill said. “We need to be ready.”" (линк: https://www.ft.com/.../e7cb76fc-da98-4a31-9c1f-926c58349c84)
Линк до презентацијата на извештајот: https://youtu.be/eu61dtsSLrk

3. Д-р Tess Lawrie - британска докторка чиј консултантски тим спроведува систематски рецензии и мета-анализи на студии за разни лекови и терапии како поддршка на здравствените политики на национални и глобални здравствени тела. Но, не и за фармацевтски компании.
Нејзината мета-анализа за ивермектин вклучила и проценка на ризикот за пристрасност на секоја од студиите според Cochrane Handbook for Systematic Reviews of Interventions and the ROBINS-I tools for RCTs and OCTs. (линк: https://b3d2650e-e929-4448-a527-4eeb59304c7f.filesusr.com...)
Заклучоците на оваа мета-анализа се:
- Ивермектин е високо-ефективен во сите фази на ковид-19 вклучително и како профилакса.
- Следните студии со ивермектин НЕ СМЕАТ да имаат плацебо група бидејќи плацебо пациентите би биле свесно оставени на многу поголем ризик од смрт.
- Единствено што останува да се определи во следните студии е наоѓањето на оптималните дози за секоја фаза од болеста и дали терапијата да биде само со ивермектин или заедно со други лекови и/или суплементи (на пр. доксициклин, витамин Д, Ц, цинк, итн.).
 
...сите студии се финансирање од некого, ниеден доктор нема да прави анализи и спроведува систематски рецензии без пари од чиста мира, ангажираниот тим од СЗО е финансиран, програмите на СЗО се финансирани денес недно медицинско лице не работи без финансиски средства и да сака ниту има можност без финансиска поткрепа, ниту има време за губење без финансиски бенифит, парата го врти светот, па и ,,вистината,, ,
 
Тоа е точно, само што има врска со приказнава. Битно е дека има студии.

Мерк е позната компанија која нема никаков обзир кон здравјето на пациентите. Ако има финансиски бенефит продавала многу поштетни лекови и вакцини, па така ќе продава и Ивермектин ако ѝ се исплати. Интересно е што Мерк го има произведено овој лек и го држи патентот за него.

Што е проблемот?

Ивермектин кошта 20$, а новите лекарства од Мерк коштаат 2000$.

За Коронава веќе има ефикасни евтини лекови, само требаат уште.
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.794
Поени од реакции
37.796
...студиите се насочува според желбата на финасиерот, а тој биди сигурен има поинаков интерес што не значи ,,човеково здравје,, туку златниот сјај на парите, не знам од каде тоа да Мерк нема обзир кон ,,здравјето на пациенти,, нивниот бренд на лекови има голема разлика со друга генерика од други фирми и тоа токму пациентите ќе ја кажат разликата, пази таа е најстара компанија со традиција, лабораториските реагенси и други хемикалии од нив значи висок квалитет не како други и мислам тука грешиш и не знам што толку со ивермектин, тој како антипаразит начинот на делување е ист кон паразити, глисти, тении што не би ги користиле и другите лекови од таа гупа? само затоа што нема студии?

1612738657320.png 1612738767348.png 1612738942148.png
 
Прегледај го приврзокот 283029 Прегледај го приврзокот 283030 Прегледај го приврзокот 283031
Sales over safety, тоа е мотото на Merck. Види полн е интернетот со судски постапки против компанијата, исто како и против Фајзер.

Да отфрлаш испитувања спроведени од различни страни, кои и не се поврзани меѓусебе не е во ред. Мерк нема никакви студии, ниту има потврдени факти за тоа што го тврди.

Иначе дали и како помага овој лек, тоа е само од искуства добиени при користење. Зошто другите антипаразитски лекови не помагаат, ваљда никој нема пробано да испитува.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.819
Поени од реакции
17.034
...Што е проблемот?
Ивермектин кошта 20$, а новите лекарства од Мерк коштаат 2000$.

За Коронава веќе има ефикасни евтини лекови, само требаат уште.
е баш тоа е проблемот.... не само кај К19 туку и кај лекови за други болести...
2015 и блгарската Софарма ја повлече атропабеладона, ама набргу французите кој инвестираа таму почнаа да пласираат хомеопатски лекови со атропа беладона, ама истите се 10х поскапи
.. а и во сите сфери на бизнисот... се забранија коли и бела техника што не се расипуваат и траат долго.... нема бизнис таму
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517
Гледам последно има бајги муабети за вакциниве и за тоа што заостануваме во тој поглед.

Во моментов во вакцинација водат Британија, САД и Израел. Израел си ги плати вакцините за $47 (инаку $20) и тоа пред сите други да почнат да прават нарачки. Плус ветиле дека ќе им ги дадат сите податоци на Фајзер во врска со вакцинацијата на населението. Потоа следат Британија и САД кои склучија договори навреме со Фајзер за купување на вакцини. Толку за набавката за вакцини.

Сега зошто го направија сето тоа.

Британија и САД откако направија хаос со начинот на справување со Короната, се со цел да спречат рецесија, пад на БДП и ограничување на слободите и правата на граѓаните, на крај се најдоа во ситуација да имаат голем пад на економијата, јаки рестриктивни мерки со ограничување на слободата, со голем број на заболени и мртви. Така трката за набавка на вакцина се сведува на фактот што овие земји ја фрлија сета стратегија во броба против вирусов на картата за вакцинација, надевајќи се дека барем една работа ќе направат како што треба и ќе излезат лидери во светот во справување со Ковид-19.

Ама вирусов е карма, за секој што се заебава со него, па повторно им ги еба плановите. Реалноста е дека вакциниве слабо се справуваат со мутациите, посебно со Бразилската и Јужно Африканската. Така да во моментов и покрај огромниот број на вакцинирани и САД и Британија, повторно се во опасност од раст на заболените и бројот на мртви.

Израел иако вакцинира турбо, сепак имаат пораст на заболените, покрај големиот број на рестриктивни мерки т.е. локдаун.

Така да реалноста е тоа што се зборуваше на почеток, вакцините ќе бидат само една од методите во справување со вирусов, ама не се единствено решение.

Сега засега едиствено добро решение излезе тоа на Кина, Виетнам, Нов Зеланд и Австралија.

И за крај, во наредниве два месеци ќе има многу голем број на податоци за вакцините. Од Британија за среќа со нивната лудост за вакцинација, ќе имаме голем број на податоци затоа што тие започнаа да експериментираат со зголемување на периодот на ревакцина на Фајзер од 3 недели на 8 недели, мешање на една доза од Фајзер со друга доза од друг производител и посебно битно ќе биде тестот за тие што биле болни од корона да добијат само една доза од Фајзер што ветува многу добри резултати од можеби 100% заштита.

Воедно Израел тестира на 16-18 годишни, па и за тоа ќе имаме информации.

Нашиве т.е. Филипче треба да престани да изиграва кловн и ако ништо друго можеше да излези и да кажи дека ветени ни се вакцини од ЕУ, но ЕУ не секогаш ги исполнува своите обврски кон Македонија, па ние треба да бараме и други доставувачи. Тоа ќе имаше и добра политичка порака.

Вакциниве од Астра Зенека ако се гратис треба да ги препродадеме ако некој сака да ги купи, ако се за пари тогаш треба да ги одбијаме, затоа што пет пари не вредат. Треба под итно да се прават договори за набавка на вакцини и тоа од Curevac таа вакцина треба да биде најнапредна mRNA вакцина и завршуваат со тестирање, така да добар момент да ја земиме. Воедно треба да се прават договори со Астра Зенека и Модерна за верзијата која ќе ги покрива и мутациите. И се разбира најитно да се ургира кај Србиве да земиме нешто од руската Спутник. Таа ќе биде добра за почеток и за моменталнава муатција што хара кај нас.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom