ИТ фирми и пракси во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата StaticStupid
  • Време на започнување Време на започнување
Малце глуп муабет, не го разбирам.
Секако дека фирмата мора да има профит, секаде во свет се продава трудот Х пати поскапо отколку што те плаќаат тебе.

Колку да биде плата за некој на кој му е прво работно искуство?
Зашто се споредува со општа работа?
Зашто не се земе во предвид потенцијалот за растење и напредување? Како продавач во Кам ќе станеш шеф и ќе земаш колку?

Како почетник за 2-4 години можеш да догураш лесно до мид или сениор (според наши стандарди) позиција со одлична плата
Сите сакаат одма 1,000 евра а не знаат AOT да отворат.

Сите ќе стигнете до убава сума ако се посветите, преземате ризици и напредувате.
 
^ Тројца спомнавте дека плата од ~800 долари е екстремно ниска, па ме заинтересира, не сум имал таква перцепција. За човек со ~2 годишно работно искуство колку би била нето плата (со платени придонеси, пензиско, комплет). Претпоставувам не повеќе од 1000 евра или грешам?
800 долари бруто е 27500 денари нето што е плата на интерн. Јуниорите се околу 200-300 евра во нето износ над тоа. Што значи околу 1150 евра (1400 долари) бруто.
 
И сега да се вратиме во реалноста. Ова се некои пореални бројки

Значи си кажа 800$ вкупно се, тоа е малку. Нето ќе зема 400 до 500 долара, што е минималец, боље нека проба друга професија ако 20.000-30.000 му се доволно.

Zaso druga profesija ako 25 30k mu e dovolno? Kade sto moze da napreduva mnogu pobrzo odosto vo bilo koja druga?
 
И сега да се вратиме во реалноста. Ова се некои пореални бројки

Реалноста е дека највисоката .НЕТ плата во државава е 75.000 денари? :pos:
 
Zaso druga profesija ako 25 30k mu e dovolno? Kade moze da napreduva mnogu pobrzo odosto vo bilo koja druga?
Ќе напредува ко фриленсер? И ако работи ко фриленсер зошто директно не се договара со клиентите или не го најми фирмата од странство?
Реалноста е дека највисоката .НЕТ плата во државава е 75.000 денари? :pos:
74,688.00 MKD (highest average, actual maximum salary is higher)
 
Ахам, значи просек од највисоките плати во .НЕТ е 1200 евра? Дај бе контролирај се малце, ќе го стрефи некој срце од вицевиве. :pos:
 
Реалноста е дека највисоката .НЕТ плата во државава е 75.000 денари? :pos:

Нема шанси ова, лесно се манипулира со бројките тука.

Во секој случај, просечно ако се земе твоите бројки беа малку повисоки, или пак се земени од поголемите ИТ компании кај нас (Ендава, Сивус, нетцетера итн).

Во пракса, сите ИТ компании ако се земат, просечните се помали.

Моето искуство е вакво:

Почетна плата 22к - 30к
Јуниор 30к - 50к
мид - 50к - 90к
сениор 90к+ и нема лимит
 
Ајде пресметај бруто од 40к. :)
 
Малце глуп муабет, не го разбирам.
Секако дека фирмата мора да има профит, секаде во свет се продава трудот Х пати поскапо отколку што те плаќаат тебе.
Точно, затоа цинцарење за 100-200 евра на тие суми е смешно.

Зашто се споредува со општа работа?
Заради тоа што за едното не треба квалификации, за другото години учење, усовршување, ризикување... за приближно истата плата?

Колку да биде плата за некој на кој му е прво работно искуство?

Прво работно искуство е многу груба формулација за сето она што се бара. Да, реално е прво работно искуство, ама тоа не ја опфаќа целата РАБОТА пред првото работно искусто. Со тој тест каде за 3 дена треба да го завршиш целиот тој проект со сите тие побарувања, докажуваш дека ти си веќе прилично спремен за работа. Фирмата веднаш ќе види ќар од тебе и нема да троши месеци за да те обучува туку да те доусовршува.

Да е 500 евра почетна плата за џуниор во компанија со пензиско и здравствено каде ќе учиш, каде прогресот полека полека ќе се наградува на неколку месеци-немам проблем. Работата е што како фриленсер имаат минимални обврски, тупни му ја работата и готово. Каде е потенцијалот за напредок како фриленсер? Тој потенцијал и онака го имаш. Истотака прашање е дали како фриленсер напредокот понатаму пропорционално ќе ти го вреднуваат или ќе биде дај друго дете.

Гледам постираше плати по нивоа и мислам дека сме тука негде со размислувањата, само што не ги земаш во предвид придонесите и некои од мааните на фриленсер.
 
Ајде пресметај бруто од 40к. :)

Да да, 27.500 е тоа.

Повеќе мислев за делот кај што јуниорите се 200-300 над тоа или таа 1150евра бруто што ја спомна
И тоа е точно меѓутоа јуниор што зима 800 евра нето плата е веќе блиску до мид и дава малце нереална слика.

Целиот муабет ми е мене повеќе за почетниците и прво вработување (еве и нека е како јуниор).

Инаку имам спомнато и порано, мислам дека голем дел од погрешната перцепција ја даваат овие 20тина академии со муабетот стани програмер за 3 (6) месеци и земај 1000 евра плата и работи од Малдивите.
 
Првичната цифра беше 700 до 800 долари бруто, а доларот стана 50 денари, за сите тие побарувања. Затоа верувам дека поголемиот дел од нас така изреагираа
 
Да да, 27.500 е тоа.

Повеќе мислев за делот кај што јуниорите се 200-300 над тоа или таа 1150евра бруто што ја спомна
И тоа е точно меѓутоа јуниор што зима 800 евра нето плата е веќе блиску до мид и дава малце нереална слика.

Целиот муабет ми е мене повеќе за почетниците и прво вработување (еве и нека е како јуниор).

Инаку имам спомнато и порано, мислам дека голем дел од погрешната перцепција ја даваат овие 20тина академии со муабетот стани програмер за 3 (6) месеци и земај 1000 евра плата и работи од Малдивите.
Па муабетот го отворивме за јуниор со 2 години искуство во енгулар. Што е блиску до мид. Плус дечкото праша за фриленс. Вака оди мојата пресметка за фриленсер:

1. Колкава плата би земал во нормална компанија со 2 години искуство? - Нека биде 800 евра нето, песимистички.
2. 800 евра нето = 72500 денари (1150 евра) бруто (од тука ги спомнав тие 1150)
3. +10% затоа што кога сум фриленс контрактор имам дополнителни глупости (треба да се мачам сам да регистрирам приходи, да плаќам осигурувања, опремата е моја, трошоци за хом офис) 1150 + 10% = 1260 евра месечно.
4. +10% затоа што како фриленс контрактор договорот може да ми заврши било кога. И ако паузирам месец-два измеѓу една и друга работа, ми отишле помеѓу 10% до 20% од плата годишно. 1260+10% = 1390.

Или во превод, за секаков договор што е под 1400 евра месечно, на крај памет не би ми паднало да работам фул тајм фриленс. (Патем, не теоретизирам, сум работел и едното и другото) Повеќе ми се исплати да се вработам за 800 евра во фирма.
 
Јас те разбрав јуниор земал 1200 евра плата нето.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom