Да да, 27.500 е тоа.
Повеќе мислев за делот кај што јуниорите се 200-300 над тоа или таа 1150евра бруто што ја спомна
И тоа е точно меѓутоа јуниор што зима 800 евра нето плата е веќе блиску до мид и дава малце нереална слика.
Целиот муабет ми е мене повеќе за почетниците и прво вработување (еве и нека е како јуниор).
Инаку имам спомнато и порано, мислам дека голем дел од погрешната перцепција ја даваат овие 20тина академии со муабетот стани програмер за 3 (6) месеци и земај 1000 евра плата и работи од Малдивите.
Па муабетот го отворивме за јуниор со 2 години искуство во енгулар. Што е блиску до мид. Плус дечкото праша за фриленс. Вака оди мојата пресметка за фриленсер:
1. Колкава плата би земал во нормална компанија со 2 години искуство? - Нека биде 800 евра нето, песимистички.
2. 800 евра нето = 72500 денари (1150 евра) бруто (од тука ги спомнав тие 1150)
3. +10% затоа што кога сум фриленс контрактор имам дополнителни глупости (треба да се мачам сам да регистрирам приходи, да плаќам осигурувања, опремата е моја, трошоци за хом офис) 1150 + 10% = 1260 евра месечно.
4. +10% затоа што како фриленс контрактор договорот може да ми заврши било кога. И ако паузирам месец-два измеѓу една и друга работа, ми отишле помеѓу 10% до 20% од плата годишно. 1260+10% = 1390.
Или во превод, за секаков договор што е под 1400 евра месечно, на крај памет не би ми паднало да работам фул тајм фриленс. (Патем, не теоретизирам, сум работел и едното и другото) Повеќе ми се исплати да се вработам за 800 евра во фирма.