Хаха,
Бидејќи ова е адресирано до мене да ти одговорам.
Како прво сум Македонец со мајчин јазик македонски.
Како второ немам ароманско потекло, само една четвртина од потеклото доаѓа од село кое е обележано во етнографски карти како поранешно влашко село иако меѓу населението нема спомен за такво нешто.
И како трето, овој дедо за кој што кажував дека не ги сака Бугарите не е од селото кое е демек бившо влашко, т.е од чисто славофоно село во Грција.
Туку остај го ти дедо ми. Хејтањето Бугари нема да и донесе ништо добро на оваа држава и овој народ овде. Југославија веќе ја нема а границата со Србија се сведе на 62 км. На овој народ му треба голем брат бидејќи таква каква што е не може да опстане, тоа и на малите деца им е јасно. А Албанците но под разно не би прифатиле идна федерација со Србија. Лошата геостратешка положба на линија Србија-Македонија ќе се одрази негативно на идна федерација помеѓу овие две држави. Источната граница пак е долга и стратешки многу поповолна бидејќи таму живее чисто православно македонско население. Ако Македонците не се опаметат следува постепено губење на територијата од страна на Албанците кои ја оставија настрана воената опција со оглед на тоа што УСА стои позади нив кои пак имаат геостратегија словенскиот елемент постепено исчезне и изгуби што поголема територија на Балканот како би се намалила можноста за руско влијание овде. Овој план не е од вчера. Поради алчноста на небесните Срби во балканските војни, Егејска Македонија беше загубена за Словените и таму Грција веќе спроведе етничко чистење прво со размена на населението а после со економски мерки или подобро речено неекономски мерки бидејќи таму каде што живее славофоно население најмалку се вложува. Сега на удар е денешна Македонија и веројатно и се пишува црно како што одат работите а Бланко ќе треба да учи Албански во иднина и да се прекрсти во Арбен.