Неисплатените плати присилно ќе се префрлаат на сметките на работниците
Супер, а каде да се обратат фирмите на кои им беше одобрена финансиска помош, а сеуште немаат исплата? Правиме муабет за исплата на октомври, ноември. Не јануари. Никој нема информации, УЈП вели, цитирам:
"Знаете дека на крај година мора да се срамнат сметките и трезорот за да одпочне со исплата на средствата.
Заради тоа Ве молам бидете стрпливи, бидејќи наскоро ќе почне исплатата од Влада."
Вие како даночни обврзници треба да имате само трпение, занемарете ги и опомените од УЈП за неисплатена плата и фактот што најверојатно ќе ве објават на некој од тие списоците и цела земја ќе мисли дека сте измамник. Но без грижа, УЈП вели СТРПЕТЕ СЕ.